Изјави од победниците и губитниците на квалификациите за Големата Награда на Катар.
ПОБЕДНИЦИ
Луис Хамилтон, П1: "Многу сум задоволен од квалификациската сесија. Вчера ми беше тешко, не се чувствував добро во четврток или петок, а потоа се мачев на тренинг сесиите."
"Mорав да работам напорно, до доцна синоќа работевме со инженерите и најдовме многу области за подобрување. Денес се чувствував фантастично и ноќеска спиев многу добро, што направи голема разлика."
"Направивме некои промени за T3 и се чинеше дека тоа функционираше, а јас можев да го пренесам тоа во квалификациите. Последниот круг беше едноставно прекрасен, оваа патека е неверојатна за возење и многу брза, сите свиоци се поминуваат со средна и голема брзина."
"Во однос на трката, немаме големо искуство на оваа патека, но мислам дека нема да биде лесна патека за следење на болидот пред себе."
"Исто така, нема голема деградација на гумите, па може да имаме трка едно или две застанувања, ќе дознаеме утре."
"Има пристојна дистанца до првиот свиок, кој е доста широк, така што ќе треба да дадеме сè од себе на стартот."
Пјер Гасли, П4: "Јас сум многу среќен со квалификациите, тие беа прилично неверојатни и ние повторно сме веднаш зад Мерцедес АМГ и Макс, што е одлично."
"Возев уште побрзо во последниот круг, подобрувајќи се за една и пол десетинка, но поминав над рабниците во 15-от свиок и го загубив предното крило, кое потоа ја дупна предната десна гума."
"На крајот на денот, сепак беа навистина силни Квалификации и ние сме во добра позиција за утре. Болидите на Алпин се прилично блиску, па мислам дека тоа ќе биде уште една интензивна битка во трката."
Јуки Цунода, П8: "Мислам дека денес имав добри квалификации и среќен сум што утре ќе започнам од П8. Жалам што морав да жртвувам дополнителен сет на црвените гуми за да ја поминам Q1 сесијата, што значеше дека ги немав за Q3, но сепак сум задоволен од тоа како помина денешниот ден."
"Сметаме дека ќе биде тешко да се престигне во трката, така што стартот ќе биде клучен, но позитивното е што сите сме во иста позиција, бидејќи никој досега не возел овде. Ќе се подготвиме најдобро што можеме, па ќе видиме што ќе се случи утре на трката."
ГУБИТНИЦИ
Серџо Перез, П11: "Ова беа луди квалификации за мене, мислев дека сме конкурентни и по Т3 бевме уверени во промените што ги правевме. Имавме сè при рака за да имаме силни квалификации, но не испорачавме кога беше важно."
"Го променивме нашиот пристап со подготовката на гумите во вечерните услови и не можевме да ги одработиме круговите што ги сакавме, имав голем сообраќај и излегувањето во Q2 е цената што ја плативме."
"Штета што не успеавме, но сега со нетрпение го очекуваме утрешниот ден. Мислам дека без тој проблем темпото го имавме, така што не гледам причина да не можеме да се бориме утре."
"Беше разочарувачки ден, но неделата е она што е важно и се надеваме дека ќе успееме да ја минимизираме штетата. Се надевам дека ќе бидеме силни и кога ќе излеземе патеката ќе успееме да напредуваме низ гридот."
Чарлс Леклер, П13: "Дефинитивно, ова беше неочекувано. Ако некогаш сум надвор од темпото, знам дали тоа се должи на неправилниот баланс или поради тоа што направив грешка. Но, денес тоа не беше случај."
"Никогаш не почувствував дека гумите се во вистинскиот работен прозорец и цело време се лизгав наоколу, ограничен поради недостатокот на грип. Згора на тоа, оштетувањето на шасијата предизвикано од рабниците во Q1 секако не помогна!"
"Затоа, морам да седнам со тимот и внимателно да ги анализирам сите податоци за да видам дали нешто значајно не функционираше правилно и дали може да се подобри."
"Имаме многу работа пред нас, особено за нашите механичари и утре нема да биде лесна трка. Се надеваме дека можеме да ja искористиме предностa на слободен избор на гуми."
Даниел Рикиардо, П14: "Очигледно не е одлична сесија во однос на позицијата. Би сакал да бидам поконкурентен, но само се борев да ги најдам последните десетинки. Се чинеше дека ако се обидам да ги најдам, ќе добијам малку тука, но ќе го изгубам во следниот дел од свиокот."
"Дојдов до мал ќорсокак со тоа каде можам да се подобрам. Значи, некои работи треба да се погледнат уште еднаш и да се работи и да се види каде губевме време. Мислам дека едноставно секаде по малку."
"Немав некои големи грешки, само недостасува дополнителна половина десетинка во некои свиоци. Ќе се обидеме да направиме нешто утре од каде што стартуваме. Имаме избор на стратегија, но очигледно сме многу далеку. Ќе видиме што ќе смислиме вечерва."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО КАТАР
11/20/2021 09:37:00 PM
0
Share to other apps
