Со откажувањето на трките во Австралија и Јапонија, понудата беше прифатена од страна на раководството на Формула 1. Меѓународната патека Лосаил, која е лоцирана во близина на главниот град на земјата, Доха, беше изградена за една година. За да се запази рокот, илјадници работници работеа деноноќно, а отворањето на патеката и првата трка се одржаа на 2 Октомври 2004 година.
Лосаил е релативно тесна патека првенствено наменета за трки со мотоцикли, на која доминираат брзи и медиум свиоци. Формула 1 болидите кои имаат со чувствителна аеродинамика значи дека престигнувањето ќе биде тешко изводливо, а како единствено погодно место за борба за позиција е километарскиот правец и сопирањето пред првиот свиок.
Стартно/целниот правец е надополнет со шеснаесет брзи свиоци кои наизменично преминуваат од еден во друг, при што гумите ќе работат интензивно и брзо ќе се трошат. Традиционално, тимовите ќе треба да го најдат вистинскиот компромис помеѓу потисната сила и брзината.
Макс Ферстапен во Катар пристигна како лидер во шампионатот со 14 поени разлика пред Луис Хамилтон, но трката во Сао Пауло неочекувано ги изедначи шансите, но поверојатно ги зголеми на страната на Британецот.
Неверојатната победа, но пред се леснотијата со која ги минуваше останатите болиди на патеката беше импресивна, но и разочарувачка за неизвесна борба за Титулата. Трендот продолжи и на Лосаил, со лесно освојување на Пол позицијата, една од клучните сесии за исход на денешната трка.
Мерцедес АМГ на правците е супериорен, а бавните свиоци, каде болидите на Ред Бул традиционално се побрзи, речиси и да ги нема во конфигурацијата на патеката Лосаил.
Оптималната стратегија за трката за Големата Награда на Катар, која се состои од 57 круга, би требало да биде со две застанувања во бокс. Најдобрата варијанта на хартија би вклучувалапочетен стинт на жолтите гуми, проследен со стинт на белите и последен стинт повторно на жолтите гуми.
Блиску до оваа варијанта е почетен стинт на црвените гуми, проследен со два стинтови на жолтите.
Сите три смеши би можеле да се користат и во алтернативни варијанти на оваа стратегија со две застанувања во бокс, на пример ЖОЛТИ-БЕЛИ-ЦРВЕНИ, но најверојатно тие ќе бидат побавни. Како и секогаш, сите овие варијанти може да се одвиваат по кој било редослед.
Со оглед на тоа што Лосаил е сосема ново место на одржување трка, тимовите и Пирели немаат доволно податоци, со тоа што две од трите тренинг сесии не се одржаа во репрезентативни услови.
Како резултат на тоа, тимовите сигурно сè уште не ја виделе целосната слика и сè уште може да има некои изненадувања, особено ако температурите на патеката се пониски. Сепак, сè уште не се препорачува да се користи едно застанување во бокс, само затоа што се чини дека абењето на предните гуми е доста високо.
Во Q2 сесијата од квалификациите, која ги одредува почетните гуми за трката, возачите на Мерцедес АМГ, Ферстапен од Ред Бул и Карлос Саинц Јр. од Ферари ги поставија своите најдобри времиња на жолтите гуми, иако вкупно осум возачи се обидоа да го сторат тоа.
Ова значи дека шест возачи од Топ 10 пласманот на квалификациите ќе стартуваат на црвените, останатите на жолтите. Асфалтот на патеката Лосаил е помазен од очекуваното, но сепак со добро ниво на грип, со голема еволуција на патеката во текот на секоја сесија.
Затоа Хамилтон беше побрз во Q2 со жолтите гума отколку во Q1 со црвените, пред повторно да се подобри со црвените во Q3. Температурите останаа конзистентни, околу 26 степени и 28 степени на асфалтот во текот на квалификациите, а слични услови се очекуваат и за денешната трка.
Марио Изола, Пирели: "Еволуцијата на патеката е доста висока, без трки за подршка на распоредот, што значеше дека ги видовме најбрзите времиња на крајот на квалификациите, додека некои времиња на жолтите пневматици во Q2 беа побрзи од времињата на црвените во Q1."
"Само со кратки стинтови во квалификациите, тимовите можат да се потпрат само на Т2 за релевантни податоци, што е од клучно значење кога станува збор за формулирање на стратегијата."
"Под овие предизвикувачки околности тие ќе сакаат да ги задржат своите опции што е можно поотворени, поради што претендентите за шампионатот избраа да стартуваат на жолтите гуми."
"Сепак, како што покажа Q2, не беше лесно да се помине сесијата на истите, така што сме подготвени за интересна мешавина на стратегии со многу фактори сè уште релативно непознати."
Во 5 до 12 стјуардите решија дека Макс Ферстапен поради непочитување на двојни жолти знамиња е казнет со 5 стартни позиции, додека Валтери Ботас заработи казна од 3 стартни позиции. Карлос Саинц Јр. е ослободен од вина.
| ГОЛЕМА НАГРАДА НА КАТАР СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 2. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 3. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | |
| 4. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 5. КАРЛОС САИНЦ Јр. - ФЕРАРИ | |
| казна за непочитување жолто знаме | 6. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ |
| 7. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | казна за непочитување жолти знамиња |
| 8. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | |
| 9. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | |
| 10. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 11. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ | |
| 12. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 13. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 14. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН | |
| 15. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 16. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 17. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 18. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 19. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
| 20. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|
