Холанѓанецот финишираше втор, при тоа забележувајќи го најбрзиот круг за дополнителниот еден бод.
Фернандо Алонсо заврши како трет со својот прв пласман на победничкиот подиум по 2014 Унгарија ГП.
За две недели борбата ќе продолжи во Саудиска Арабија, каде Формула 1 ќе има комплетно нова патека во Џеда.
Макс Ферстапен дојде во Катар како лидер во шампионатот со разлика од 14 поени, на три трки до крајот на сезоната. Големата Награда на Катар ја заврши втората низа од три последователни трки оваа сезона, но надвор од патеката борбата не престана ниту една минута.
Се слушнаа меѓусебни обвинувања на Ред Бул и Мерцедес АМГ за кршење на прописите, нејаснотијата со правилата долеа масло на огнот. На тренинг сесиите Ботас беше најбрз, но, како и секогаш во квалификациите Финецот беше само трет. Луис Хамилтон до Пол позицијата стигна лесно, речиси половина секунда пред Ферстапен.
На крајот од квалификациите се појавија жолти знамиња поради инцидентот на Пјер Гасли. Неколку часа подоцна, стјуардите забележаа три инциденти за кои мислеа дека вреди да се истражуваат. Макс Ферстапен го подобри своето време во област на двојно жолто знаме, а Ботас и Саинц Јр. не забавија доволно во сегментот со развеано жолто знаме.
Сите одлуки беа одложени за недела наутро, така што прелиминарната верзија на стартниот поредок не беше објавена со час и половина пред стартот, иако прописите ја обврзуваат ФИА таа да биде објавена четири часа пред стартот. Како резултат на тоа, Ботас загуби три позиции на стартот, Ферстапен пет, а Саинц Јр. не беше казнет, ја симнал ногата од педалата за гас.
Од првиот ред стартуваа Хамилтон и Гасли, од вториот Алонсо и Норис, од третиот Саинц Јр. и Ботас. Ферстапен ја започна трката како седми. Хамилтон, Саинц Јр., Ботас, Ферстапен, Перез, Строл, Леклер, Рикиардо и Мазепин ја стартуваа трката на жолтите, а останатите возачи на црвените гуми.
На стартот Хамилтон го задржа водството, а Макс Ферстапен напредуваше три позиции и се искачи на четвртото место, додека по лошиот и невнимателен старт возачот на Мерцедес АМГ, Валтери Ботас падна на 11-тото место. Фернандо Алонсо го претекна Пјер Гасли за второто место.
Во четвртиот круг, Пјер Гасли беше лесна цел за Макс Ферстапен за третото место. Тоа можеби не беше изнанадување, но веќе во следниот круг Холанѓанецот лесно го прелета и Фернандо Алонсо за второто место.
Во меѓувреме Серџо Перез го престигна Јуки Цунода за осмото место, а веќе во 9-от круг и Ферарито на Карлос Саинц Јр. за седмото. Поназад, Валтери Ботас остана заглавен на 11-тото место, па мораше да добие поттик и апел лично од Тото Волф да ги нападне болидите пред себе.
Топ десет пласманот во 11-от круг беше: Хамилтон, Ферстапен, Алонсо, Гасли, Норис, Перез, Окон, Саинц Јр., Ботас, Строл, Леклер.
Возачите што беа на црвените гуми веќе започнаа со влегување во бокс за промена на гумите, а тоа беа Јуки Цунода, Кими Раиконен, но и Пјер Гасли кој беше на жолтите гуми.
Напред, Хамилтон имаше речиси девет секунди пред Ферстапен кога Макс се реши да ги смени гумите во 17-от круг. Но, во следниот реагираа и во гаражата на Мерцедес АМГ повикувајќи го Луис Хамилтон. Двајцата возачи се префрлија на белите гуми. Кога излегоа на патеката, Луис го задржа водството од околу девет секунди пред Макс.
Стратегистите на Мерцедес АМГ го оставија Финецот на патеката до 33-от круг, и на патеката беше единствен кој ги немаше сменето своите пневматици. Тоа се покажа кобно за нивните понатамошни планови, по дупнатата гума на предното лево тркало. Валтери Ботас со потешкотии успеа да стигне до својот бокс, менувајќи ги гумите и предното крило.
Поредокот во 35-от круг беше: Хамилтон, Ферстапен, Перез, Алонсо, Гасли, Норис, Окон, Строл, Саинц Јр., Леклер.
Поучени од искуствто на Ботас, во 42-от круг повторно за промена на гумите беа повикани Ферстапен и Перез, по што веднаш реагираа од Мерцедес АМГ со пит-стоп за Хамилтон кој го задржа водството на трката.
Во 51-от круг, Ландо Норис мораше во бокс поради дупната гума, а Мерцедес АМГ побара од Ботас да се врати во својата гаража и се повлече од трката. Дупнати гуми заработија и двајцата возачи на Вилијамс.
Во 54-от круг беше воведен режим на виртуелен безбедносен автомобил додека болидот на Латифи се евакуираше. Макс Ферстапен повторно се упати кон боксот, менувајќи гуми без да ја загуби позицијата.
Во претпоследниот круг беше најавен рестарт, позициите на возачите не се сменија, а Холанѓанецот со помош на црвените гуми го подобри најбрзиот круг, кој и онака беше во негови раце.
| ГОЛЕМА НАГРАДА НА КАТАР 57 круга, 305.909км., Време: Суво/Ноќна трка. |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
| 1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1ч24:28.471 |
| 2. | Макс Ферстапен | Ред Бул | + 25.743 |
| 3. | Фернандо Алонсо | Алпин | + 59.457 |
| 4. | Серџо Перез | Ред Бул | + 1:02.306 |
| 5. | Естебан Окон | Алпин | + 1:20.570 |
| 6. | Ленс Строл | Астон Мартин | + 1:21.274 |
| 7. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | + 1:21.911 |
| 8. | Чарлс Леклер | Ферари | + 1:23.126 |
| 9. | Ландо Норис | Мекларен | + 1 круг |
| 10. | Себастијан Ветел | Астон Мартин | + 1 круг |
| 11. | Пјер Гасли | АлфаТаури | + 1 круг |
| 12. | Даниел Рикиардо | Мекларен | + 1 круг |
| 13. | Јуки Цунода |
АлфаТаури | + 1 круг |
| 14. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 15. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 16. | Мик Шумахер |
Хас | + 1 круг |
| 17. | Џорџ Расел |
Вилијамс | + 2 круга |
| 18. | Никита Мазепин | Хас | + 2 круга |
| НАЈБРЗ КРУГ: МАКС ФЕРСТАПЕН - 1:23.196 | |||
| БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
| 19. | Николас Латифи | Вилијамс | гума |
| 20. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | дефект |
|
ХИБРИДНА ИСТОРИЈА - ЛОСАИЛ 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч24:28.471 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||
| 2021 ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 20/22 | |||
| ВОЗАЧИ: | |||
| 1. | Макс Ферстапен | 351.5 | |
| 2. | Луис Хамилтон | 343.5 | |
| 3. | Валтери Ботас | 203 | |
| 4. | Серџо Перез | 190 |
|
| 5. | Ландо Норис | 153 | |
| 6. | Чарлс Леклер | 152 | |
| 7. | Карлос Саинц Јр. | 145.5 | |
| 8. | Даниел Рикиардо | 105 | |
| 9. | Пјер Гасли | 92 | |
| 10. | Фернандо Алонсо | 77 | |
| 11. | Естебан Окон | 60 | |
| 12. | Себастијан Ветел | 43 | |
| 13. | Ленс Строл | 34 | |
| 14. | Јуки Цунода | 20 | |
| 15. | Џорџ Расел | 16 | |
| 16. | Кими Раиконен | 10 | |
| 17. | Николас Латифи | 7 | |
| 18. | Антонио Џовинаци |
1 | |
| 19. | Мик Шумахер | 0 | |
| 20. | Роберт Кубица |
0 | |
| 21. | Никита Мазепин | 0 | |
| КОНСТРУКТОРИ: | |||
| 1. | Мерцедес АМГ | 546.5 | |
| 2. | Ред Бул | 541.5 | |
| 3. | Ферари | 297.5 | |
| 4. | Мекларен | 258 | |
| 5. | Алпин | 137 | |
| 6. | АлфаТаури | 112 | |
| 7. | Астон Мартин | 77 | |
| 8. | Вилијамс | 23 | |
| 9. | Алфа Ромео | 11 | |
| 10. | Хас | 0 | |
