ФЕРНАНДО АЛОНСО - ВОЗАЧ НА КАТАРСКОТО ГРАН ПРИ
11/21/2021 09:11:00 PM
0
Со Фернандо Алонсо трет на гридот, очекувавме искри на стартот. Тоа и го добивме од славниот Шпанец кој имаше извонреден почеток на трката. Не само тоа, тој искусно ги изменаџира своите гуми и ги задржа сите напади, а пред него завршија само главните конкуренти за шампионската титулата. Ова беше негов прв пласман на победничкиот подиум од 2014 година и не е ни чудо што убедливо го избравте за возач на денот.
Share to other apps
