Финецот изгледаше како подобро да се снајде од својот тимски колега на новата патеката уште од првиот тренинг и тој тренд продолжи под рефлекторите на патеката Лосаил.
Тој беше повеќе од две десетинки подобар од Пјер Гасли, а Ферстапен заостануваше уште десетинка и пол.
Луис Хамилтон заврши со четвртото најбрзо време, бидејќи уште еднаш се чинеше дека се уште ја нема пронајдено својата идеална тркачка линија.
Така, Ред Бул се најде на врвот на Т1, а Мерцедес АМГ возврати на Т2, кога е многу поважно.
Вниманието го привлекоа возачите на АлфаТаури, кои делуваа брзо со самото излегување на патеката. Второ место за Пјер Гасли на двете тренинг сесии, петто и седмо за Цунода. Нивниот болид беше брз во текот на еден круг цела сезона, но формата на нивниот дебитант е за пофалување.
Друг тим кој можеше да биде задоволен е Мекларен. Тие ретко го покажуваат целосниот потенцијал во петок, а петтото за Норис, неколку стотинки зад Хамилтон е пристојна изведба и навестува многу подобра сабота за нив.
Вториот тренинг ќе биде најкорисен за возачите и тимовите, бидејќи е единствениот кој се одржува во исто време како и саботните квалификации, и неделната трка.
Во споредба со првиот тренинг, температурата на воздухот опадна само за неколку степени, но температурата на асфалтот беше десет степени пониска.
Никита Мазепин не учествуваше на вториот тренинг, бидејќи неговиот тим го склопува неговиот болид на резервна шасија. За време на првиот тренинг, Русинот го оштетил подот на неговиот болид, поминувајќи низ рабниците, но деталниот преглед покажал пукнатини и на шасијата.
Викендов нема трки за поддршка во Катар. Како и утрото, но првичните проценки за грипот и абразивноста на асфалтот во реалноста беа многу подоби од очекуваното. Сепак, поентата на тренинг сесиите е да се најдат границите на болидите, па така повторно имавме излетувања надвор од патеката, Ботас, Гасли, Саинц Јр., Леклер, Хамилтон, но сите поминаат без посериозни последици по нивните болиди.
Многу возачи се пожалија на густиот сообраќај, што утре може да биде проблем во квалификациите. На болидот на Верстапен, исто како и минатата недела во Бразил, горниот елемент од задното крило вибрираше на правците. Тимот ги врати двата болида во боксот за да провери сè и успеа да го реши проблемот.
| 2021 КАТАР ГП - ТРЕНИНГ 2 |
|||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:23.723 | 27 | |
| 2 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:23.357 | + 0.209 | 27 |
| 3 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:23.498 | + 0.350 | 20 |
| 4 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:23.570 | + 0.422 | 25 |
| 5 | Ландо Норис | Мекларен | 1:23.632 | + 0.484 | 24 |
| 6 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:23.705 | + 0.557 | 26 |
| 7 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:23.735 | + 0.587 | 28 |
| 8 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:23.787 | + 0.639 | 20 |
| 9 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:24.020 | + 0.872 | 27 |
| 10 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:24.033 | + 0.885 | 28 |
| 11 | Естебан Окон | Алпин | 1:24.041 | + 0.893 | 29 |
| 12 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:24.056 | + 0.908 | 25 |
| 13 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:24.095 | + 0.947 | 23 |
| 14 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:24.135 | + 0.987 | 24 |
| 15 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:24.631 | + 1.483 | 26 |
| 16 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:24.954 | + 1.806 | 27 |
| 17 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:25.072 | + 1.924 | 23 |
| 18 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:25.209 | + 2.061 | 28 |
| 19 | Мик Шумахер | Хас | 1:25.575 | + 2.427 | 27 |
| 20 | Никита Мазепин | Хас | / | / | / |
| ХИБРИДНА ЕРА - ЛОСАИЛ 2021 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:23.148 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||||
