Растојанието од 811 метри од Пол позицијата до првиот свиок е втор најдолг во Ф1, Сочи е на врвот. 9.6 секунди од него се поминуваат со полн гас.
Патеката се наоѓа на најголема надморска височина, 2.285 метри. Пред враќањето на ГН на Мексико, патека со најголема надморска височина беше Интерлагос во Бразил, со 800 метри надморска височина.
И покрај големата надморска височина, патеката Браќа Родригез е една од најрамните патеки, со промена на елевацијата од само 2.8 метри во текот на целата нејзина долзина. Само Мелбурн и Сочи имаат помала промена во елевацијата.
Реткиот воздух исто така значи дека е ладењето на болидот е помалку ефикасно, така што ПЕ и сопирачките работат на поголеми температури. Последиците се помала потисна сила и помал отпор на воздухот.
Болидите користат задни крила подесени еквивалентно на Монако, но и покрај тоа, вистинската потисна сила на болидите е поблизу до нивоата што се забележуваат во Монца. Поради овие фактори, во Мексико се бележат едни од најголемите брзини на Ф1 болидите, кои достигнуваат до 370 км/ч во заветрина.
Најбрзата стратегија со која може да се пријде на Големата Награда на Мексико Сити, која се состои од 71 круг, дефинитивно е со едно застанување за промена на гумите, бидејќи има доста голема загуба на време во боксот, околу 22 секунди. Дополнителен факт кон ова е што на оваа патека е тешко да се престигнува.
Почетен стинт на жолтите гуми, проследен со завршен стинт на белите е оптималната стратегија, поради што речиси сите возачи сакаа да ја поминат Q2 сесијата на жолтите гуми. Ова, исто така, овозможува доста широк прозорец за застанување во бокс.
Старт на црвените гуми, проследен со премин на бели, исто така е изводлива варијанта (иако побавна), но нема толку голема флексибилност, бидејќи најмеката смеша ќе треба добро да се изменаџира во почетниот стинт, за разлика од медиум смешата, т.е. жолтите гуми.
Најдобрата стратегија со две застанувања во бокс би била жолти-бели-жолти, но ова е побавна варијанта од таа со едно застанување за промена на гуми.
Како и секогаш, температурата на патеката ќе биде клучен фактор, а за денешната трка се очекува топло време. Со оглед на тоа што сега има далеку повеќе гума на асфалтот, би требало да има помалку лизгање на болидите, отколку што тоа беше забележано во петокот.
Возачот на Мерцедес АМГ, Валтери Ботас, ја освои Пол позицијата на црвените гуми на Пирели, пред неговиот тимски колега Луис Хамилтон, но тој ќе ја започне трката на жолтите гуми, кои што ги искористи за да го постави своето најбрзо време во Q2.
Речиси сите ги користеа жолтите гуми за да го забележат најбрзото време во Q2, како би имале можност да ја употребат најбрзата стратегија за трката.
Како и Ботас, сите други возачи во Топ 10 поредокот, ќе ја започнат трката за Големата Награда на Мексико Сити со жолтите гуми.
Иако Јуки Цунода од АлфаТаури своето најдобро време го забележа на црвените гуми во Q2 сесијата и се квалификуваше во Топ 10, тој ќе стартува од задниот дел на гридот со најмеката смеша.
Јапонецот не е единствениот возач што има казна за промена на ПЕ, Естебан Окон од Алпин, Ландо Норис од Мекларен и Ленс Строл од Астон Мартин исто така ќе стартуваат од задниот дел на гридот, додека возачот на Вилијамс, Џорџ Расел има казна од пет места за промена на менувачот.
Марио Изола, Пирели: "Практично сите возачи се обидоа да ја поминат Q2 сесијата на жолтите гуми за да ја употребат најбрзата стратегија, што дефинитивно е трка со едно застанување во бокс, бидејќи има доста значителни загуби на време во боксот и тешко е да се престигне."
"Оваа опција исто така дава голема флексибилност околу стратегијата. Како што се очекуваше на асфалтот има се повеќе гума, а црвените гуми покажа многу солидни перформанси во квалификациите, така што може да одиграат улога во последниот стинт во трката."
| ГОЛЕМА НАГРАДА НА МЕКСИКО СИТИ СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 2. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 3. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 4. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ | |
| 5. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 6. КАРЛОС САИНЦ Јр. - ФЕРАРИ | |
| 7. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН | |
| 8. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 9. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 10. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 11. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 12. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | |
| 13. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 14. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
| 15. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
| казна - промена на менувач | 16. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС |
| 17. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | казна - промена на ПЕ |
| казна - промена на ПЕ | 18. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН |
| 19. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | казна - промена на ПЕ |
| казна - промена на ПЕ | 20. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН |
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|
