Луис Хамилтон заврши како втор, Серџо Перез се искачи на третото скалило на подиумот. По инцидентот на Валтери Ботас, Ред Бул се доближи на само еден поен до Мерцедес АМГ во шампионатот за конструктори.
Акцијата продолжува наредниот викенд со Големата Награда на Бразил.
Макс Ферстапен пристигна во Мексико Сити како лидер во шампионатот со 12 поени предност во поединечна конкуренција. Сите очекуваа дека на патеката Браќа Родригез, Ред Бул ќе може да ја консолидира предноста во двата шампионати, но не испадна се толку едноставно.
Во петокот и саботата на тренинг сесиите, возачите на Ред Бул ја потврдија фаворитската улога, но во квалификациите првиот стартен ред му припадна на Мерцедес АМГ. Ред Бул не успеа да го извлече максимумот од гумите, тимот реши да одигра на неколку десетинки од заветрината, но кога во решавачкиот обид Ферстапен возеше зад болидот на Перез, по пат го стигнаа Јуки Цунода.
Јапонецот од сестринскиот АлфаТаури беше предупреден од неговиот инженер и дури излезе од патеката да ги пропушти возачите на сениорскиот тим да поминат, но Перез не очекуваше таков маневар, па и тој излета надвор од патеката, а со тоа и кругот на Макс беше уништен.
Болидите на Мерцедес АМГ работеа подобро и Валтери Ботас ја забележа третата Пол позиција во сезоната, Хамилтон беше побавен за само 15 стотинки, но тимот го обезбеди првиот стартен ред по 81-ви пат, станувајќи лидер во рангирањето по овој рекорд.
Денес трибините на браќа Родригез беа преполни. Мексиканските фанови поминаа низ потрага да добијат сертификат за вакцинација за да навиваат за својот херој, Серџо Перез, кој ја започна трката како четврти. Стартниот поредок ветуваше интересна борба, првиот ред за Мерцедес АМГ, вториот за Ред Бул. Ако се земе предвид долгиот спринт до првиот свиок, да се започне позади и да се биде во заветрина пред сопирањето може да биде исплатливо.
Цунода, Норис, Окон и Строл ги поделија последните два стартни реда, поради казните за замена на погонските единици, а Џорџ Расел беше веднаш пред нив, откако доби казна за новиот менувач.
На стартот, Ферстапен ја предводеше трката по првиот свиок, прелетувајќи ги возачите на Мерцедес АМГ. Валтери Ботас закочи многу порано од предвиденото, по што Хамилтон беше втор, но Финецот имаше контакт со Мекларенот на Даниел Рикиардо, по што Австралиецот и Финецот паднаа на дното на поредокот. Стјуардите не се огласија, се ова беше тркачки инциндент.
Подолу во поредокот, Јуки Цунода и Мик Шумахер ја завршија трката, налетувајќи на болидот на Естебан Окон од двете страни. Болидите на АлфаТаури и Хас останаа на патеката, по што следуваше период на безбедносниот автомобил. Рикиардо и Ботас отидоа во боксот и се префрлија на белите гуми.
Топ 10 поредокот во тој момент беше: Ферстапен, Хамилтон, Перез, Гасли, Леклер, Џовинаци, Саинц Јр., Ветел, Расел, Раиконен.
Трката беше рестартирана во 5-от круг, кога Ферстапен го задржа водството и веднаш започна да гради разлика во однос на Луис Хамилтон, која до 15-от круг беше околу 5 секунди.
Британецот не можеше да го следи темпото на водечкиот Ред Бул, а вториот нивни болид беше веднаш позади него. Макс ја зголеми предноста до осум секунди, кои ги одржуваше, а Перез му се приближуваше на Хамилтон.
Со оглед на настанатата ситуација, од тимот на Мерцедес АМГ се решија први да реагираа, Хамилтон беше повикан во бокс за замена на гумите во 29-от круг. На патеката се врати на четвртото место, веднаш зад Ферарито на Чарлс Леклер, но за негова среќа еден круг подоцна и Моначанецот влезе во бокс.
Времињата на Луис беа добри, а од гаражата на Макс Ферстапен реагираа четири круга подоцна, за замена на неговите гуми.
Во тие моменти, Серџо Перез ја предводеше трката, за прв пат во историјата на мексиканската патека, мексикански возач го предводеше националното Гран При.
Мексиканецот беше повикан во бокс во 40-от круг, а по излегување на патеката повторно се најде на третото место.
Топ десет поредокот беше: Ферстапен, Хамилтон, Перез, Гасли, Леклер, Саинц Јр., Ветел, Раиконен, Алонсо, Норис.
Во 58-от круг, Леклер го пропушти Саинц Јр., по повеќекратните барања од тимот, како Шпанецот со понови гуми би се обидел да го стигне Пјер Гасли за 4-тото место.
Понапред, Мексиканецот понесен од домашната публика, постепено ја намалуваше разликата до Хамилтон, која во 61-от круг падна под една секунда. Тој влезе опсег на ДРС-системот, домашните фанови беа на нозе, но разликата во брзината не беше доволна за напад.
Во 63-от круг, Валтери Ботас влезе во бокс по црвени гуми за да го одземе поенот за најбрзиот круг, кој го имаше Макс Ферстапен, но влезе во сообраќајот и во 67-от круг мораше повторно во бокс по нови гуми и темпирање на својата позиција за да има слободна патека. Вториот обид беше успешен.
Во 69-от круг Саинц Јр. му ја врати позицијата на Леклер, откако се виде дека нема шанси да се бори за 4-тото место на Пјер Гасли.
| ГОЛЕМА НАГРАДА НА МЕКСИКО СИТИ 71 круга, 304.356км., Време: Сончево. |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
| 1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1ч38:39.086 |
| 2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 16.555 |
| 3. | Серџо Перез | Ред Бул | + 17.752 |
| 4. | Пјер Гасли | АлфаТаури | + 1:03.845 |
| 5. | Чарлс Леклер | Ферари | + 1:21.037 |
| 6. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | + 1 круг |
| 7. | Себастијан Ветел | Астон Мартин |
+ 1 круг |
| 8. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 9. | Фернандо Алонсо | Алпин | + 1 круг |
| 10. | Ландо Норис | Мекларен | + 1 круг |
| 11. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 12. | Даниел Рикиардо | Мекларен | + 1 круг |
| 13. | Естебан Окон | Алпин | + 1 круг |
| 14. | Ленс Строл | Астон Мартин | + 1 круг |
| 15. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 2 круга |
| 16. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 2 круга |
| 17. | Николас Латифи |
Вилијамс | + 2 круга |
| 18. | Никита Мазепин |
Хас | + 3 круга |
| НАЈБРЗ КРУГ: ВАЛТЕРИ БОТАС- 1:17.774 | |||
| БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
| 19. | Мик Шумахер | Хас | судир |
| 20. | Јуки Цунода | АлфаТаури | судир |
| ХИБРИДНА ЕРА - БРАЌА РОДРИГЕЗ 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч42:35.038 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч40:31.402 2017 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1ч36:26.550 2018 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1ч38:28.851 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч36:48.904 2021 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1ч38:39.086 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||
| 2021 ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 18/22 | |||
| ВОЗАЧИ: | |||
| 1. | Макс Ферстапен | 312.5 | |
| 2. | Луис Хамилтон | 293.5 | |
| 3. | Валтери Ботас | 185 | |
| 4. | Серџо Перез | 165 |
|
| 5. | Ландо Норис | 150 | |
| 6. | Чарлс Леклер | 138 | |
| 7. | Карлос Саинц Јр. | 130.5 | |
| 8. | Даниел Рикиардо | 105 | |
| 9. | Пјер Гасли | 86 | |
| 10. | Фернандо Алонсо | 60 | |
| 11. | Естебан Окон | 46 | |
| 12. | Себастијан Ветел | 42 | |
| 13. | Ленс Строл | 26 | |
| 14. | Јуки Цунода | 20 | |
| 15. | Џорџ Расел | 16 | |
| 16. | Кими Раиконен | 10 | |
| 17. | Николас Латифи | 7 | |
| 18. | Антонио Џовинаци |
1 | |
| 19. | Мик Шумахер | 0 | |
| 20. | Роберт Кубица |
0 | |
| 21. | Никита Мазепин | 0 | |
| КОНСТРУКТОРИ: | |||
| 1. | Мерцедес АМГ | 478.5 | |
| 2. | Ред Бул | 477.5 | |
| 3. | Ферари | 268.5 | |
| 4. | Мекларен | 255 | |
| 5. | Алпин | 106 | |
| 6. | АлфаТаури | 106 | |
| 7. | Астон Мартин | 68 | |
| 8. | Вилијамс | 23 | |
| 9. | Алфа Ромео | 11 | |
| 10. | Хас | 0 | |
