Луис Хамилтон заврши на второто место на Големата Награда на Мексико Сити, но на крајот од трката мораше да го задржи Серџо Перез, кој возеше на понови гуми.
По финишот тој призна дека болидот на Ред Бул бил побрз, но во неговата изјава многу Ф1 фанови видоа омаловажување на способностите на Мексиканецот. Исто така, неговиот тимски колега беше главниот виновник, за него и Тото, што Макс лесно ги прелета на стартот.
"Почнав втор и завршив втор, така што немам за што да се жалам", изјави Луис Хамилтон за Скај Ф1. "Но, темпото на Ред Бул... Тие се неверојатно брзи, и не можев да им се спротивставам. И кога Серџо Перез е толку блиску позади мене, станува јасно дека тие имаат навистина брз болид."
Денес, Луис Хамилтон објасни дека го почитува Серџо Перез и не сака да ги омаловажува неговите способности.
"Сакам луѓето да го сфатат правилно она што го кажав вчера", напиша Луис на Инстаграм. "Многу го почитувам Серџо и мислам дека одлично си ја врши работата во својот нов тим. Тој постигна огромен напредок оваа година и знам колку е тешко да се напредува во нов тим. Треба време."
"Мислев дека поради слабиот отпор на воздухот во Мексико е многу тешко да се брка противничкиот болид. Затоа таму има толку малку претекнување. И тој можеше толку да ми се доближи, тоа сугерира дека нивните болиди имаат многу поголема потисна сила. Сакам да му се заблагодарам на Серџо што беше искрен!"
Луис Хамилтон исто така ги ублажи критиките кон својот тимски колега, кој според него лесно му дозволи на Макс Ферстапен да поведе во првиот свиок.
"Сите имаме лоши денови. Постојано учиме. Вчера реков дека Валтери Ботас остави премногу простор за Макс и нормално, тоа предизвика незадоволство. Ние сме еден тим, заедно победуваме и губиме. Не постои такво нешто дека некој сам е одговорен за победа или пораз, правиме се заедно, без разлика дали ќе успееме или не. Можеме да бидеме надминати, но не и скршени! Валтери, да продолжиме понатаму. Брату, ајде да продолжиме со нашата работа!"
КОГА ВИСТИНСКИТЕ ЕМОЦИИ ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРАВДААТ ЕДЕН ДЕН ПОДОЦНА
11/08/2021 08:16:00 PM
0
Share to other apps
