Од 2014 година, возачите кога влегуваат во Формула 1 мора да изберат постојан број со кој ќе се натпреваруваат во шампионатот. Единствен исклучок е за актуелниот шампион, кој може да го избере бројот 1, а бројот под кој настапувал претходно останува резервиран за него.
Италијанскиот Autosprint, повикувајќи се на свои извори во Маранело, пишува дека Чарлс Леклер се распрашувал кои се можностите да го смени својот број 16. Моначанецот, наводно, сака да го земе бројот 7, кој ќе се ослободи по пензионирањето на Кими Раиконен.
"Сакав да бидам број 7, но Кими Раиконен веќе го користи. Тогаш застанав на 10, но Пјер Гасли го избра него кога дебитираше во Формула 1. Се решив за бројот 16, бидејќи ова е мојот датум на раѓање и не можев да најдам ништо подобро. Исто така, ако соберете 1 и 6, добивате 7, што е мојот омилен број."
Според тековните правила, Леклер нема да може да го промени бројот. Откако еден возач ќе ја напушти Формула 1, неговиот бројот останува недостапен уште две сезони, во случај овој возач да реши да се врати.
Прописите велат дека возачот мора да настапува под еден број во текот на неговата кариера, а процедурата за промена на бројот не е напишана. Меѓутоа, ако Чарлс Леклер многу силно побара од ФИА, можеби за неколку години ќе му биде дозволено да ја земе посакуваната седумка.
ЧАРЛС ЛЕКЛЕР САКА ДА ГО СМЕНИ БРОЈОТ 16
12/28/2021 07:15:00 PM
0
Share to other apps