Со последниот пост во 2021 година би сакале лично да им се заблагодараме на сите што не следеа во една од најинтересните сезони на нашиот омилен мотоспорт.
Во овој период од годината, поминете ги новогодишните и божиќните празници во друштво на најсаканите, а потоа заедно да се радуваме на уште една неверојатна Формула 1 сезона.
Крајот на декември е традиционалното време за сумирање на резултатите, па ве покануваме да ја пополните завршната анкета за изминатата сезона.
Тимовите работеа напорно на нивните болиди за 2022 година и ние едвај чекаме да го видиме нивниот нов изглед.
Уживајте во нови авантури со блогот и ФБ страницата на МкФормула1!
За крај ги избравме најважните и најинтересните вести за секој месец, како би се потсетиле на главните настани од годината што заминува.
ЈАНУАРИ
- 06.01 Марсин Будковски доаѓа на местото на Жером Стол.
- 09.01 Премиерата на филмот за Фернандо Алонсо се одржа во Шпанија.
- 11.01 Кирил Абитебул го напушта Рено.
- 14.01 Алпин го презентираше изгледот на новиот болид.
- 22.01 Џенсон Батон се враќа во Вилијамс како советник.
- 23.01 Големата Награда на Саудиска Арабија ќе се одржи во Џеда.
ФЕВРУАРИ
- 01.02 Рио ја откажа изградбата на патеката за Формула 1.
- 03.02 Роман Грожан ќе ја продолжи кариерата во ИндиКар.
- 03.02 Даниел Рикиардо по прв пат пристигнува во базата на Мекларен.
- 08.02 Луис Хамилтон и Мерцедес АМГ го продолжија договорот.
- 12.02 Алонсо имаше несреќа додека возеше велосипед.
- 16.02 Ред Бул ќе развива сопствена ПЕ за 2025 година.
- 26.02 Формула 1 забележа рекордни загуби.
МАРТ
- 01.03 Даниел Квјат потврден како резервен возач за Алпин.
- 05.03 ФИА го продолжи договорот со Пирели на една година.
- 12.03 Во Бахреин започнува првиот тест ден.
- 19.03 На Netflix излезе третата сезона Drive To Survive.
- 26.03 Нико Хулкенберг потврден како резервен возач на Астон Мартин и Мерцедес АМГ.
- 28.03 Луис Хамилтон победи на првата трка од 2021 сезоната во Бахреин.
АПРИЛ
- 01.04 ФИА ја објави процедурата за дополнителни проверки на заднотот крило, по иницијатива на Мерцедес АМГ.
- 06.04 Ф1 тимовите и раководството се расправаат околу поделбата на финансиите.
- 12.04 Започна изградбата на патеката во Џеда.
- 18.04 Големата Награда на Мајами вклучена во календарот за 2022 година.
- 18.04 Макс Ферстапен победник на Големата Награда на Емилија-Ромања.
- 23.04 Бен Хоџкинсон, поставен за технички директор на Red Bull Powertrains.
- 24.04 Сузука ќе биде домаќин на Големата Награда на Јапонија до 2024 година.
- 26.04 Форматот на викендот со спринт квалификации е одобрен.
МАЈ
- 02.05 Луис Хамилтон победник на Големата Награда на Португалија.
- 04.05 Порше и Пенске заедно ќе градат хиперавтомобил за 24 часа Ле Ман.
- 09.05 Луис Хамилтон победник на Големата Награда на Шпанија.
- 19.05 Мекларен го обнови договорот со Ландо Норис.
- 23.05 Макс Ферстапен победник на Големата Награда на Монако.
- 24.05 Почина Макс Мозли.
ЈУНИ
- 04.06 Откажана трката за Големата Награда на Сингапур.
- 06.06 Серџо Перез победник на Големата Награда на Азербејџан, Ветел и Гасли се искачија на подиумот.
- 09.06 Вилијамс со нов тимски шеф. Јост Капито на местото од Пат Сајмонд.
- 16.06 Алпин го продолжи договорот со Окон на три години.
- 20.06 Макс Ферстапен победник на Големата Награда на Франција.
- 25.06 ФИА со нови правила за пит-стоповите, по иницијатива на Мерцедес АМГ.
- 26.06 Доменикали: Голема Награда на Русија од 2023 година се сели во Санкт Петербург.
- 27.06 Макс Ферстапен победник на Големата Награда на Штаерска.
ЈУЛИ
- 02.07 ПЕ на Ред Бул ќе се склопуваат во Јапонија за 2022 сезоната.
- 04.07 Макс Ферстапен победник на Големата Награда на Австрија.
- 06.07 Откажана Големата Награда на Австралија.
- 13.07 Чарлс Леклер ја доби наградата Лоренцо Бандини.
- 18.07 Луис Хамилтон победник на Големата Награда на Британија.
- 28.07 Зак Браун е загрижен за заминувањето на Ауди и БМВ од Формула Е.
АВГУСТ
- 01.08 Естебан Окон ја извојува првата победа во Формула 1 на Хунгароринг.
- 05.08 Големата Награда на Унгарија ќе остане во Ф1 календарот до 2037 година.
- 10.08 Реми Тафен го напушти Рено.
- 18.08 Откажана Големата Награда на Јапонија.
- 22.08 Тојота повторно е победник на 24 часа Ле Ман.
- 26.08 Алпин го обнови договорот со Фернандо Алонсо.
- 29.08 Макс Ферстапен победник на трката од еден круг во Белгија.
СЕПТЕМВРИ
- 04.09 Финалето на сезоната во Формула 3 одложено за Сочи.
- 05.09 Макс Ферстапен победи на домашната трка во Зандворт, Холандија.
- 06.09 Валтери Ботас потпиша договор со Алфа Ромео.
- 06.09 Џорџ Расел потпиша за Мерцедес АМГ.
- 07.09 Возачката постава на АлфаТаури ќе остане иста во 2022 година.
- 08.09 Вилијамс ги потврди договорите на Алекс Албон и Николас Латифи.
- 12.09 Даниел Рикиардо победник на Големата Награда на Италија.
- 15.09 На Нетфликс излезе документарен филм за Михаел Шумахер.
- 23.09 Мазепин и Шумахер ќе продолжат да возат за Хас.
- 26.09 Луис Хамилтон победник на Големата Награда на Русија со 100-та победа во кариерата.
- 27.09 Алекс Палу ја освои шампионската титулата во ИндиКар.
- 30.09 Закажана инаугурална трка за Големата Награда на Катар, плус потпишан 10-годишен договор.
ОКТОМВРИ
- 05.10 Формула 1 се подготвува да се префрли на биогорива.
- 10.10 Валтери Ботас победник на Големата Награда на Турција.
- 15.10 Потврден Ф1 календарот за 2022 година.
- 24.10 Макс Ферстапен победник на Големата Награда на САД.
- 27.10 Андрети Автоспорт во неуспешен обид да го купи Заубер.
НОЕМВРИ
- 06.11 Формула 1 потпиша договор со Кина до 2025 година.
- 07.11 Макс Ферстапен победник на Големата Награда на Мексико Сити.
- 11.11 Промени во распоредот на тркачките викенди за 2022 година.
- 14.11 Луис Хамилтон победник на Големата Награда на Сао Пауло.
- 16.11 Оскар Пјастри потврден како резервен возач за Алпин.
- 16.11 Гуанју Џоу потврден како возач на Алфа Ромео.
- 21.11 Луис Хамилтон победник на Големата Награда на Катар.
- 26.11 Шпанското ГП ќе остане во Барселона до 2026 година.
- 28.11 Почина Френк Вилијамс.
ДЕКЕМВРИ
- 05.12 Луис Хамилтон победник на Големата Награда на Саудиска Арабија.
- 08.12 ФИА го објави пријавниот лист за 2022 година.
- 12.12 Макс Ферстапен победник на Големата Награда на Абу Даби и 2021 Шампион.
- 17.12 Макс Ферстапен го доби шампионскиот пехар.
- 18.12 Мохамед бин Сулејем е новиот претседател на ФИА.
- 20.12 Ауди индиректно го потврди своето доаѓање во Формула 1.
СРЕЌНА И РАДОСНА 2022 ГОДИНА
12/30/2021 08:54:00 PM
0
Share to other apps