Во текот на целата сезона, на официјалната страна на Формула 1 се одвиваа две оценувања на возачите за нивните перформанси на трка, и тоа од страна на шест експерти на официјалниот сајт и другото со гласање на Ф1 фановите ширум светот.
На крајот од сезоната се зеде просекот од сите оцени(1-10), при што Макс Ферстапен го освои првото место, со просечна оценка од 8.9 на 22 трки. Интересно, рангирањето на Ф1 фановите и експертите во Топ 10 ги имаше истите возачи, но не на истите позиции.
Резултатите на Ф1 фановите се следните:
ЕКСПЕРТИ: 1
Експертите го изгласаа Макс Ферстапен, новиот Ф1 шампион за најдобар возач во 2021 година, а се чини дека со нивниот став се согласија и Ф1 фановите, давајќи му на Холанѓанецот, кој заврши надвор од топ 2 пласман само четири пати во текот на 22 трки во сезоната, оценка од 8.80 на врвот на табелата.
ЕКСПЕРТИ: 2
Вие, исто така, се согласивте со експертите на Формула 1 сајтот кога станува збор за рангирањето на Луис Хамилтон, ставајќи го возачот на Мерцедес АМГ на второто место од табелата. Британецот имаше големи осцилации, еден викенд прикажувајќи одлични оцени, како на Бразилското ГП, додека негов најслаб викенд беше Монако, каде што заврши седми.
ЕКСПЕРТИ: 5
Експертите го оценија како 5-ти најдобар возач, но вие Ф1 фановите го издигнавте Шпанецот на третото место во конечниот пласман. Многумина мислеа дека Саинц Јр. е доведен во Ферари како подршка на Чарлс Леклер, истовремено загрижени дека двата темпераменти нема да успеат да се спојат. Но, со оглед на тоа што Саинц Јр. се искачи на четири подиуми, за разлика на едниот на Леклер, се чини дека во тимот владее хармонија, барем засега. Ова беше навистина импресивна година за Шпанецот.
ЕКСПЕРТИ: 5
Во АлфаТаури треба да им се благодарни на своите среќни ѕвезди што го имаа Пјер Гасли да се потпрат на неговите перформанси за 2021 година, сезона во која го зедоа дебитантот Јуки Цунода. Додека Јапонецот се навикнуваше на Формула 1, Гасли беше безмилосно константен, освојувајќи поени на 15 од 22 трки, па дури и го врати тимот на победничкиот подиум во Баку, негов трет со нив.
Вреди да се напомене дека доколку и двајцата возачи на АлфаТаури ги освоеа 110-те поени што ги имаше Гасли, тимот ќе го победеше тимот на Алпин со цели 65 поени разлика и конечно ќе го освоеше 5-тото место во поредокот на конструктори, место за кое, Франц Тост толку долго сонува.
ЕКСПЕРТИ: 3
Третопласиран возач од експертите е петти според вашето рангирање, сè уште резултат за почит за Ландо Норис. Веќе во втората трка во сезоната имаше пласман на подиумот, дополнето со уште три пласмани до крајот на сезоната. Да не беше дождот во Сочи, сега ќе зборувавме за Норис како победник на трка, наместо само второ место.
ЕКСПЕРТИ: 10
Серџо Перез се врати во Топ 10 пласман на експертите, по неговата прекрасна одбрана против Хамилтон на Абу Даби ГП-то. За волја на вистината, Ред Бул можеби очекуваше малку повеќе од искусниот Мексиканец, кој имаше само пет подиуми, наспроти 11-те на Валтери Ботас, на пример. Сепак, тој додаде уште една победа на свое конто во Баку, плус имаше значителна улога во финалето на сезоната.
ЕКСПЕРТИ: 7
Запрашан по четири трки од неговиот камбек во Ф1 како ќе се оцени самиот, Фернандо Алонсо си даде 5 од 10. Неговата одбрана против Хамилтон во Унгарија беше извонредна, како и неговото трето место во Лосаил, првиот подиум на Алонсо од 2014 година.
ЕКСПЕРТИ: 8
Ако Мерцедес АМГ имаше сомнежи во нивната одлука да го земат Џорџ Расел во нивниот тим, перформансите на Британецот во 2021 година дефинитивно ќе ги анулираат тие сомнежи. "Господин Сабота" беше брилијантен во квалификациите, забележувајќи го еден од најдобрите квалификациски кругови на СПА-Франкоршамп.
Но, тој исто така забележа поени за Вилијамс, освојувајќи подиум на трката во Белгија, која се состоеше од неколку круга, поради силниот дожд. Заедно со трите други резултати во поени, му помогна на тимот да не заврши на дното на табелата за прв пат од 2017 година. Сер Френк ќе беше горд.
ЕКСПЕРТИ: 4
Експертите на Формула 1 сајтот го ставија Моначанецот на четвртото место, ддоека фановите не беа толку расположени и го рангираа на 9-тото место. Ф1 фановите му замерија дека Чарлс Леклер имаше послаба сезона од минатата, кога се бореше со 4 кратниот Ф1 шампион Себастијан Ветел. Но, ако се погледне внимателно, ќе се види огромниот квалитет на Леклер, кој беше втиснат во текот на целата негова сезона, не само со неговите Пол позиции за Ферари.
ЕКСПЕРТИ: 9
Додека Ландо Норис не успеа да ја забележи својата прва Ф1 Победа, Естебан Окон успеа во таа намера, спротивставувајќи се на долготрајниот притисок на четирикратниот шампион Себастијан Ветел на трката во Унгарија. Сензационалната Победа на Французинот го обелеќи како 111-ти Победник во Формула 1. Неговата трка во Саудиска Арабија исто така беше една од подобрите во неговата 2021 сезона исполнета со падови и подеми.
Ф1 ФАНОВИТЕ ГО ПРОГЛАСИЈА НАЈДОБРИОТ ВОЗАЧ
12/22/2021 02:02:00 PM
0
Share to other apps
