Анкетата е идентична на таа што ја организира британскиот магазин Автоспорт, со една разлика што оваа не се игнорира од тимскиот шеф на Ферари. Победникот е ист, Макс Ферстапен, надминувајќи го минатогодишниот победник Хамилтон со 21 поен.
Ландо Норис, кој ја започна сезоната со 10 последователни пласмани во поени, вклучително и три подиуми, беше единствениот друг возач кој забележа повеќе од 100 поени.
Следен на табелата е Карлос Саинц Јр. на четвртото место, откако го обезбеди својот најдобар пласман кај возачите во првата година со Ферари, пред тимскиот колега, Чарлс Леклер, кој се најде на петтото место.
Во неговата прва година по двегодишната пауза, Фернандо Алонсо со тимот на Алпин беше избран за шести најдобар возач во 2021 година, а Пјер Гасли беше седми за АлфаТаури.
Џорџ Расел кој се сели во Мерцедес АМГ стигна до два последователни пласмани на осмото место. Британецот, оваа година, го обезбеди својот прв Ф1 подиум во Белгија со болидот на Вилијамс, и заврши едно место пред возачот што го замени, Валтери Ботас, кој од следната година ќе вози за Алфа Ромео.
Естебан Окон од Алпин, кој ја обезбеди својата прва Ф1 победа во Унгарија, се најде на десеттото место.
Тимските шефови кои учествуваа во гласањето по азбучен ред беа: Матија Биното, Јост Капито, Кристијан Хорнер, Лоран Роси, Андреас Зајдл, Гинтер Штајнер, Отмар Шафнауер, Франц Тост, Фред Васер, Тото Волф.
| 2021 РАНГ ЛИСТА ОФИЦИЈАЛНА Ф1 ВЕБ СТРАНИВА |
||
| П. | ВОЗАЧ | ПОЕНИ |
| 1. | Макс Ферстапен | 213 |
| 2. | Луис Хамилтон | 192 |
| 3. | Ландо Норис | 110 |
| 4. | Карлос Саинц Јр. | 85 |
| 5. | Чарлс Леклер | 70 |
| 6. | Фернандо Алонсо | 69 |
| 7. | Пјер Гасли | 64 |
| 8. | Џорџ Расел | 44 |
| 9. | Валтери Ботас | 43 |
| 10. | Естебан Окон | 41 |
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
||
