VELAS, швајцарска технолошка фирма која обезбедува еден од најбрзите и енергетски најефикасните блокчејнови во светот, ќе влезе во Формула 1 почнувајќи од следната година во долгорочно партнерство со Ферари.
Со влегувањето на Формула 1 во нова технолошка ера во 2022 година, логоата на компанијата ќе бидат истакнати на болидите на Ферари. Ова е прво партнерство од ваков вид за Ферари, а како резултат на тоа, фановите ќе имаат корист од технологијата Velas како никогаш досега, отворајќи сосема нова димензија за спортот и брендот.
Повеќегодишниот договор предвидува создавање ексклузивна дигитална содржина за фановите на овој Италијански тим. Покрај тоа, VELAS ќе биде главен спонзор на Ferrari Esports Series, официјалното дигитално првенство во кое се натпреваруваат сите тимови кои учествуваат во реалниот Ф1 шампионат.
Матија Биното, тимски шеф на Ферари: "Задоволни сме што ја започнуваме оваа соработка со Velas Network AG, компанија која ги прави иновациите и перформансите белег на технолошки напредните производи и услуги, сето тоа се вредности кои нè обединуваат и кои не доведоа да го избереме Velas за еден од нашите премиум партнери."
Фархад Шагуљамов, извршен директор и ко-основач на Velas: "Изградбата на блокчејн од следната генерација што ја нагласува одржливоста и перформансите, природно беше да се здружиме со друга икона на извонредност, а тоа е Ферари. Velas воведе иновативна разновидност на пионерска технологија во блокчејнот и придружните производи, кои сега ќе бидат прикажани на врвот на мотоспортот."
Алекс Александров, претседател и основач на Velas: "Ние сме среќни што заедно со Ферари се впуштаме во оваа неверојатна авантура и што ги носиме луѓето со нас на патување кое никогаш нема да го заборават во оваа нова ера на Формула 1. Пред нас е светла иднина, како за уникатното партнерство меѓу Велас и Ферари, така и за спортот во целина. Со нетрпение очекуваме да ве видиме на патеката!"
ФЕРАРИ И ВЕЛАС: НОВО ПОБЕДНИЧКО ПАРТНЕРСТВО
12/27/2021 01:01:00 PM
0
Share to other apps
