Патеката на почетокот беше валкана, но набрзо почна да се чисти, и сите возачи имаа добар настап, држејќи се подалеку од заштитните бариери. Макс Ферстапен на почетокот импресионираше со неговите кругови на белите гуми, но како што температурите почнаа да опаѓаат, изгледаше како Мерцедес АМГ да има малку повеќе темпо, особено на црвените најмеки гуми.
Антонио Џовинаци, кој ќе го напушти спортот на крајот на сезоната, се чини дека се обидува тоа да го направи на високо ниво. Италијанецот го имаше петтото најбрзо време. Пјер Гасли секогаш импресионира, завршувајќи на четвртото место на табелата, за разлика од 15-тото на неговиот тимски колега.
Серџо Перез повторно имаше слаб почеток на викендот, се мачеше со преуправливоста на својот Ред Бул, завршувајќи на разочарувачката 11-та позиција на табелата.
Многу брзо се изгради најбрзата градска патека во Ф1 календарот, на 12 април беше поставен камен темелникот, а денес на 3 декември возачите излегоа на асфалтот за првиот тренинг.
Самата патека е готова, но, на придружните објекти се уште се работи, а градежната опрема крева прашина. Асфалтот се чисти со посебни возила, но рабниците остануваат правливи и лизгави.
Речиси сите болиди носат налепници во знак на сеќавање на Френк Вилијамс. Во тимот на Вилијамс, вработените носат црни траки за жалост.
На почетокот на сесијата, возачите се навикуваа на конфигурацијата, работеа со аеродинамиката и основните поставки. Сериозната работа ќе започне по зајдисонце за време на втората тренинг сесија, кога асфалтот значително ќе се излади.
Сеијата помина без проблеми. Кими Раиконен за малку ќе удреше во заштитните барери на излезот од последниот свиок, додека Макс Ферстапен повеќе пати мина над рабниците. Немаше други посериозни инциденти.
Вториот тренинг ќе започне во 18:00 часот, кога ќе се вклучат рефлекторите на патеката. Тоа ќе значи сосема нови параметри во игра, а најверојатно гумите ќе се однесуваат сосема поинаку. Т2 сесијата е единствена на која тимовите и возачите може да сметаа на релевантни податоци за квалификациите и неделната трка.
Секој комплетиран круг ќе биде клучен за разбирање како работи болидот на оваа сосема нова патека. И со оглед на тоа дека е крај на сезоната, влогот е голем, кој ќе погреши, ќе нема време за поправка на грешките.
| 2021 ГН САУДИСКА АРАБИЈА - ТРЕНИНГ 1 |
|||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:29.786 | 21 | |
| 2 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:29.842 | + 0.056 | 23 |
| 3 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:30.009 | + 0.223 | 24 |
| 4 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:30.263 | + 0.477 | 28 |
| 5 | Антонио Џовинаци. | Алфа Ромео | 1:30.318 | + 0.532 | 27 |
| 6 | Карлос Саинц Јр | Ферари | 1:30.564 | + 0.778 | 26 |
| 7 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:30.600 | + 0.814 | 26 |
| 8 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:30.608 | + 0.822 | 25 |
| 9 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:30.842 | + 1.056 | 27 |
| 10 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:30.886 | + 1.100 | 25 |
| 11 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:30.960 | + 1.174 | 27 |
| 12 | Естебан Окон | Алпин | 1:31.023 | + 1.237 | 29 |
| 13 | Ландо Норис | Мекларен | 1:31.029 | + 1.243 | 23 |
| 14 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:31.044 | + 1.258 | 25 |
| 15 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:31.099 | + 1.315 | 26 |
| 16 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:31.296 | + 1.510 | 26 |
| 17 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:31.343 | + 1.557 | 28 |
| 18 | Мик Шумахер | Хас | 1:31.525 | + 1.739 | 24 |
| 19 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:31.821 | + 2.035 | 27 |
| 20 | Никита Мазепин | Хас | 1:33.464 | + 3.678 | 23 |
| ХИБРИДНА ЕРА - ЏЕДА 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:29.786 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||||
