Во Џеда е тесно, а сообраќајот е секогаш проблем на уличните патеки. Но, поради различните брзини помеѓу возачите што се во брз круг и некој што се обидува да се тргне од пато, а разликата е огромна, утре може да имаме интересни ситуации помеѓу возачите.
Градските патеки не простуваат ни најмали грешки, а тоа на своја кожа го почувствува Чарлс Леклер, кој беше првиот возач кој имаше поголем инцидент. Губејќи го задниот дел од неговиот SF21, тој заврши во бариерите со прилично силен удар. Се надеваме дека тој возеше со "петочен" менувач, а механичарите на Ферари ќе имаат полни раце работа.
Мерцедес АМГ изгледа побрз на најмеката црвена гума, Ред Бул изгледа удобно на жолтите и бели гуми. Двајцата ривали за титулата ќе треба да ги отстранат сите слабости, со само еден тренинг пред почетокот на утрешните квалификации, кои веројатно ќе бидат клучни за исходот на трката. Во моментов предноста е кај Мерцедес АМГ.
Во Џеда, разликата во температурата на воздухот и патеката на двата петочни тренинзи не беше толку голема како на другите патеки, каде што трката се вози по зајдисонце. Возачите се фокусираа на гумите на Пирели, оценувајќи го абењето и деградацијата, прво на потврдите смеши, во подолги стинтови, а потоа на помеките.
Многу возачи го изгребаа подот на своите болиди минувајќи врз рабниците на свиокот 11, но тоа не доведе до сериозни оштетувања, како пред две недели во Катар. На средина од тренинг сесијата Шумахер удри со десните тркала во заштитните бариери, но без последици по болидот. Мазепин се изврте во вториот свиок, по што тој продолжи да вози.
Како што напоменавме тренингот имаше предвремен крај поради црвените знамиња, кои беа развеани на четири минути пред крајот, кога Леклер го уништи својот болид. Моначанецот сам излезе од ферарито, се извини на својот тим, но штетата е сериозна.
Исто така, тој беше испратен на превентивен преглед во медицинскиот центар, а стјуардите одлучија тренингот да не продолжи. Со тоа возачите останаа без шанси за вежбање на старт процедурите, што стандардно се одвиваат на крајот од секоја тренинг сесија.
| 2021 ГН САУДИСКА АРАБИЈА - ТРЕНИНГ 2 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:29.018 | 22 | |
| 2 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:29.079 | + 0.061 | 23 |
| 3 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:29.099 | + 0.081 | 22 |
| 4 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:29.215 | + 0.195 | 20 |
| 5 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:29.441 | + 0.423 | 21 |
| 6 | Естебан Окон | Алпин | 1:29.555 | + 0.537 | 22 |
| 7 | Карлос Саинц Јр | Ферари | 1:29.589 | + 0.571 | 24 |
| 8 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:29.597 | + 0.579 | 20 |
| 9 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:29.768 | + 0.750 | 22 |
| 10 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:29.772 | + 0.754 | 23 |
| 11 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:29.968 | + 0.950 | 22 |
| 12 | Ландо Норис | Мекларен | 1:30.004 | + 0.986 | 19 |
| 13 | Антонио Џовинаци. | Алфа Ромео | 1:30.110 | + 1.092 | 23 |
| 14 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:30.276 | + 1.258 | 24 |
| 15 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:30.442 | + 1.424 | 22 |
| 16 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:30.502 | + 1.484 | 21 |
| 17 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:30.506 | + 1.488 | 24 |
| 18 | Мик Шумахер | Хас | 1:30.652 | + 1.634 | 20 |
| 19 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:31.039 | + 2.021 | 23 |
| 20 | Никита Мазепин | Хас | 1:31.629 | + 2.611 | 20 |
| ХИБРИДНА ЕРА - ЏЕДА 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:29.018 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||||
