Во 2021 година, трката во Абу Даби ја решава судбината на Шампионската титула, Макс Ферстапен и Луис Хамилтон имаат еднаков број на поени, а квалификациите беа дел од интензивната борба на надмудрување на Мерцедес АМГ и Ред Бул.
Патеката Јас Марина беше реновирана, т.е. подобрена за тркање, со намалување на бројот на свиоци и стана 273 метри пократка, но потечна за возење и побрза. ФИА го следеше прекршувањето на границите на патеката во свиоците 7, 15 и 16, и за време на трите тренинг сесии беа избришани времињата од 33 круга.
Во петокот на тренинг сесите водеа Ферстапен и Хамилтон, денес на саботиот тренинг повторно Луис беше побрз, а Макс имаше предност само во бавниот трет сектор.
Пирели уште еднаш ги донесе најмеките смеши, C3, C4 и C5, во Абу Даби, во улога на бели, жолти и црвени гуми, но на побрзата конфигурација на патеката гумите се трошеа побрзо од претходно.
Во Q1 сесијата, Ферари ги избра жолтите гуми, додека останатите тимови излегоа на патеката на црвените гуми. Имаше густ сообраќај на патеката, па одредени возачи не секогаш беа овозможени да го завршат својот брз круг.
Во првиот обид Хамилтон го забележа најбрзото време, а Макс со вториот брз круг успеа да биде во негова близина. Кругот на Гасли беше избришан поради прекршување на границите на патеката во 16-от свиок.
Мик Шумахер исто така имаше проблем со границите на патеката, а Ландо Норис успеа да турне едно од столпчињата покрај патеката. Сесијата беше прекината на една минута за тоа да се отстрани од патеката.
До крајот останаа уште шест минути, а овој пат сите излегоа на црвените гуми. Ферстапен и Норис го пропуштија обидот. Окон му пречеше на Ветел додека Германецот се подготвуваше за брз круг.
Хамилтон возеше уште побрзо, речиси половина секунда побрзо од Ферстапен. Од понатамошниот тек на квалификациите отпаднаа Николас Латифи, Џорџ Расел, Кими Раиконен, Мик Шумахер и Никита Мазепин.
Во Q2 сесијата, Ветел, Строл, Саинц Јр., Окон, Алонсо и Рикиардо ги избраа црвените гуми за првиот обид, а останатите излегоа на жолтите гуми. Најдобро време го имаше Луис Хамилтон, четири илјадитинки пред Ферстапен.
Во вториот обид, Макс ги блокираше предните тркала при сопирање за влез во првиот свиок, по што се врати во својата гаража и излезе на патеката во последните минути од сесијата на црвени гуми со кои го забележа најбрзото време.
Од понатамошната борба отпаднаа Фернандо Алонсо, Пјер Гасли, Ленс Строл, Антонио Џовинаци и Себастијан Ветел.
Јуки Цунода за прв пат го победи својот тимски колега, Пјер Гасли во квалификациите. Французинот се жалеше на ладните сопирачки во неговиот последен обид.
На Чарлс Леклер му беше избришан еден круг поради излегување надвор од патеката во 16-от свиокот.
Само тројца возачи се пласираа во Q3 сесијата на жолтите гуми и тоа: Хамилтон, Ботас и Цунода. Во трката, Макс и Луис ќе стартуваат со различни гуми.
Во финалниот сегмент од квалификациите борбата се одвиваше на црвените гуми. Ред Бул го замоли Перез да му помогне на Ферстапен, обезбедувајќи му заветрина. При првите брзи круга, Холанѓанецот го имаше најбрзото време, со повеќе од половина секунда предност од тоа на Луис Хамилтон.
Јуки Цунода имаше извонредно постигнување забележувајќи време за П4, но тоа беше избришано поради минималното излегување од границите на патеката при 16-от свиок.
Во вториот обид Луис нападна, но можеше да врати само две десетинки од супер брзото време на Макс. Ландо Норис заврши на третото место, додека Ботас беше само шести.
| ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА АБУ ДАБИ - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:22.109 | |
| 2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:22.480 | + 0.371 |
| 3. | Ландо Норис | Мекларен | 1:22.931 | + 0.822 |
| 4. | Серџо Перез | Ред Бул | 1:22.947 | + 0.838 |
| 5. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:22.992 | + 0.883 |
| 6. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:23.036 | + 0.927 |
| 7. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:23.122 | + 1.015 |
| 8. | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:23.220 | + 1.111 |
| 9. | Естебан Окон | Алпин | 1:23.389 | + 1.280 |
| 10. | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:23.409 | + 1.300 |
| Q2 Најбрзо Време: Макс Ферстапен - 1:22.800 | ||||
| 11. | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:23.460 | + 0.660 |
| 12. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:24.043 | + 1.243 |
| 13. | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:24.067 | + 1.267 |
| 14. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:24.251 | + 1.451 |
| 15. | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:24.305 | + 1.505 |
| Q1 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:22.845 | ||||
| 16. | Николас Латифи | Вилијамс | 1:24.338 | + 1.493 |
| 17. | Џорџ Расел | Вилијамс |
1:24.423 | + 1.578 |
| 18. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:24.779 | + 1.934 |
| 19. | Мик Шумахер |
Хас | 1:24.906 | + 2.061 |
| 20. | Никита Мазепин | Хас | 1:25.685 | + 2.840 |
| 107% време: 1:28.644 | ||||
|
ХИБРИДНА ИСТОРИЈА - ЈАС МАРИНА 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:40.480 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:40.237 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:38.755 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:36.231 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:34.794 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:34.779 2020 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:35.246 2021 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:22.109 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia | ||||
