Изјави од победниците и губитниците на квалификациите за Големата Награда на Абу Даби.
ПОБЕДНИЦИ
Макс Ферстапен, П1: "Секогаш е добро да се има вакви перформанси како денес, но нема гаранции за утре, сепак очекувам да биде навистина тешка битка."
"Првично планирав да стартувам на жолтите гуми, но ги оштетив, па морав да се префрлам на црвените, на кои што всушност се чувствував прилично добро при долгите стинтови."
"Досега болидот беше добар и за време на тренинг сесиите се подобрувавме. Мислам дека се беше добро, особено со помош на Чеко, се беше добро направено."
"Тој е одличен тимски колега и вистинско задоволство е да се работи со него, многу му благодарам. Се надевам дека ќе имаме добар старт и оттука можеме да имаме одлична трка."
Ландо Норис, П3: "Многу сум среќен. Не очекував да бидам на третата позиција, но болидот се однесуваше одлично и исто така почувствував како да имам многу добар круг кога најмногу ми требаше при мојот втор обид во Q3."
"Сите коцки си дојдоа на вистинското место и си ја дадов најдобрата позиција за утрешната трка за да освојам добри поени."
"Значи, возбуден сум и со нетрпение ја очекувам трката, која ќе биде тешка, но ние ќе дадеме се од себе."
Јуки Цунода, П8: "Досега имав добар викенд, но секако дека сум малку фрустриран поради избришаниот круг за прекршување на границите на патеката во Q3."
"Мојата самодоверба се врати викендов и тоа се покажува на патеката. Денес се почувствував најбезбеден и сигурен во болидот од првата трка во Бахреин, така што ова е навистина позитивно искуство."
"Навистина сум среќен со мојот Q2 круг и тоа значи дека ќе ја започнам трката на жолтите гуми, што е навистина силна позиција за трката."
"Дефинитивно добар начин да се заврши сезоната, со силни квалификации, и само треба утре да извозам добро, кога се се брои."
ГУБИТНИЦИ
Фернандо Алонсо, П11: "Болидот се однесуваше прилично добро, па штета е што не се пласиравме во Q3 по проблемите на крајот. Загревачкиот круг во Q2 беше хаос и се чинеше дека нема никакви правила на однесување."
"Ме потсети на она што се случи во Австрија каде имаше казни. За жал, нема кој да го суди ова. Очекувам да се искачиме неколку места, но да видиме каде ќе започнеме."
"Среќен сум што имам слободен избор на гуми, па ни дава можност за повеќе варијанти за нашата стратегија и утре да освоиме бодови."
Себастијан Ветел, П15: "Не беше мој ден, главно поради проблеми со сообраќајот. Бев попречен во Q1, но успеав да се пласирам во Q2 каде што имаше уште повеќе проблеми."
"Сите возачи ја намалија брзината на крајот од кругот. Морав целосно да застанам, гумите беа ладни, што ми го уништи последниот обид. Затоа, ќе стартувам од П15. "
"Нашето тркачко темпо би требало да биде конкурентно, па да видиме што можеме да направиме."
Кими Раиконен, П17: "Бев во прилично добар круг на мојата последна трка во Q1, времето изгледаше добро, но излегов во 13-от свиок и тоа беше тоа. Штета, бидејќи болидот се однесуваше добро."
"Утре е нов ден, почнувам доста назад на гридот, но ќе се обидам да ја имаме најдобрата можна трка и да забележиме добар резултат."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ НА ЈАС МАРИНА
12/11/2021 08:33:00 PM
0
Share to other apps
