Макс Ферстапен и Чарлс Леклер трката ќе ја започнат од вториот, Перез и Гасли од третиот ред. Под знак прашање е дали Холанѓанецот ќе има потреба од нов менувач, откако заврши во бариерите покрај патеката. Променатата на менувач носи казна од 5 стартни позиции.
Дневната трка во Формула 2 покажа дека на градската патека во Џеда може да се претекнува, иако тоа не е лесно, па резултатите од квалификациите беа многу важни. Добрата стартна позиција дава голема предност во трка која има клучна улога во борбата за титулата.
Дури и во долгиот круг од шест километри, резултатите од тренинг сесиите беа многу блиски. Во петокот Хамилтон забележа најдобро време, на денешниот тренинг најбрз беше Ферстапен.
До почетокот на квалификациите, механичарите на Мерцедес АМГ успеаа да го променат моторот во болидот на Ботас, кога по тренингот, тимот откри истекување на гориво. Се помина без казна, затоа што беше монтиран еден од многуте мотори на Финецот.
Во Q1 сесијата сите сите возачи излегоа на црвените гуми. Луис Хамилтон погреши во првиот брз круг, но веднаш го започна вториот и го постави најбрзото време, но најпрвин Саинц возеше побрзо, па Ферстапен, за на крајот Перез да го има најдоброто време.
Карлос Саинц Јр. за влакно избегна судир со бавниот болид на Пјер Гасли. Возачот на АлфаТаури беше повикан кај стјуардите, кои одлучија да му дадат само ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ. Ленс Строл избегна судир со Мазепин. Во последните мигови од сесијата, Ботас се пожали на прекини во палењето, се упати кон својата гаража, но неговиот инженер нареди да го исклучи моторот и застане.
Од понатамошната борба отпаднаа Николас Латифи, Себастијан Ветел, Ленс Строл, Мик Шумахер и Никита Мазепин.
Во Q2 сесијата, речиси сите возачи се одлучија за првичен круг на жолтите гуми, само Расел ги избра жолтите. Мерцедес АМГ го реши проблемот со болидот на Ботас, по што Финецот веднаш ја започна новата сесија.
Некои од возачите, помеѓу кои и Хамилтон, мораа да имаат серија на кругови, постепено ставајќи ги гумите во функција. Времето на Саинц Јр. беше избришано поради излетување од патеката во четвртиот свиок, по што почнаа проблемите за Шпанецот во Ферари.
Во неговиот следен обид имаше излатување во 10-от свиок, при тоа минимално закачувајќи ја заштитната бариера, по што тој продолжи да вози, но во следниот брз круг повторно направи грешка, велејќи дека болид не може да се контролира. Мало оштетување на задното крило, кое му донесе големи проблеми.
Раиконен во брз круг го зафати болидот на Валтери Ботас, кој се враќаше кон својата гаража. Антони Џовинаци имаше контакт со заштитните бариери. Најбрзото време го забележа Луис Хамилтон, а Даниел Рикиардо, Кими Раиконен, Фернандо Алонсо, Џорџ Расел и Карлос Саинц Јр. не се пласираа во финалниот сегмент на квалификациите.
Во Q3 сесијата, борбата се одвиваше на црвените гуми и повторно некои од возачите мораа да возат серија на кругови, постепено загревајќи ги гумите. Макс Ферстапен уште од првиот брз круг го имаше најбрзото време.
Во вторите обиди Луис Хамилтон се подобри за врвот на табелата, а Валтери Ботас се најде на втората позиција. Во последниот брз круг, Макс Ферстапен по мерното време на вториот сектор имаша супер брзо време, за речиси три десетинки побрзо од тоа на Мерцедес АМГ, но, во последниот свиок, болидот пролизга, по што Холанѓанецот удри во заштитната бариера со задното десно тркало. Како во случајот во Саинц Јр., минимална грешка, кои најбрзата градска патека во Џеда, скапо ги наплаќа!!!
| ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА САУДИСКА АРАБИЈА - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:27.511 | |
| 2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:27.622 | + 0.111 |
| 3. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:27.653 | + 0.142 |
| 4. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:28.054 | + 0.543 |
| 5. | Серџо Перез | Ред Бул | 1:28.123 | + 0.612 |
| 6. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:28.125 | + 0.614 |
| 7. | Ландо Норис | Мекларен | 1:28.180 | + 0.669 |
| 8. | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:28.442 | + 0.931 |
| 9. | Естебан Окон | Алпин | 1:28.647 | + 1.136 |
| 10. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:28.754 | + 1.243 |
| Q2 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:27.712 | ||||
| 11. | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:28.668 | + 0.956 |
| 12. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:28.885 | + 1.173 |
| 13. | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:28.920 | + 1.208 |
| 14. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:29.054 | + 1.342 |
| 15. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:53.652 | + 25.940 |
| Q1 Најбрзо Време: Серџо Перез 1:28.021 | ||||
| 16. | Николас Латифи | Вилијамс | 1:29.177 | + 1.156 |
| 17. | Себастијан Ветел | Астон Мартин |
1:29.198 | + 1.347 |
| 18. | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:29.368 | + 1.599 |
| 19. | Мик Шумахер |
Хас | 1:29.464 | + 1.751 |
| 20. | Никита Мазепин | Хас | 1:30.473 | + 2.452 |
| 107% време: 1:34.182 | ||||
|
ХИБРИДНА ИСТОРИЈА - ЏЕДА 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:27.511 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia | ||||
