Изјави од победниците и губитниците на квалификациите за Големата Награда на Саудиска Арабија.
ПОБЕДНИЦИ
Луис Хамилтон, П1: "Ова место е една од најтешките патеки за погодување на вистинскиот сет-ап на болидот, а јас цело време бев на лимитот на неговите можности. Беше премногу тешко да се извлече максимумот од гумите и да се разбере нивното однесување."
"Овде е толку топло, но имавме проблеми да ги загрееме во нивниот вистински работен опсег, и предните и задните гуми, а во исто време да го имаме потребниот грип на почетокот на кругот."
"Многу сум горд и благодарен што успеавме да го обезбедиме првиот стартен ред, утре ќе имаме интензивна трка. Секогаш е важно да го имам Валтери покрај мене, особено во овој дел од годината. Тој вози исклучително добро и се надевам дека утре можеме да завршиме добра тимска работа."
Валтери Ботас, П2: "Добивате толкав наплив на адреналин на оваа патека! Утре ќе биде тешко, ова место е толку интензивно, но барем почнуваме од најдобрите места. Со оглед на тоа колку незгодни беа денешните квалификации, ова е одличен резултат."
"Утре старт од левата страна ќе биде незгодно и правливо, но ќе се трудам да ја задржам позицијата. Ова е една од најтешките патеки во годината, и психички и физички, што е возбудливо затоа што утре се може да се случи."
Чарлс Леклер, П4: "Многу сум задоволен од моите квалификации. Денешниот ден беше за враќање на самодовербата на оваа патека и работев на тоа уште од првиот круг на тренинг сесијата, па се до последниот круг во квалификациите."
"Болидот го доведов до самиот лимит и П4 е многу добар резултат, кој што не го очекувавме.
Утре ќе биде тешка, но возбудлива трка. И покрај тоа што е улична патека, трите долги правци овозможуваат претекнување повеќе отколку што очекувавме."
"Нашето тркачко темпо беше силно цел викенд, така што треба да имаме добра можност ако имаме чиста трка.
Голема благодарност до сите во нашиот тим за неверојатната работа што ја направија минатата ноќ за да го вратат болидот во совршена форма. Ќе дадам се од себе за да им се оддолжам со добар резултат."
ГУБИТНИЦИ
Макс Ферстапен, П3: "Бев во навистина добар круг додека не го загубив во последниот свиок. Мислев дека му пристапив на истиот начин како што го минував низ целата сесија, но го загубив задниот дел."
"Вознемирен сум и секако резултатот е разочарувачки, но, имаме две трки до крајот и се може да се случи. Имавме добар болид на квалификациите и сите коцки се склопуваа како што сакавме, што ми дава надеж за утрешната трка, исто така, знаејќи дека темпото беше тука."
"Се надевам дека се ќе биде добро за утрешниот ден и ако е така, треба да имаме добри шанси за атакување на победничкиот подиум."
Серџо Перез, П5: "Бев брз во Q1 и Q2, а потоа во Q3, мислам дека пристапот што го направивме со гумите не беше вистинскиот. Одеднаш имав многу подуправливост и не можев да го достигнам времето од Q2 сесијата. Овие гуми се толку пребирливи што ако не сте во вистинскиот температурен прозорец, тогаш балансот на болидот е сосема поинаков и тоа ми се случи денес."
"Ова е патека која бара голем физички напор, но и ментален предизвик. Денеска не беше идеален ден за нас како тим, но утре ќе имаме долга трка и сѐ уште се може да се случи. Со нетрпение го очекувам тоа."
"Ќе видиме дали стартот од чистата страна на гридот ќе биде предност, ќе нападнам веднаш, а потоа ќе се обидам да бидам во комбинација со лидерите."
Карлос Саинц Јр., П15: "Денешните квалификации беа тешки за разбирање. Бев брз и се чувствував добро во болидот и само еден мал удар ги загрози квалификациите и утрешната трка."
"Од претходните сесии знаев дека сум брз на жолтите гуми. Во 10-от свиок имав силен момент на преуправливостѕ, по што ја изгубив контролата врз болидот и, иако успеав да избегнам голем судир, го допрев ѕидот и го оштетив задното крило."
"Преуправливоста беше неочекувана, бидејќи дотогаш на нити една од претходните сесии не се појави во нити еден момент.
Немаше време да се замени оштетеното задно крило и момците дадоа се од себе да го поправат колку можат."
"Бев доста брз во првиот дел од кругот, но штом се оптовари задното крило, сфатив дека потисната сила е многу компромитирана и морав да прекинам. Трката утре ќе биде неизвесна и се може да се случи. Имам доверба во моето темпо и ќе дадам се од себе за да надополнам неколку позиции и да се обидам да освојам поени."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО ЏЕДА
12/04/2021 10:28:00 PM
0
Share to other apps
