Џеда, нема да бидете изненадени да слушнете, е привремена градска патека, иако со некои постојани делови, која се наоѓа на 30 километарското крајбрежје на овој антички град.
Дизајнирана од компанијата Тилке, во соработка со Формула 1, чиј тим го користеше Google Earth за нивните првични истражувања за потенцијалните конфигурации. Придружните елементи на патеката се уште не се целосно завршени.
Просечната брзина на денешната трка се очекува да биде над 250 км/ч, што е побрзо од Силверстоун и втора во календарот, веднаш зад Монца. Таа ќе биде најбрзата градска патека што некогаш била видена во Формула 1, исто така и патека со најмногу свиоци, 27, во календарот за 2021 година.
Пандемијата однесе многу животи, но кризата што ја предизвика имаше позитивно влијание врз Формула 1. Во ситуација кога треба брзо да најдете алтернатива за долгорочните договори, Либерти Медиа покажа изненадувачка флексибилност.
Неочекувано и тимовите беа единствени, носејќи неколку важни одлуки за кои претходно се разговараше со години. Во спротивно, едноставно не беше можно да се преживее.
Повеќето од тимовите живеат со долгови, отплаќајќи ги заемите на сметка на паричните награди, кои секогаш допрва ќе се заработат. Претходно, тоа беше ризичен бизнис во кој, со среќа, можеш да го постигнеш џекпотот, но обично тимовите пропаѓаа. Со сега ограничени трошоци, Формула 1 може да биде профитабилен бизнис за секого.
Да, многу трки не донесоа ист приход, но поминаа, дозволувајќи им на тимовите да заработат пари, а Формула 1 да ги исполнат договорите со ТВ-компаниите. За прв пат во календарот ги видовме Голема Награда на Штаерска, Тоскана, Ајфел, Емилија-Ромања, Сахир, враќањето на трка во Турција, Португалија и Холандија.
Појавувањето во календарот на трки во Катар и Саудиска Арабија е следниот чекор за излез од кризата. Станува збор за нови договори кои веќе ги потпиша Либерти Медиа.
На последните две трки, во Бразил и Катар, Хамилтон ја намали разликата до Макс Ферстапен за повеќе од половина, од 19 на 8 поени. Во Сао Пауло ситуацијата изгледаше катастрофална за Мерцедес АМГ, беа супер брзи на квалификациите, но Луис беше дисквалификуван и стартуваше последен во спринтот, а потоа загуби уште пет места во трката за замена на моторот. Но, сепак лесно победи.
Една недела подоцна тој беше убедлив и на трката во Катар, не користејќи го најбрзиот мотор. Тој со кој имаше импресивно темпо во Бразил остана на залиха, но за оваа трка тој е монтиран во неговиот болид.
Макс Ферстапен има солидно водство. Осум бода се повеќе од разликата меѓу првото и второто место, а годинава кога Макс финишира со Топ 5 пласман, тоа е секогаш најмалку второ место.
Под одредени околности, може да ја освои титулата во Џеда, но најверојатно е дека судбината на титулата ќе се решава на реновираната патека во Абу Даби, каде што сега, можеби, ќе може да се претекнува.
Макс доколку ја освои титулата ќе биде заслужено, иако ако тоа го направи Луис Хамилтон, нема да биде незаслужено, туку повеќе стандарна шема, благодарејќи на моќната Мерцедес ПЕ. За Формула 1 и нејзината гледаност подобар исход ќе биде првата опција.
Двајцата имаат одлична сезона. Тие беа брзи, стабилни и недостижни за тимските колеги. Формално, двете патеки што остануваат во календарот се посоодветни за Мерцедес АМГ. Секоја ситница, секој проблем, може да реши сè. Идеален за крајот на сезоната е се да се решава на патеката, а не во собата на стјуардите и не во апелациониот суд за неколку месеци.
Пирели верува дека стратегијата со едно застанување за промена на гуми со почетен стинт на жолтите гуми и завршен на белите е најбрзиот начин да се комплетираат 50-те круга за Големата Награда на Саудиска Арабија.
Стартот на жолтите гуми им дава на возачите поголема слобода во изборот на стратегија, оставајќи можност да се комплетира трката со едно или две застанувања во бокс, во зависност од ситуацијата на патеката.
Друга варијанта на стратегијата со еден пит-стоп е употребата на црвените и бели гуми, но иако теоретски во одно на брзината не е инфериорна во однос на првата варијанта, возачите ќе мора повеќе да ја менацираат состојбата на гумите, во зависност од карактеристиките на болидот.
Стратегијата со две застанувања за промена на гуми е очигледно побавна, но може да биде поволна во случај на излегување на безбедносниот автомобил, кога возачите ќе може да ги менуваат гумите без да губат време.
Луис Хамилтон ја освои Пол позицијата со помош на црвените гуми, поставувајќи инаугуративен рекорд на патеката од 1:27.511, многу блиску до времето кое го прогнозираа симулаторите - 1:27.150.
Британецот трката ќе ја започне на жолтите гуми, откако ги искористи за да го постави своето најбрзо време во Q2 сесијата. Тоа беше најпопуларниот избор, па така девет од 10-те најбрзи возачи на гридот ќе стартуваат на медиум смешата со цел да таргетираат еден пит-стоп. Само Ландо Норис го забележа своето најбрзо време на црвените гуми.
Патеката нудеше солиден грип од почеток до крај, со добар степен на еволуција во текот на квалификациите, како што покажуваа се побрзите времиња. Условите во текот на квалификациите беа слични на тренинг сесиите, со околу 30 степени на воздухот и асфалтот, останувајќи конзистентни во текот на целата сесија.
Марио Изола, Пирели: "Со оглед на тоа што ова беше вториот најдолг круг во сезоната, тимовите и возачите имаа релативно ограничени можности да направат се како што треба, во смисла на подготовка за најбрзиот круг. Жолтите гуми беа фаворизирани речиси од сите возачи во Q2 сесијата, при што Ландо Норис беше единствениот кој ќе стартува на црвените во Топ 10 пласманот."
"Ќе биде фасцинантно да се види што може да направи, опкружен со толку многу болиди кои стартуваат на жолтите гуми. Двете најбрзи стратегии на хартија се жолти/бели или црвени/бели, со што при вториот избор ќе биде потребно повнимателно менаџирање на црвените гуми."
"Очекуваме мнозинството возачи да таргетираат едно застанување за замена на гуми, но има многу непознати елементи кои би можеле да влијаат на стратегијата. И покрај должината на кругот, разликите беа неверојатно блиски, со 10 возачи распоредни во само неколку десетинки од секундата на оваа сосема нова патека."
На крајот од квалификациите, Макс Ферстапен удри со болидот во заштитните бариери покрај последниот свиок. Ударот не беше премногу силен, но аголот на допир на болидот со ѕидот сугерираше дека можеби неговиот менувач е оштетен.
Сепак, иако ова се уште не е официјално потврдено од ФИА, но холандскиот печат, повикувајќи се на свои извори, пишува дека се е во ред со менувачот на болидот на Макс и дека нема да биде потребна замена, па тој ќе стартува од третата позиција.

| ГОЛЕМА НАГРАДА НА САУДИСКА АРАБИЈА СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
| 1. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 2. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 3. МАКС ФЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 4. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 5. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕД БУЛ | |
| 6. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 7. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 8. ЈУКИ ЦУНОДА - АЛФАТАУРИ | |
| 9. ЕСТЕБАН ОКОН - АЛПИН | |
| 10. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 11. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - МЕКЛАРЕН | |
| 12. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 13. ФЕРНАНДО АЛОНСО - АЛПИН | |
| 14. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 15. КАРЛОС САИНЦ Јр. - ФЕРАРИ | |
| 16. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
| 17. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 18. ЛЕНС СТРОЛ - АСТОН МАРТИН | |
| 19. МИК ШУМАХЕР - ХАС | |
| 20. НИКИТА МАЗЕПИН - ХАС | |
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|