Макс Ферстапен дојде на трката во Џеда како лидер во шампионатот со можност да ја освои титулата ако заработи 18 поени повеќе од Луис Хамилтон. Новата патека во Џеда е пријатно изненадување за сите и возачите.
Можеби архитектонското биро на Херман Тилке решило да одговори на сите што нивните проекти ги сметале за здодевни, или факт е дека конфигурацијата не ја нацртал Херман, туку неговиот син Карстен, но патеката импресионираше и предизвика почит, но и страв кај повеќето возачи.
Огромните брзини и слепите свиоци привлекоа внимание. Штом некој од болидите поради некоја причина би изгубил брзина или застанал, тие зад него можеа да налетаат директно во нив.
Во СПА-Франкоршамп, по смртта на Антоан Хуберт, одлучија да го реновираат легендарниот свиок Eau Rouge, а слична ситуација може да се очекува на десетина места. Искусниот Серџо Перез по квалификациите рече дека ризикот е неразумно висок, а болидите ги возат вистински луѓе.
Влоговите за титулата во финишот на една возбудлива сезона беа големи. Тимовите направија се за да им овозможат на своите лидери максимална брзина, Луис и Макс дадоа се најдобро од нивните можности, доведувајќи ги болидите до самиоте нивни можности. Ова не се случило долго време.
Во квалификациите веќе се навестуваше дека во подобра позиција е тимот на Мерцедес АМГ. Нивниот болид подобро се однесуваше на патеката, Луис ја имаше подршката на својот тимски колега. Макс беше брз, возејќи го болидот над неговите можности, бидејќи ја немаше подршката на својот тимски колега.
Луис го освои петтата Пол позиција во сезоната со болид подесен за трка, а Валтери Ботас го забележа второто најбрзо време. Макс, откако имаше најдобро време во првите два сектори во решавачкиот брз круг, ја изгуби контролата врз болидот во третиот.
Ова беше трка која требаше да помине во сеќавање на Френк Вилијамс. Сите болиди носеа налепници во негов спомен. Пред почетокот на трката имаше едноминутно молчење, а потоа на Сер Френк му аплаудираа. Во падокот имаше книга на жалост, во која сите можеа да напишат по некој збор за спомен.
Викендов имавме трки во Формула 2, кои навестија дека ќе имаме многу инциденти. Парадата на возачите во Формула 1 беше откажана, немаше време за тоа. Хамилтон и Ботас стартуваа од првиот ред, Ферстапен и Леклер од вториот, Перез и Гасли од третиот. Во првите десет, сите освен Норис, кој ги избра црвените, стартуваа на жолтите гуми. Од оние кои имаа слободен избор, Рикиардо, Саинц Јр. и Ветел стартуваа на белите гуми, останатите на жолти.
На стартот Хамилтон го задржа водството, пред Ботас и Ферстапен. Битка без инциденти. Ландо Норис и Естебан Окон успаа да го претекнат Пјер Гасли, а неговиот тимски колега, Јуки Цунода загуби четири позиции.
И покрај најавениот хаос на стартот се помина како што треба, со многу претекнувања и неколку излегувања надвор од патеката. Овој расплет на настаните беше до 10-от круг, кога Мик Шумахер излета и заврши во заштитните бариери покрај 22-от свиокот.
Веднаш беше воведен безбедносниот автомобил, а поредокот зад него беше: Хамилтон, Ботас, Ферстапен, Леклер, Перез, Норис, Окон, Рикиардо, Гасли, Саинц Јр..
Во тимот на Мерцедес АМГ се решија да го искористат тоа и ги променат гумите кај двајцата нивни возачи. Нивниот пример го следеа Леклер, Перез, Норис, Алонсо и Латифи.
Ферстапен остана на патеката и го презеде водството, а новиот поредок беше: Ферстапен, Хамилтон, Ботас, Окон, Рикиардо, Леклер, Гасли, Перез, Саинц Јр., Џовинаци.
Но, во 13-от круг, трката беше прекината, поради тоа што мораше да се изнесе кран на патеката за да се поправат заштитните бариери оштетени од излетувањето на Мик Шумахер. Возачите се наредија на пит-линијата, а тие што не влегоа во бокс, можеа да ги сменат гумите.
Паузата траеше 18 минути, а потоа беше најавено рестартирање. При секое црвено знаме имаме стоечки старт, во овој случај вториот на трката. Рикиардо, Перез, Саинц Јр., Ветел и Латифи продолжија да се тркаат на жолти, а останатите на белите гуми.
На рестартот, Хамилтон го престигна Ферстапен. Макс ги блокираше гумите, го престигна Британецот надвор од патеката и го задржа водството. Незгодната битка на ривалите за титулата ја искористи Естебан Окон, кој се најде пред Луис Хамилтон.
Поназад Чарлс Леклер и Серџо Перез имаа контакт, по што Мексиканецот се изврте и заврши во заштитните бариери. Никита Мазепин удри во болидот на Џорџ Расел кој забави за да го избегне претходно споменатиот судир.
Болидите на Перез, Расел, Мазепин останаа на асфалтот, па трката повторно беше прекината. Требаше да се евакуираат трите болиди и да се исчистат многуте остатоци од карбон по асфалтот.
Поредокот на трката беше: Ферстапен, Окон, Хамилтон, Рикиардо, Ботас, Гасли, Леклер, Џовинаци, Саинц Јр., Ветел. Поради тоа што немаше време за реакција од страна на Макс, т.е. да ја врати нелегално стекнатата позиција, директорот на трката, Мајкл Маси, му предложи на Ред Бул да ја врати позицијата на Хамилтон пред новиот рестарт на трката, како би се избегнале дополнителни одлуки на стјуардите.
По кратко размислување, Ред Бул се согласи. Овој пат паузата траеше 20 минути. Рестартот беше најавен со третиот стоечки старт на оваа трка. На патот до стартните позиции, Ферстапен го пропушти Хамилтон, а топ 5 редоследот беше: Окон, Хамилтон, Ферстапен, Рикиард, Ботас. Ферстапен, Рикиардо, Ботас, Саинц Јр., Ветел, Цунода и Строл го избраа жолтите гуми, а останатите продолжија да се тркаат на белите.
На рестартот, Ферстапен го презеде водството во трката, пред Хамилтон и Окон, кои се бореа меѓу себе, имаше мал контакт, но двајцата продолжија да се движат. Британецот имаше минимално оштетување на предно крило.
Хамилтон го престигна Окон за второто место во 18-от круг и веднаш се доближи до Холанѓанецот. Ферстапен и Хамилтон наизменично ги бележеа најбрзите кругови, брзо одделувајќи се од останатите болиди. Забележително беше дека Мерцедесот и покрај половина секунда побавните гуми има побрзо темпо од Ред Бул на побрзата смеша.
Во 23-от круг Ветел и Цунода се судрија во борба за позиција, по што беше воведен режим на виртуелен безбедносен автомобил. Себастијан продолжи да се движи, а Јуки се врати во боксот без предно крило и, откако го замени, повторно се врати на патеката, но доби и казна од пет секунди од стјуардите за предизвикување судир.
Во 25-от круг борбата продолжи, а веќе во 26-от круг се судрија Ветел и Раиконен, по што Финецот во следниот круг ги смени гумите и предното крило. Алонсо извести дека има многу остатоци во шестиот и десеттиот свиок, па директорот на трката повторно го објави режимот на виртуелен безбедносен автомобил.
Топ 10 поредокот во 30-от круг беше: Ферстапен, Хамилтон, Окон, Рикиардо, Ботас, Гасли, Џовинаци, Саинц Јр., Леклер, Строл. Во 33-от круг борбата продолжи. Во 34-от круг, Алонсо го престигна Ветел за 13-тото место, за да во 36-от круг, повторно биде воведен режимот на виртуелниот безбедносен автомобил, поради остатоци од Астон Мартинот на Ветел.
Во 37-от круг, Хамилтон имаше обид за престигнување на Макс Ферстапен, но Холанѓанецот повторно доцна сопираше и двајцата возачи завршија надвор од патеката, по што тој го задржа водството. На Ферстапен му беше кажано да ја врати позиција на Хамилтон, по што тој ја намали брзината, а Британецот се залепи зад него, но не сакаше да престигне.
Овде Макс ја направи грешката која по трката го чинеше 10 секунди дополнителна казна, бидејќи притисна на сопирачките наместо само да ја испушти педалата за гас. Луис Хамилтон во последен момент сврте настрана, но го оштети предното крило.
Ферстапен уште еднаш доби наредба да му ја врати позицијата на Хамилтон. Во 42-от круг Ферстапен го пропушти Хамилтон и веднаш го претекна. На стјуардите им здодеа да чекаат, па на Ферстапен му доделија казна од пет секунди. Во 43-от круг Ферстапен повторно го пропушта Хамилтон, најверојатно не знаејќи дека веќе доби казна од 5 секунди.
Кога веќе излезе напред Луис веднаш започна да прави поголема разлика, со помош на моќната Мерцедес ПЕ и секако истрошените гуми на Ферстапен. Пред самата целна линија Ботас го престигна Окон за третото место.
| ГОЛЕМА НАГРАДА НА САУДИСКА АРАБИЈА 50 круга, 308.450км., Време: Суво/Ноќна трка. |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
| 1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 2ч06:15.118 |
| 2. | Макс Ферстапен* | Ред Бул | + 21.825 |
| 3. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 27.531 |
| 4. | Естебан Окон | Алпин | + 27.633 |
| 5. | Даниел Рикиардо | Мекларен | + 40.121 |
| 6. | Пјер Гасли | АлфаТаури | + 41.615 |
| 7. | Чарлс Леклер | Ферари | + 44.475 |
| 8. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | + 46.606 |
| 9. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 58.505 |
| 10. | Ландо Норис | Мекларен | + 1:01.358 |
| 11. | Ленс Строл | Астон Мартин | + 1:17.212 |
| 12. | Николас Латифи | Вилијамс | + 1:23.249 |
| 13. |
Фернандо Алонсо | Алпин | + 1 круг |
| 14. | Јуки Цунода** | АлфаТаури | + 1 круг |
| 15. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
* казни 5 сек. за напуштање на патеката со предност НАЈБРЗ КРУГ: ЛУИС ХАМИЛТОН - 1:30.734* 10 сек. казна за предизвикување судир ** 5 сек. казна за предизвикување судир |
|||
| БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
| 16. | Себастијан Ветел | Астон Мартин | дефект |
| 17. | Серџо Перез | Ред Бул | судир |
| 18. | Никита Мазепин | Хас | судир |
| 19. | Џорџ Расел | Вилијамс | судир |
| 20. | Мик Шумахер | Хас | излетување |
|
ХИБРИДНА ИСТОРИЈА - ЏЕДА 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 2ч06:15.118 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||
| 2021 ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 21/22 | |||
| ВОЗАЧИ: | |||
| 1. | Макс Ферстапен | 369.5 | |
| 2. | Луис Хамилтон | 369.5 | |
| 3. | Валтери Ботас | 218 | |
| 4. | Серџо Перез | 190 |
|
| 5. | Чарлс Леклер | 158 | |
| 6. | Ландо Норис | 154 | |
| 7. | Карлос Саинц Јр. | 149.5 | |
| 8. | Даниел Рикиардо | 115 | |
| 9. | Пјер Гасли | 100 | |
| 10. | Фернандо Алонсо | 77 | |
| 11. | Естебан Окон | 72 | |
| 12. | Себастијан Ветел | 43 | |
| 13. | Ленс Строл | 34 | |
| 14. | Јуки Цунода | 20 | |
| 15. | Џорџ Расел | 16 | |
| 16. | Кими Раиконен | 10 | |
| 17. | Николас Латифи | 7 | |
| 18. | Антонио Џовинаци |
3 | |
| 19. | Мик Шумахер | 0 | |
| 20. | Роберт Кубица |
0 | |
| 21. | Никита Мазепин | 0 | |
| КОНСТРУКТОРИ: | |||
| 1. | Мерцедес АМГ | 587.5 | |
| 2. | Ред Бул | 559.5 | |
| 3. | Ферари | 307.5 | |
| 4. | Мекларен | 269 | |
| 5. | Алпин | 149 | |
| 6. | АлфаТаури | 120 | |
| 7. | Астон Мартин | 77 | |
| 8. | Вилијамс | 23 | |
| 9. | Алфа Ромео | 11 | |
| 10. | Хас | 0 | |
