Во Вилијамс решија да не учествуваат на тестовите за новите гуми, туку ќе имаат само еден тест ден за младите возачи со сегашниот болид.
Тимовите ќе можат да ги тестираат сите пет смеши од 2022 понудата на Пирели и секој од нив ќе добие 2 C1, 2 C2, 4 C3, 6 C4, 4 C5 сетови на гуми.
Повеќето тимови на првиот ден ги комбинираа младинските тестови и новите 2021 гуми. Само во тимот на Вилијамс, зад воланот на нивниот тековен болид седна Логан Сарџент, американецот кој потпиша договор со Карлин и следната сезона ќе ја помине во Формула 2, а денеска за прв пат седна зад воланот на Формула 1.
Возачот на Индикар, Патрик О'Вард, исто така дебитираше во Формула 1 болид, добивајќи покана од Мекларен за неговата победа на Тексас Мотор Спидвеј во мај.
По завршувањето на денот тој призна дека попладнето тој забавил, бидејќи имал проблеми со вратот. Оптоварувањето на мускулите во Формула 1 се покажало многу посериозно отколку што очекувал.
Единствениот дебитант за следната сезона, Гуанју Џоу, денес работеше еден ден како млад возач на тековниот болид на Алфа Ромео, а утре ќе седне зад воланот на болидот модифициран за тестови на гуми.
Неговиот тимски колега Валтери Ботас цел ден возеше Алфа Ромео каде ќе се натпреварува следната сезона.
Џорџ Расел, пак, од бавен болид се префрли на брз и два дена ќе работи со модифицираниот болид на Мерцедес АМГ, а улогата на млад возач традиционално ја имаше Ник де Врис, кој воопшто не е млад, но доби можност да го спореди симулаторот со вистински болид.
Денес во Ферари Роберт Шварцман работеше половина ден, забележувајќи го најдоброто време од тројцата возачи зад воланот на болидите на Скудерија. Утре ќе продолжи да тестира, возејќи го болидот на Хас.
Во Ред Бул на тест сесијата за пневматици, Макс Ферстапен, кој завчера ја освои шампионската титула, седна зад воланот, но неговиот болид се уште ја немаше шампионска единица, која ќе се појави следната година.
Како млад возач, тимот повторно го повика учесникот во нивната младинска програма, Јури Випс, кој го имаше единствениот инцидент за црвени знамиња. Тест сесијата продолжува утре, а повеќето тимови ќе имаат промена на возачите.
| АБУ ДАБИ ТЕСТ - ПРВ ДЕН |
|||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Ник де Врис | Мерцедес АМГ | 1:23.194 | 77(2021) | |
| 2 | Лиам Лосон | АлфаТаури | 1:24.517 | + 1.326 | 125(2021) |
| 3 | Оскар Пјастри | Алпин | 1:24.523 | + 1.332 | 131(2021) |
| 4 | Патрик О`Вард | Мекларен | 1:24.607 | + 1.416 | 92(2021) |
| 5 | Гуанју Џоу | Алфа Ромео | 1:25.142 | + 1.951 | 119(2021) |
| 6 | Јури Випс | Ред Бул | 1:25.198 | + 2.007 | 97(2021) |
| 7 | Ник Јелоли | Астон Мартин | 1:25.333 | + 2.142 | 118(2021) |
| 8 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:26.252 | + 3.061 | 95(C5) |
| 9 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:26.579 | + 3.388 | 143(C5) |
| 10 | Роберт Шварцман | Ферари | 1:26.694 | + 3.503 | 73(2021) |
| 11 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:26.989 | + 3.798 | 87(C4) |
| 12 | Валтери Ботас | Алфа Ромео | 1:27.183 | + 3.992 | 127(C5) |
| 13 | Антонио Фуоко | Ферари | 1:27.324 | + 4.133 | 146(2021) |
| 14 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:27.348 | + 4.157 | 131(C4) |
| 15 | Логан Сарџент | Вилијамс | 1:27.476 | + 4.285 | 92(2021) |
| 16 | Естебан Окон | Алпин | 1:27.553 | + 4.362 | 128(C5) |
| 17 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:28.015 | + 4.822 | 124(C5) |
| 18 | Џорџ Расел | Мерцедес АМГ | 1:28.062 | + 4.871 | 132(C5) |
| 19 | Мик Шумахер | Хас | 1:28.499 | + 5.908 | 100(C5) |
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||
