По финишот на Големата Награда на Абу Даби, Макс Ферстапен ја одржа првата официјална прес-конференција како Ф1 Шампион за 2021 година.
- Макс, денес стана Шампион. Дали веќе сте задоволни со овој статус?
"Се навикнувам на тоа. Ова е неверојатна сезона, не само последната трка, туку и сите неверојатни битки во текот на шампионатот. Сфатив дека оваа година можеби ќе ја имам најголемата шанса, и сега седам овде пред вас, ова е неверојатно!"
- Дали ви се допадна ривалството со Луис?
"Се разбира. Ситуациите беа различни, но ова е дел од борбата за титула. Сега, кога се е готово, можете малку да се опуштите, но борбата беше интензивна. Секоја трка се боревме до крај, како и нашите болиди. Сигурен сум дека беше интересно да се гледа."
- Забележавте десет победи. Можете ли да ги наведете најсветлите моменти?
"Тешко е. Има доста од нив. Беше многу пријатно да се победи во Монакo, по проблемите што ги имав таму во минатото. Двете победи во Австрија, мојата домашна победа во Зандворт, неверојатна победа во Абу Даби, денешниот неверојатен резултат ќе биде меѓу главните моменти."
- Кои непријатни моменти останаа со вас?
"Најлошо беше да се помине цела вечер на преглед во болница. Не беше многу пријатно ниту на трката во Баку. Но, ова се моментите кои ве прават подобри."
- Во одреден момент ви се чинеше дека ќе биде речиси невозможно да се освои титулата?
"Да, вклучително и денешниот ден, немавме брзина и не гледав можност работите да се свртат во моја полза. Но, тогаш излезе безбедносниот автомобил, што ми овозможи да сменам гуми без да изгубам време, добив црвени гуми и извозев неверојатен последен круг. Секако дека имав добар грип, но сепак морав да претекнувам. И да, го направивме тоа."
- Ако размислите како стигнавте од картинг до Ф1 Шампионската титула...
"Сега сето ова ми се врти низ глава, како патуваме низ Европа со татко ми со иста заедничка цел, да влеземе во Формула 1, се надевав дека ќе можам да победувам на трки, да ја слушнам нашата химна и еден ден, што е апсолутно неверојатно, да станам Шампион. Тоа се случи денес. Среќен сум што тука се моите блиски пријатели, татко ми, мојот менаџер, мојата девојка."
- Макс, неколку прашања за трката. Спомена дека не беше во можност да имаш добар старт. Можеш ли да ни кажеш нешто повеќе за ова? Дали нешто не беше во ред со самата процедура? Кога беше на вториот сет на белите гуми пред безбедносниот автомобил, дали мислеше дека би можел да го стигнеш Луис доколку БА не се појави на патеката?
"Самиот старт беше лош. Немав доволно грип и гумите не лепеа баш најдобро за асфалтот. Не знам зошто, потоа одеднаш видов дека Луис пролета покрај мене. Прилепувањето на гумите на асфалтот беше ниско, од која причина не знам. Не беше совршено, се разбира."
"И не, немаше да го стигнам Луис. Мерцедес АМГ денес имаше многу брз болид, дури и за мене на нови гуми. Немав чувство дека можам да го стигнам."
- Како се подготвувавте за рестартот пред последниот круг? Имаше неколку протести од Мерцедес АМГ по трката, а еден од нив се однесуваше на тоа што го претекнавте Луис додека возевте рамо до рамо пред рестартот на трката. Дали бевте сигурни дека ќе го престигнете во последниот круг?
"Се обидов да реагирам на неговите постапки, да не го пуштам да замине премногу напред. Видов дека има проблеми со загревањето на белите гуми. Имав доволно тракција на белите гуми за да можам да останам блиску до него. По петтиот свиок на двата долги правци имаше можност да ја врати позицијата, беше многу блиска борба меѓу нас."
- Пред трката неколку пати рековте дека конечниот исход нема да ви го промени животот. Дали се уште мислите така? Како може да се промени вашиот живот по победата?
"Не, мојот живот нема да се промени. Секако, мило ми е што ја освоив титулата, бидејќи ова е достигнувањето што ми недостасуваше во Формула 1. Се друго сега го земам како бонус."
- Како ќе прославите?
"Ќе се напијам малку. Ха!"
- Дали во одреден момент од трката мислевте дека борбата е завршена?
"Се разбира, во одреден момент ситуацијата не изгледаше најдобро, но секогаш си велев дека ќе продолжам да напаѓам до крај. Нема да кажам дека победата беше лесна. Мислам дека ми помогна и тоа што бев во ситуација што ќе овозможи да имам слободен пит-стоп, ако влезеше безбедносниот автомобил на патеката или ако се случи нешто слично. Така само се обидов да нападнам до финишот."
- Како се чувствувате за одлуката последниот круг да биде во режим на трка?
"Ако патеката беше чиста, тогаш која беше поентата да се вози уште еден круг зад безбедносниот автомобил? Кога нема пречки на патеката, треба да ја продолжите трката, мислам дека тркачкиот директор донесе правична одлука. Во овој случај тоа ми одеше во корист, но одлично знам дека можеше да работи и против мене."
- Претходно напоменавте дека неуспешните трки во Силверстон и Баку ве направија подобар возач. Можете ли да ни кажете повеќе за ова? Дали имавте размислувања од типот "Можам да постапам поинаку за да се вратам посилен"?
"Луѓето обично мислат дека ако имам судир или нешто слично, тогаш треба да почнам да се сомневам во себе. Ме критикуваа, но верувам дека ваквите ситуации ве учат да продолжите да верувате во себе и во своите верувања. Во такви работи, треба да останете силна личност, овој пристап функционира одлично во мојот случај."
- Титулата ја освоивте со претекнување во последниот круг, што и покрај предноста на новите гуми, сепак беше импресивно. Со оглед на тоа како понекогаш се развиваше борбата во текот на сезоната и што се случуваше во првиот круг во Абу Даби, колку сте среќни што судбината на титулата беше решена со претекнување на патеката?
"Се разбира, јас сум задоволен од тоа како испадна сè, задоволен од тоа како работевме со гумите и воопшто сè помина без проблеми. Многу добро, но многу возбудливо. Како што кажав, имав проблеми на последните трки, па сето тоа ја комплицираше сезоната, која се покажа како непредвидлива и во извесна смисла луда."
- Јасно е дека е премногу рано да се зборува за тоа, но сепак, како го оценувате вашиот настап во сезонатa и фактот дека станавте главен учесник во една од најголемите сезони во историјата? Што мислите за тоа?
"Мислам дека возев на многу високо ниво, двајцата со Луис. Постојано се натпреварувавме. Имаше неколку тешки трки од физичка гледна точка поради фактот што требаше да се напаѓа со сите сили во цела трка, немаше круг за одмор во текот на целиот викенд, ниту во квалификациите, ниту во трката. Беше важно постојано да се трудиме да делуваме совршено, бидејќи Формула 1 има високи побарувања. Дури и мало блокирање на тркалото може да влијае на тоа дали ќе станете прв или втор. Со оглед на тоа како се развиваа настаните во текот на сезоната, нивото на концентрација беше многу високо."
- Дали оваа конфронтација ви овозможи да достигнете ново ниво?
"Добив нови искуства и научив повеќе за себе на позитивен начин. За среќа, продолжувам да напредувам, во тоа нема сомнеж."
- За време на трката слушнавме како на тимското радио го нарековте Серџо Перез легенда, за задржување на Луис. Колку Серџо ти помогна да ја освоиш трката и титулата?
"Мислам, ако не беше Серџо, сега не би одговарал на овие прашања, бидејќи ако не беше тој, Луис можеше да создаде разлика што ќе му овозможеше има пит-стоп за време на безбедносниот автомобил. Нема сомнение дека Серџо денес возеше неверојатна трка."
- По завршувањето, долго време разговаравте со вашиот татко...
"Многу емотивен момент. Целиот мој живот заедно се движиме кон оваа цел, и едноставно беше неверојатно да се постигне тоа. По финишот Кристијан Хорнер го загуби гласот, како и јас. Фантастичен момент!
- Макс, сакам да те прашам за придонесот на Серџо Перез. Кога те гледаше на подиумот, можеше да се види колку е горд на твоето достигнување.
"Кога почнавме да работиме заедно, беше тешко да се разбере како сè ќе испадне, во раната фаза на шампионатот не се покажа најдобро, што е разбирливо кога возиш нов болид. Не само во Формула 1, тој е многу добра личност, добар семеен човек. Одлично е кога вашиот колега е вистински тимски играч. Навистина се надевам дека уште долго ќе бидеме тимски колеги."
- Повторно изгледате многу опуштено и смирено. Дали ќе бидете поемотивни додека ја славите титулата?
"Во завршниот круг на враќање до боксевите, бев многу емотивен. Кога визирот е спуштен, никој не може да ве види, никој не може да разбере како се чувствувате. Всушност, чувствата беа неверојатни!"
- Макс, ти ја освои титулата со Ред Бул, со Хонда, со оние кои навистина те ценат.
"Да, работата со овие луѓе е неверојатно. Знаеме дека ова е последна трка за Хонда. Сите ние имавме неверојатна авантура, на крајот постигнувајќи го она кон што сите се стремевме. Јас сум неверојатно среќен за сите нас."
- Дали сте возбудени што ја освоивте вашата деби шампионска титула против возач како Луис Хамилтон?
"Навистина го почитувам Луис, но сега сум среќен што ја освоив титулата, по многу тешка сезона во борба против Мерцедес АМГ и Луис. Не сакам да звучам арогантно, само ќе кажам дека чувствувам големо задоволство што го победив. Луис е неверојатен возач, постигна многу, но сега само сум многу среќен што победивме."
- Во минатото кажавте дека ќе ви биде доволна една шампионска титула, ќе се борите за нови или ќе останете на оваа?
"Секако не, ќе продолжам да учествувам на трките, но ако зборуваме за достигнувања, тогаш, се разбира, во Формула 1 веќе го достигнав максимумот, така што се друго е само бонус."
- Мерцедес АМГ поднесе жалба на резултатите од трката, и иако тоа никој не го посакуваше, сепак, крајот на шампионатот се покажа како двосмислен. Каква е вашата реакција на постапките на Мерцедес АМГ?
"Имам многу малку да кажам за тоа. Според мене и ова е еден вид резултат на сезоната."
- Не сфаќај го ова како обид да ги омаловажам твоите достигнувања, тие се епохални, но Ред Бул имаше две задачи: да ја освои и титулата кај нвозачи и кај конструктори. Втората задача не успеа. Што мислите за тоа?
"Мислам дека ако разговарате со тимот, ќе ви биде кажано дека сите сакаа да го освојам овoj шампионат, но ние не бевме најбрзи во текот на целата сезона. Сосема е природно што тоа не ни дозволи да ја освоиме Титулата кај конструкторите."
"Но, го дадовме нашиот максимум, и немаме причина да бидеме разочарани, бидејќи во повеќето случаи успеавме да постигнеме максимално можни резултати. Повторно, направивме се што беше во наша моќ. Секако, не успеавме да ја освоиме титулата кај конструктори, но станавме победници во поединечна конкуренција."
- Бевте толку фокусирани на борбата што веројатно никогаш не дозволивте да ви го одвлече вниманието помислата за тоа какви емоции доживува еден возач кој стана Шампион. Финишот на денешната трка беше уште полуд од 2008 година, што мислите за тоа? Веројатно, сето тоа само ги засили вашите чувства. Видовме каква беше вашата реакција и реакцијата на вашиот тим, изгледаше како да доживеавте вистинска експлозија на емоции на крајот?
"Да, така беше. Тешко ми е да коментирам за настаните од 2008 година, бидејќи не учествував во нив. Мислам дека тогаш имав само 11 години. Но, вечерашниот крај беше целосно луд. Не очекував дека се ќе испадне вака, но тогаш во последниот круг имав можност. Да, тоа беше вистинско лудило, а целиот наш тим чувствуваше неверојатно задоволство."
ПРВА ШАМПИОНСКА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАКС ФЕРСТАПЕН
12/12/2021 11:47:00 PM
0
Share to other apps
