Луис Хамилтон се бореше до последен здив, водеше речиси на цела трка, но заврши втор. Тимот на Мерцедес АМГ ја освои Титулата кај конструкторите.
Карлос Саинц Јр. се искачи на третото скалило на подиумот.
Новите гуми за 2022 сезоната ќе бидат тестирани во Абу Даби во вторник. Големата Награда на Бахреин во новата 2022 година е за само 98 дена. Се надеваме дека ќе се вози.
Штета е што оваа неверојатна сезона денес ќе го има својот завршеток, барем на патеката, но по се изгледа ќе заврши на зелената маса во текот на зимската пауза. Големата Награда на Абу Даби имаше фантастичен рејтинг, а одгласите на ова финале ќе не забавуваат во зимската пауза.
Во историјата, само еднаш, во 1974 година, двајца претенденти за титулата дојдоа до последната трка со еднаков број на поени. Тогаш последна беше 15-тата тка, а поените се добиваа по други правила. Оваа сезона ќе стане легендарна, ќе биде запаметена и цитирана како пример.
Двата најсилни тимови во последните години снабдувани од два различни производители на погонски единици, едниот вообичаен фаворит, вториот довчерашен аутсајдер.
Двајца ривали за Титулата, два сосема различни возачи, по возраст, карактер, стил на возење, влегоа во последната трка од најдолгата, досега, сезона во историјата на Ф1 со ист број на поени. Луис Хамилтон на круг пред крајот ја контролираше трката, но на Макс му беше потребен половина круг да му ја одземе.
Не можеше да заврши нерешено, па денес едната страна заедно со својата армија навивачи ќе остане тажна, а другата слави победа. Но, останува да виси прашањето дали тоа може да се промени во блиска иднина. Мајкл Маси и стјуардите ставени под лупа.
Денешната трка значи крај на сегашните технички прописи. Следната година, болидите ќе бидат сосема поразлични, со што ќе се започне нов лист од историјата на Формула 1.
Трката во Абу Даби беше 350-та и последна во кариерата на Кими Раиконен, тој е апсолутен лидер по овој показател, но во 2022 година врвот ќе го преземе Фернандо Алонсо, кој сега има 333 трки.
Антонио Џовинаци, единствениот италијански возач, ќе стави крај на кариерата во Формула 1. Антонио беше поддржан од Ферари, но сега Алфа Ромео има други приоритети. Тоа е единствениот тим кој целосно ќе ја промени својата возачка постава.
Валтери Ботас ја заврши кариерата во Мерцедес АМГ, ка дојде со надеж за Титула, но само стана добар "WINGMAN". Веќе од следниот викенд ќе тестира за Алфа Ромео, каде ќе го замени Кими Раиконен, станувајќи тимски колега со дебитантот Гуанју Џоу.
Џорџ Расел, кој одамна заслужи повеќе, ќе ја заврши кариерата во Вилијамс и ќе стане тимски колега на Луис Хамилтон во Мерцедес АМГ. Ќе биде многу интересно да се гледа нивната борба. Во Формула 1 се враќа Алекс Албон, ослободувајќи се од спонзорството на Ред Бул и повторно ја започнува својата Ф1 кариера, овој пат во тимот на Вилијамс.
Претстојат новогодишните празници, Божиќ, презентации на нови болиди, зимски тестови, прогнози и очекувања. Но, прво, да дознаеме како завршува оваа сезона, која и покрај посакувањата да заврши на патеката, веќе се решава кај стјуардите, а најверојатно подоцна и во апелациониот суд во тек од неколку месеци.
UPDATE: Двете жалби на Мерцедед АМГ се одбиени од страна на стјуардите на ФИА, резултатите остануваат непроменети, а со тоа Макс Ферстапен е новиот Ф1 Шампион за 2021 година. Иако Мерцедес АМГ настојуваше целата ситуација да се одведе и пред арбитражниот суд на ФИА, тоа најверојатно нема да се случи бидејќи не може ФИА да ја брани ФИА или ФИА да ја осуди ФИА.
Сепак, Мерцедес АМГ поднесе известување за намера да ја обжали одлуката на Стјуардите според член 15 од спортскиот кодекс и член 10 од Судските и дисциплинските правила. Сега имаат 96 часа да ја донесат конечната одлука и да ја документираат жалбата.
Неколку минути по објавувањето на официјалната пресуда на стјуардите, спортскиот директор на тимот на Мерцедес АМГ, Рон Медоус, се врати кај стјуардите за да изјави дека има намера да поднесе жалба. Во исто време, Луис Хамилтон ја напушти патеката.
| ГОЛЕМА НАГРАДА НА АБУ ДАБИ 58 круга, 308.450км., Време: Суво. |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
| 1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1ч30:17.345 |
| 2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 2.256 |
| 3. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | + 5.173 |
| 4. | Јуки Цунода | АлфаТаури | + 5.692 |
| 5. | Пјер Гасли | АлфаТаури | + 6.531 |
| 6. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 7.463 |
| 7. | Ландо Норис | Мекларен | + 59.200 |
| 8. | Фернандо Алонсо | Алпин | + 1.01.708 |
| 9. | Естебан Окон | Алпин | + 1.04.026 |
| 10. | Чарлс Леклер | Ферари | + 1.06.057 |
| 11. | Себастијан Ветел | Астон Мартин | + 1.07.527 |
| 12. | Даниел Рикиардо | Мекларен | + 1 круг |
| 13. |
Ленс Строл | Астон Мартин | + 1 круг |
| 14. | Мик Шумахер | Хас | + 1 круг |
| 15. | Серџо Перез | Ред Бул | + 1 круг |
| НАЈБРЗ КРУГ: МАКС ФЕРСТАПЕН - 1:26.103 | |||
| БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
| 16. | Николас Латифи | Вилијамс | судир |
| 17. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | дефект |
| 18. | Џорџ Расел | Вилијамс | дефект |
| 19. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | судир |
|
ХИБРИДНА ИСТОРИЈА - ЈАС МАРИНА 2021 Макс Фестапен - Ред Бул - 1ч30:17.345 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||
| 2021 ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН | |||
| ВОЗАЧИ: | |||
| 1. | Макс Ферстапен | 395.5 | |
| 2. | Луис Хамилтон | 387.5 | |
| 3. | Валтери Ботас | 226 | |
| 4. | Серџо Перез | 190 |
|
| 5. | Карлос Саинц Јр. | 164.5 | |
| 6. | Ландо Норис | 160 | |
| 7. | Чарлс Леклер | 159 |
|
| 8. | Даниел Рикиардо | 115 | |
| 9. | Пјер Гасли | 110 | |
| 10. | Фернандо Алонсо | 81 | |
| 11. | Естебан Окон | 74 | |
| 12. | Себастијан Ветел | 43 | |
| 13. | Ленс Строл | 34 | |
| 14. | Јуки Цунода | 32 | |
| 15. | Џорџ Расел | 16 | |
| 16. | Кими Раиконен | 10 | |
| 17. | Николас Латифи | 7 | |
| 18. | Антонио Џовинаци |
3 | |
| 19. | Мик Шумахер | 0 | |
| 20. | Роберт Кубица |
0 | |
| 21. | Никита Мазепин | 0 | |
| КОНСТРУКТОРИ: | |||
| 1. | Мерцедес АМГ | 613.5 | |
| 2. | Ред Бул | 585.5 | |
| 3. | Ферари | 323.5 | |
| 4. | Мекларен | 275 | |
| 5. | Алпин | 155 | |
| 6. | АлфаТаури | 142 | |
| 7. | Астон Мартин | 77 | |
| 8. | Вилијамс | 23 | |
| 9. | Алфа Ромео | 13 | |
| 10. | Хас | 0 | |
