Формула 1 и Групацијата Фолксваген се поврзани подолго време. Освен "испадите" на Порше во шеесетите, осумдесеттите и деведесетите, првиот со сопствен победнички болид, вториот како снабдувач на мотори на доминантниот тим на Мекларен и третиот катастрофален со Ероус, оваа групација, исто така, требаше да влезе во Ф1 во 2014 година како Фолксваген или Ауди.
Како и сега тие присуствувале на сесиите на работните групи за мотори пред воведувањето на сегашните хибридни погонски единици во Ф1, но се вели дека тогашниот претседател Фердинанд Пиех ги отфрлил финансиските планови и предложените структурите за управување, како последица на неговата лична омраза за начините на работа на Ф1 царот Берни Екелстоун.
За време на периодот на евалуација, Порше имаше изградено концепт на Ф1 мотор, идеи кои потоа успешно ги примени во WEC шампионатот, победувајќи три пати на легендарниот Ле Ман 24 часа, освојувајќи ги шампионските титули во пласман на возачи и производители со V4 хибридна погонска единица дизајнирана од поранешен инженер за мотори во Косворт Ф1, Алекс Хицингер.
Тимски шеф беше актуелниот шеф на тимот Мекларен, Андреас Зајдл. По пензионирањето на Пиех, на почетокот на 2015 година, пред одборот на Фолксваген повторно беше поднесен Ф1 проект, на чело со поранешниот тимски шеф на Ферари, Стефано Доменикали. Кога избувна аферата "Дизелгејт" проектот бил во напредна фаза и седум дена од официјализирање.
Аферата значеше крај на Ф1 проектот, купување на Ф1 тим (Торо Росо) или партнерство со Ред Бул. Стефано Доменикали беше префрлен на чело на Ламборџини, подружница на Ауди, од каде што беше регрутиран како извршен директор на Формула 1. Различни извори се категорични дека највисок приоритет на Либерти Медиа е да привлече во Ф1 компанија од групацијата Фолксваген, по можност како сопственик на тим, но и снабдувач со ПЕ би била добра утешна награда.
Не заборавајте дека Лука де Мео, извршниот директор на Рено, и Јост Капито, тимски шеф на Вилијамс, имаа врвни позиции во Сеат и Фолксваген. Првиот донесе високо рангиран персонал со себе во француската компанија, додека вториот беше тимски шеф кога брендот го освои WRC шампионатот, така што веќе постојат повеќе допирни точки.
Како и сега тие присуствувале на сесиите на работните групи за мотори пред воведувањето на сегашните хибридни погонски единици во Ф1, но се вели дека тогашниот претседател Фердинанд Пиех ги отфрлил финансиските планови и предложените структурите за управување, како последица на неговата лична омраза за начините на работа на Ф1 царот Берни Екелстоун.
За време на периодот на евалуација, Порше имаше изградено концепт на Ф1 мотор, идеи кои потоа успешно ги примени во WEC шампионатот, победувајќи три пати на легендарниот Ле Ман 24 часа, освојувајќи ги шампионските титули во пласман на возачи и производители со V4 хибридна погонска единица дизајнирана од поранешен инженер за мотори во Косворт Ф1, Алекс Хицингер.
Тимски шеф беше актуелниот шеф на тимот Мекларен, Андреас Зајдл. По пензионирањето на Пиех, на почетокот на 2015 година, пред одборот на Фолксваген повторно беше поднесен Ф1 проект, на чело со поранешниот тимски шеф на Ферари, Стефано Доменикали. Кога избувна аферата "Дизелгејт" проектот бил во напредна фаза и седум дена од официјализирање.
Аферата значеше крај на Ф1 проектот, купување на Ф1 тим (Торо Росо) или партнерство со Ред Бул. Стефано Доменикали беше префрлен на чело на Ламборџини, подружница на Ауди, од каде што беше регрутиран како извршен директор на Формула 1. Различни извори се категорични дека највисок приоритет на Либерти Медиа е да привлече во Ф1 компанија од групацијата Фолксваген, по можност како сопственик на тим, но и снабдувач со ПЕ би била добра утешна награда.
Не заборавајте дека Лука де Мео, извршниот директор на Рено, и Јост Капито, тимски шеф на Вилијамс, имаа врвни позиции во Сеат и Фолксваген. Првиот донесе високо рангиран персонал со себе во француската компанија, додека вториот беше тимски шеф кога брендот го освои WRC шампионатот, така што веќе постојат повеќе допирни точки.
ПРИТИСОК НА Ф1 ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ФОЛКСВАГЕН ГРУПАЦИЈАТА
Откако ја презеде новата функција, Доменикали не губеше време контактирајќи ги поранешните колеги, па во јули 2021 година Маркус Дузман и Оливер Блум, извршните директори на Ауди и Порше, присуствуваа на состанокот за идните Ф1 ПЕ за време на Австриското ГП. Целниот датум за воведување на новите Ф1 ПЕ беше одложен за една година до 2026 година за потенцијалните новодојденци да не се откажат поради кратките временски рокови.
Дополнителни состаноци беа одржани за време на викендите за ГН на Велика Британија и Италија, при што претставници од двата бренда присуствуваа и активно учествуваа, што означуваше сериозна намера.
За време на овие разговори, делегацијата на Фолксваген инсистираше Ф1 да се откаже од своите ужасно скапи и сложени системи за обновување на енергија од издувните гасови, MGU-H, да се обврзе на целосно зелени горива и да се наметнат ограничувања на буџетот за развој на погонските единици.
И покрај некои првични спротивставувања за отфрлање на MGU-H, првенствено од страна на Мерцедес, во Монца беше постигнат едногласен договор по сите точки, поставувајќи ја основата за брендовите на Фолксваген да ги претстават плановите на нивните одбори.
Истовремено, се појавија гласини дека Ауди постигнал начелен договор за преземање на Мекларен, но тие се покажаа како избрзани. Сепак, прелиминарни разговори имало и се вели дека тие се уште се во тек. Како и да е, Ауди беше и сè уште е во преговори со барем уште еден тим, за кој се вели дека е Заубер, со кој имаат долгогодишни консултантски и инженерски договори, а чиј договор за брендирање како Алфа Ромео истекува на крајот на 2024 година.
Вилијамс е уште една потенцијална цел, под услов, се разбира, одборот на Ауди да одобри влез, што е далеку од завршена работа. Сепак, на 14 декември, пред последниот состанок на Светскиот совет за моторспорт на ФИА во 2021 година и последниот на Жан Тод како претседател, Дузман, поранешен лидер на BMW F1, до ФИА/Ф1 поднесе писмо во кое се вели:
"Додека се подготвуваме за одлука на управниот и надзорниот одбор на групацијата Фолксваген со нетрпение очекуваме потврда дека WMSC го одобри договорот од Монца. Ауди останува посветен на овој процес и со нетрпение очекуваме да работиме со вас и вашиот тим за да го завршиме овој важен процес и да го потврдиме нашето влегување во Формула 1 на почетокот од 2022 година."
ПОРШЕ И РЕД БУЛ?
Порше се подискретни во врска со своите планови, но повеќе извори велат дека се разговарало со Ред Бул, кој неодамна го формираше одделот за погонска единица, првично со цел изградба и сервисирање на погонските единици на Хонда, за кои ја добија интелектуалната сопственост кога компанијата излезе од Ф1 на крајот на 2021 година.
Една од опциите е да се формира заедничко вложување, во кое Ред Бул ќе управува и ќе го финансира проектот, а Порше ќе биде снабдувач со погонски единици. Ваквиот договор би им овозможил на Ред Бул престижен партнер од автомобилската индустрија, додека Порше би добил пристап до вештините на Адријан Њуи, најуспешниот дизајнерски "мозок" во историјата на Ф1 и останатиот инженерски тим во Милтон Кејнс. Сестринскиот тим АлфаТаури би бил второстепен примател на погонските единици.
Вилијамс, чиј извршен директор и тимски шеф е Јост Капито би можел да ги искористи своите долгогодишни врски со двете страни, неговата прва работа во моторспортот беше со Порше, додека сеопфатниот проект VW Polo WEC спонзориран од Ред Бул, да обезбеди терцијарно снабдување со погонски единици, освен ако британскиот тим не се одлучи за соработка со Ауди.
Ваквиот аранжман ќе овозможи снабдување на клиентски тимови доколку регулаторната комисија на Ф1 го побара тоа, истовремено овозможувајќи му на Порше да стекне искуство и податоци од шест болиди, за разлика од Хонда, која почна да победува само откако почна да снабдува повеќе тимови.
Одлуката од Порше се очекува во март, а главната точка на дискусија е дали Порше инсистира на изградба на погонските единици во Германија или се подготвени да се преселат во погонот на Ред Бул во Милтон Кејнс, кој нема да ги склопува и одржува погонските единици на Хонда, откако беше договорено Јапонскиот бренд тоа да продолжи да го прави во Јапонија. Во меѓувреме, сите капацитети на Red Bull Powertrain остануваат без работа и чекаат нов развој на работите.
Од двата бренда, одлуката за влез на Порше е многу полесна за да се одобри. Во 2020 година тие остварија 4 милијарди евра од продажбата на 260.000 автомобили, додека Ауди имаше 2.7 милијарди евра од продажба од 1.1 милиони автомобили. Изразено поинаку, профитот на Порше е три пати поголем по автомобил од оној на Ауди, што им отежнува на главните одбори да го одбијат проектот на Порше, особено затоа што двајца постари членови на семејството Порше имаат гласови во надзорниот одбор.
Кога на ова ќе се додаде фактот дека богатиот државен фонд на Катар поседува 17% од акциите на Фолксваген и што земјата се подготвува за долгогодишни планови со Формула 1, проектот на Порше би требало одобрен со 99.99% сигурност. Затоа, се чини дека единственото преостанато прашање е дали тоа ќе биде како заедничко вложување 50/50 со Ред Бул или чисто како договор за снабдување со погонски единици. Откако ќе се донесе таа одлука, останатите коцки од мозаикот сами ќе се наместат.
КАКО ЌЕ СЕ ФИНАНСИРА Ф1 ПРОГРАМАТА НА ПОРШЕ И АУДИ?
Гласините од Инголштад се дека Дузман бил информиран дека секој проект на Ауди во Ф1 треба да биде самофинансиран. Се претпоставува дека тоа може да се постигне под услов да се генерира значителна комерцијална поддршка(спонзори) и годишно да се заработува над 60 милиони евра во парична награда од Формула 1. Ограничените Ф1 буџети, ревидираните структури на приходи треба да го направат ова остварливо под услов тимот да настапи и да се пласира на минимум на 5-тото место во конструктори.
Погонските единици би биле на врвот на трошоците, па затоа се бара ограничување на буџетот за погонските единици. Засега, сите производители на ПЕ се за некаква форма на ограничување на трошоците преку ограничување на развојот, при што се споменува цифра од 100 милиони долари годишно по снабдувач. Деталите на оваа тема треба дополнително да се дефинираат.
Условите на управниот одбор на Ауди, секое влегување во Ф1 да биде приходно неутрално, ќе ги објасни почетните чекори на компанијата кон Мекларен и Заубер, бидејќи Ауди во меѓувреме може да стекне тим и да ги надгради своите капацитети до стандардите за работа според клаузулите за капитални трошоци на Ф1, кои не се така рестриктивни како буџетски ограничувања, со цел да бидат подготвени за 2026 година.
Ауди Спорт има целосно функционален мотоспорт оддел во Нојбург, во близина на Инголштад. Тимовите кои ги дизајнираа и произведоа хибридните погонски единици за победничкиот автомобил на Ле Ман 24 часа, во голема мера се истите, но сега нивниот фокусот е префрлен на Формула Е и Дакар релито. Преку нашите извештаи за Дакар релито веќе добро го запознавте автомобилот на Ауди, RS E-tron, кој што го имаше своето деби појавување. Овие капацитети лесно може да се префрлат на проектот Ф1.
Погонските единици за 2026 година треба да ја задржат актуелната V6 турбо архитектура. Овие фактори работат во полза на Ауди со тоа што двата Фолксваген бренда ќе може да споделуваат, или да набавуваат, заеднички компоненти во корист на двата проекти, при што Порше ќе обезбеди експертиза за моторот и е-горивата, а Ауди за хибридните елементи, што ќе им се овозможи да напредуваат во врвниот мотоспорт, која добива се поголема гледаност.
Значајно е тоа што Порше и партнерот за гориво и масла на Ред Бул, ExxonMobil, моментално соработуваат на развојот на е-горива. Тие планираат да ја тестираат втората итерација на тркачки горива во услови на конкуренција. Е-горивото би можело да постигне 85% намалување на емисиите на штетни гасови кога ќе се помешаат со тековните стандарди за гориво за патничките возила.
ДУЕЛ ПОРШЕ VS АУДИ
Повеќето конгломерати со повеќе брендови ја избегнуваат внатрешната конкуренција, но Фолксваген активно го поттикнува ривалството меѓу брендовите. Сепак, останува да се види дали таа филозофија ќе го го внесе Ауди во Формула 1. Во секој случај, Доменикали е уверен дека барем еден бренд на Фолксваген ќе се вклучи, барем како производител на ПЕ.
По излегувањето на Хонда, за 2026 година остануваат три производители на ПЕ: Ферари, Мерцедес и Рено. Доколку уште една производител (Мерцедес кој има историја на влези/излези) се реши да ја напушти Формула 1, спортот ќе биде во рацете на два производители на ПЕ, од кои ниту еден не сака да снабдува пет тима. Клиентските тимови би биле во нивна милост.
Сепак, проектот(ите) на Фолксваген групацијата сè уште може да бидат блокирани од моќните работнички совети, кои ги одржуваат нивните годишни генерални собранија во февруари месец и имаат значителна застапеност во одборите.
Според изворот на Дитер Ринкен, работничките синдикати се заканиле дека ќе блокираат какви било планови поврзани со Ф1 и искажале намера за поднесување предлог за таа цел. Нивниот гнев бил предизвикан од неодамнешните коментари на претседателот на одборот на Фолксваген групацијата, Херберт Дис, дека до 30.000 работници може да бидат отпуштени поради електрификација.
Затоа, следните два месеци ќе одлучат за иднината на Ф1. Ако ниту еден од брендовите на Фолксваген не влезе во Формула 1, спортот ќе се најде на милост и немилост на постојните прозиведувачи на ПЕ со мала надеж да се привлече друг производител. Формула 1 треба правилно да го изигра следниот потег.