Секој кој редовно ја следи Формула 1 знае дека болидите не се дизајнирани да возат на ништо друго освен на асфалтни патеки. Сепак, тоа не го спречи тимот на Ред Бул да го однесе својот шампионски болид RB7 во ски-центароТ Кицбил, Австрија на една од нивните најневообичаени демо трки во далечната 2016 година.
Пред возењето, не беа само пневматиците што требаше да се прилагодат на болидот. Тие се навикнати на многу потопли температури, па тимот мораше да направи повеќекратни промени во поставувањето на моторот за да може Макс Ферстапен да го вози RB7 на снег.
"Тоа беше вистински предизвик. Моравме да ставиме синџири на моите гуми, а тоа беше многу посебно. Беше забавно и ентузијазмот на фановите во Кицбил беше голем." - објасни тогаш 18-годишниот Холанѓанец.
МАКС ФЕРСТАПЕН НА СКИЈАЊЕ СО Ф1 БОЛИД
1/23/2022 01:13:00 PM
0
Share to other apps