Швеѓанецот Матијас Екстром, попознат како двократен шампион на ДТМ, трикратен победник на трката на шампионите, до 2020 година се натпреваруваше во реликрос, а тие вештини му се целосно корисни сега, кога се натпреварува во Дакар за фабричкиот тим на Ауди.
Денес, неговиот електричен автомобил прв ја помина целната линија на 8-та етапа од Дакар релито, прв таков успех за Матијас и неговиот совозач Емил Бергквист. Сепак, во генералниот пласман се на 11-то место.
Стефан Петерхансел, легендарниот "Мистер Дакар", заостана само 49 секунди, додека како трет финишираше Себастиен Леб, кој го држи второто место во генералниот пласман. Инаку, тој денеска беше само три секунди пред Карлос Саинц, не дозволувајќи им на возачите на Ауди да ги освојат сите три места на победничкиот подиум.
Лидерот на 2022 Дакар релито, Насер Ал-Атија, беше само 11-ти, губејќи повеќе од десет минути од Екстром, седум во однос на Леб.
Во категоријата камиони, тимот на Камаз Мастер нема конкуренција, а денеска победата отиде во рацете на екипажот на Димитриј Сотников, што му овозможи да го зајакне водството во генералниот пласман.
Втор беше Андреј Каргинов, трет заврши Едуард Николаев, а 4-тото место го имаше Антон Шибалов, победникот на вчерашната етапа.
Од возачите на мотоцикли, со денешната задача најдобро од сите се снајде Британецот Сем Сандерленд, кој настапува за фабричкиот тим на шпанската компанија ГасГас, која произведува опрема под лиценца на КТМ. Сандерленд, исто така, повторно го презеде водството во генералниот пласман.
Во категоријата на лесни возила, Т3, повторно најбрз беше Американецот Сет Кинтеро, второто место го зазеде Швеѓанецот Себастијан Ериксон, а русинот Павел Лебедев финишираше на третото место. Во генералниот пласман огромно водство има Чилеанецот, Франциско Лопез Контардо, кое го одржува со внимателно возење.
На утрешната 9-та етапа учесниците ќе треба да поминат 491км, од кои 287км се брза специјална етапа, чија рута повеќе минува по планински терен отколку преку песок, а за овој вид траса ќе биде потребна малку поинаков пристап кон возењето. Како и секогаш, правилната навигација останува еден од главните фактори од кои зависи успехот.
Топ три вкупни резултати во секоја категорија:
АВТОМОБИЛИ
1. Насер Ал-Атија (201)
Toyota Gazoo Racing
27ч45:52
2. Себастиен Леб (211)
Bahrain Raid Xtreme
+ 37:58
3. Јазид Ал-Раџи (205)
Overdrive Toyota
+ 53:15
МОТОЦИКЛИ
1. Сем Сандерленд (3)
GasGas Factory Racing
27ч38:42
2. Матијас Вокнер(52)
Red Bull KTM Factory Racing
+ 03:45
3. Адриен Ван Беверен (42)
Monster Energy Yamaha Rally Team
+ 04:43
КАМИОНИ
1. Димитриј Сотников (500)
Kamaz Master
30ч02:36
2. Едуард Николаев (505)
Kamaz Master
+ 11:25
3. Антон Шибалов(501)
Kamaz Master
+ 40:23
ЛЕСНИ ВОЗИЛА Т3
1. Франциско Лопез Контардо (305)
EKS - South Racing
32ч51:39
2. Себастијан Ериксон (306)
EKS - South Racing
+ 1ч19:01
3. Фернандо Алварез (309)
South Racing Can-Am
+ 2ч55:30
2022 ДАКАР: 1-2 ЗА АУДИ, НА САИНЦ МУ ФАЛЕА 3 СЕКУНДИ ЗА ТРОЈНА ПОБЕДА
1/10/2022 07:13:00 PM
0
Share to other apps