Стефан Петeрхансел е автор на уникатен рекорд, тој е 14-кратен победник на Дакар релито, со шест победнички пехари во категоријата на мотоцикли уште во раните 90-ти, а останатите ги освои во категоријата на автомобили, последен пат минатата 2021 година.
Овој пат, 56-годишниот француски возач нема да може да ги повтори претходните успеси, пред се поради технички причини, бидејќи за прв пат управува со експериментален електричен Ауди.
Но, неговите возачки способности се неоспорни, а денешната етапна победа е доказ на тоа. Ова е 49-то вакво постигнување во неговата Дакар биографија, а доколку успее да освои уште една етапа, ќе го повтори рекордот на Ари Ватанен поставен во 2004 година, кој има 50 етапни победи во оваа категорија.
"Ова беше една од првите етапи кога успеавме да избегнеме проблеми. Немавме скршени амортизери, немаше дупнати гуми или проблеми со навигацијата. Од почетокот на вториот дел на релито немаме сериозни механички дефекти, така што добро напредуваме и уживаме во возењето."
Второто место денеска го зазеде Карлос Саинц, тимскиот колега на Петерхансел во тимот на Ауди Спорт, а трет низ целта мина Аргентинецот Орландо Теранова со кабриолетот на Продрајв.
Исто така, вреди да се напомене дека Себастиен Леб ја заокружи најдобрата петорка и надомести уште минута и пол во однос на лидерот, Насер Ал-Атија. Катарецот го освои седмото место. Леб е на второто место во генералниот пласман, но неговата разлика е повеќе од половина час.
Екипажите на Камаз го имаат еден од најдобрите настапи на ова рели, па денес повторно го освоија победничкиот подиум. Најбрз беше Димитриј Сотников забележувајќи ја четвртата етапна победа на овогодинешниот Дакар.
Втор беше екипажот на Едуард Николаев, а третото место го зазеде Андреј Каргинов. Сотников продолжува да води во генералниот пласман во оваа категорија, зголемувајќи ја предноста на повеќе од десет минути.
Во категоријата на мотоцикли е најинтересно, а денес повторно со промена на лидерот во генерален пласман, што се должи на фактот што двајца од тројцата возачи кои се истакнаа вчера, направија сериозни грешки во навигацијата и изгубија многу време.
Кевин Бенавидес, кој вчера заврши на второто место, денеска отпадна од трката на 134 километри поради сериозен дефект.
Како резултат на тоа, победата на 10-тата етапа ја освои искусниот Австралиец Тоби Прајс, со фабричкиот мотоцикл на КТМ.
Аргентинецот Лучијано Бенавидес заврши на второто место, додека Французинот Адриен ван Беверен заврши трет, а со тоа стана и нов лидер во оваа категорија.
Младиот американец, Сет Кинтеро, во категоријата на лесни автомобили, Т3, е блиску до постигнување на својата цел - рекорд за најмногу етапни победи - забележувајќи ја 9-тата етапна победа, плус ја има победата на воведната етапа. Но, во генералниот пласман го зазема само 20-тото место.
Чилеанецот Франциско Лопез Контардо продолжува да води, но денес имаше мал кикс со само 12-тото место. Второто место и припадна на Шпанката, Кристина Гутиерез Хереро, која го држи четвртото место во генерален пласман, со мали шанси за победничкиот подиум.
Утре возачите ќе се соочат со претпоследната етапа од Дакар релито, чија должина е 501 км, од кои 346 км се брза специјална етапа. Организаторите ги предупредија учесниците дека на 11-тата етапа нивните возила ќе се соочат со најтешките предизвици.
Повеќе од половина од трасата поминува низ пустина, која се карактеризира со дини со различни форми и големини, со прилично мека површина, па затоа може да се очекува дека може да има заглавување во песокот. Ова ќе биде последната тешка етапа, која ќе му претходи на последниот спринт.
Топ три вкупни резултати во секоја категорија:
АВТОМОБИЛИ
1. Насер Ал-Атија (201)
Toyota Gazoo Racing
33ч13:37
2. Себастиен Леб (211)
Bahrain Raid Xtreme
+ 32:40
3. Јазид Ал-Раџи (205)
Overdrive Toyota
+ 55:48
МОТОЦИКЛИ
1. Адриен Ван Беверен (42)
Monster Energy Yamaha Rally Team
33ч27:06
1. Пабло Кинтанила(7)
Monster Energy Honda
+ 05:15
3. Сем Сандерленд (3)
GasGas Factory Racing
+ 05:59
КАМИОНИ
1. Димитриј Сотников (500)
Kamaz Master
35ч58:08
2. Едуард Николаев (505)
Kamaz Master
+ 10:18
3. Антон Шибалов(501)
Kamaz Master
+ 44:27
ЛЕСНИ ВОЗИЛА Т3
1. Франциско Лопез Контардо (305)
EKS - South Racing
39ч43:03
2. Себастијан Ериксон (306)
EKS - South Racing
+ 0ч55:56
3. Фернандо Алварез (309)
South Racing Can-Am
+ 2ч56:28
2022 ДАКАР: СТЕФАН ПЕТЕРХАНСЕЛ ЈА ЗАБЕЛЕЖА 49-ТАТА ЕТАПНА ПОБЕДА
1/12/2022 08:13:00 PM
0
Share to other apps