Денес започна 2022 Дакар релито, кое повторно се одржува во Саудиска Арабија, а Катарецот Насер Ал-Атија беше победник на воведната етапа од 19 километри во категоријата на автомобили, додека Австралиецот Даниел Сандерс го освои првото место во категоријата на моторцикли.
Трикратниот победник на најтешката трка на планетата, Ал-Атија добро го започна релито, завршувајќи 12 секунди пред Карлос Саинц. Победникот од 2011, 2015 и 2019 година, Ал-Атија сега ќе ја отвори утрешната етапа долга 334 километри.
"Денеска имавме кратка воведна етапа. Среќен сум што победив бидејќи тоа е добро за нашата стартна позиција утре. Задоволен сум од перформансите на нашиот нов автомобил. Напорната работа на тимот ни помага многу."
Деветкратниот шампион во рели, Себастиен Леб, го започна својот прв Дакар заедно со новиот навигатор Фабијан Луркин на импресивен начин, поставувајќи го петтото најбрзо време на денот, со 37 секунди заостанување зад Ал-Атија.
14-кратниот шампион Стефан Петерхансел беше 14-ти, со тимскиот колега од Ауди, Матијас Екстром едно место поназад.
Подолу во поредокот, во категоријата автомобили, Лаја Санц заврши заостанување од 2:40 мин зад победникот, а таа за првпат се натпреварува во оваа категорија на Дакар релито.
Шпанката го држи неверојатниот рекорд на комплетирање на сите 11 изданија на кои се тркаше на мотоцикл и сега сака да го донесе својот MINI ALL4 Racing до целта во Џеда на 14 јануари.
"За нас ова беше добра воведна етапа. Чувството беше добро. Останавме смирени. Можеби можевме да притиснеме уште малку, но ова беше само прв ден. Утре започнува вистинската трка и ќе видиме кое е нашето основно темпо."
Во категоријата на мотоцикли, минатогодишниот најдобар дебитант Сандерс го предводеше патот за GasGas, завршувајќи цела минута пред Пабло Кинтанила
"Беше прилично брз ден. Етапата ми помина навистина чисто. Прекрасно е чувството повторно да се биде овде во Саудиска Арабија и повторно да се тркаме на овој терен. Во моментов водам, така што тоа е добро. Возбуден сум што ќе продолжам и денес беше добро да се смират нервите."
На Сандерс во топ 5 пласман му се придружија дуото на KTM Factory Racing, Кевин Бенавидес (четврто) од Аргентина и Австриецот Матијас Вокнер (петти). Поранешниот шампион Сем Сандерленд беше седми, додека двократниот победник Тоби Прајс беше едно место поназад на осмото место.
Повеќекратните победници во категоријата на камиони, Тимот на Камаз Мастер добро се претставија на воведната етапа, а четирикратниот Дакар шампион, Едуард Николаев, го предводи поредокот со денешната победа. Русинот беше внимателно следен од неговите тројца тимски колеги, со Димитриј Сотников на второто, Андреј Каргинов на третото и Антон Шибалов на четвртото место.
Сотников рече: "Последниот Дакар беше одличен за нас, тимот работеше толку добро заедно за да ни ја донесе таа победа. Сега изградивме нов камион, така што со себе носи нов предизвик. Многу го тестиравме новиот камион, но во Русија го немаме истиот терен како што го наоѓаме на Дакар. Нашата цел е да го задржиме тимот на првата позиција."
Во категоријата Лесни возила, Американецот Сет Кинтеро имаше совршен почеток во целта да стане најмладиот победник на релито.
Откако на минатогодишната трка ја испиша историјата со тоа што стана најмладиот етапен победник досега, Кинтеро го победи тимскиот колега Андреас Микелсен за првото место на воведната етапа. Белгијката Гијом Де Мевиус заврши на четвртото место, додека Кристина Гутиерез беше шеста.
19-годишниот Квинтеро рече: "Воведната етапа помина навистина добро. На крајот фативме малку сообраќај, но генерално добар почеток на релито. Сега едвај го чекам остатокот."
Топ три вкупни резултати во секоја категорија:
АВТОМОБИЛИ
1. Насер Ал-Атија
Toyota Gazoo Racing
10:56
2. Карлос Саинц
Team Audi Sport
+ 00:12
3. Брајан Барагванат
Century Racing
+ 00:36
МОТОЦИКЛИ
1. Даниел Сандерс
Gas Gas
55:30
2. Пабло Кинтанила
Honda Team 2022
+ 01:00
3. Рос Бренч
Yamaha Rally Team
+ 01:55
КАМИОНИ
1. Едуард Николаев
Kamaz Master
13:01
2. Димитриј Сотников
Kamaz Master
+ 00:07
3. Андреј Каргинов
Kamaz Master
+ 00:15
ЛЕСНИ ВОЗИЛА
1. Сет Кинтеро
Red Bull Off-Road Junior Team
13:07
2. Андреас Микелсен
Red Bull Off-Road Junior Team
+ 00:03
3. Франциско Лопез Контардо
EKS - South Racing
+ 00:05