Французинот Себастиен Леб анулираше скоро три минути од предноста на неприкосновениот лидер Насер Ал-Атија по 5-тата етапата на релито Дакар, кога поранешниот МотоГП возач Данило Петручи ја извојува својата прва етапна победа.
Тинејџерот Сет Кинтеро повторно триумфираше во категоријата на лесни возила, Т3, па во досегашниот тек има 4 победи од 5 етапи, но казната од 10 часа најверојатно нема да му дозволи да триумфира во својата категорија.
Леб го стави својот Prodrive BRX Hunter во режим на целосен напад, а легендата на теренските трки заврши на второто место на денот зад Хенк Латеган за да анулира речиси три минути од водството на Катарецот Ал-Атија.
Карлос Саинц, Стефан Петерхансел и Матијас Екстром имаа проблематичен четвртокот со електрифицираните погонски единици на нивниот Audi RS Q e-tron.
Дебито на Италијанецот Петручи продолжува да се подобрува бидејќи двократниот победник во МотоГП ја забележа својата прва етапна победа во категоријата на мотоцикли, со само две секунди предност пред Боцванецот Рос Бренч.
Сем Сандерленд, лидерот во генералниот пласман, останува на врвот и покрај тоа што претрпе втора несреќа за два дена. Победникот на Дакар од 2018 година, Матијас Вокнер останува во негова близина и одзеде уште 30 секунди од водството на Сандерленд, намалувајќи го неговиот вкупен дефицит на само две и пол минути.
Во категоријата на лесни возила, денес Сет Кинтеро, забележа уште една етапна победа, со што има скор 5/6 досега, вклучувајќи ја и воведната етапа.
Во категоријата на камиони, гледавме уште еден приказ на апсолутна доминација на тимот на Камаз Мастер. Денес нивните камиони се пласираа од прво до четврто место, при што Андреј Каргинов е победник на денот, но Димитри Сотников го зголеми своето водство во генералниот пласман.
Петочната етапа 6 ќе биде уште една кружна трка околу базниот камп во Ријад, овој пат во пустинските песоци десно од главниот град на Саудиска Арабија, што ќе води до целосно заслужениот ден за одмор.
Топ три вкупни резултати во секоја категорија:
АВТОМОБИЛИ
1. Насер Ал-Атија (201)
Toyota Gazoo Racing
17ч24:23
2. Себастијан Леб (211)
Bahrain Raid Xtreme
+ 35:10
3. Лусио Алварез (222)
Overdrive Toyota
+ 51:15
МОТОЦИКЛИ
1. Сем Сандерленд (4)
Gas Gas Factory Racing
19ч01:50
2. Матијас Вокнер(52)
Red Bull KTM Factory Racing
+ 02:29
3. Адриен Ван Беверен (42)
Monster Energy Yamaha Rally Team
+ 05:59
КАМИОНИ
1. Димитриј Сотников (500)
Kamaz Master
19ч09:20
2. Едуард Николаев (505)
Kamaz Master
+ 09:53
3. Антон Шибалов(501)
Kamaz Master
+ 27:27
ЛЕСНИ ВОЗИЛА Т3
1. Франциско Лопез Контардо (305)
EKS - South Racing
20ч38:29
2. Себастијан Ериксон (306)
EKS - South Racing
+ 22:16
3. Филип Пинчедез (302)
Pinch Racing
+ 2ч05:38
ДАНИЛО ПЕТРУЧИ СО ПРВА ЕТАПНА ПОБЕДА НА ДАКАР
1/06/2022 08:19:00 PM
0
Share to other apps