Една недела измина, останува уште една недела до финишот на 2022 релито Дакар, а лидерите во главните категории ја зајакнаа својата предност на 6-тата петочната етапа. Утре сите натпреварувачи ги очекува заслужениот ден за одмор.
По изминати 2.000 км. Насер Ал-Атија го зголеми водството на 48 минути и 54 секунди. Трикратниот шампион на Дакар со тоа има релативно големо водство, со тоа што возачот на Toyota Gazoo Racing и неговиот совозач Матје Баумел речиси без грешка ги изминаа првите шест етапи.
Себастиен Леб направи се што може за да изврши максимален притисок врз Ал-Атија, но деветкратниот победник на WRC сè уште заостанува зад Катарецот за повеќе од 50 минути по 6 етапа и го изгуби второто место од друга Тојота, таа на Јазид Ал-Раџи. Победник на денешната етапа беше тимскиот колега на Леб, Орландо Теранова.
Себастиен Леб: "Беше доста комплициран ден за нас. Се изгубивме по околу 100 километри и тоа не чинеше доста време. Потоа, само настојувавме да ја намалиме разликата.."
Мотоциклистите се тркаа на етапата долга 423 километри што вчера ја користеа автомобилите и камионите, кои го "изораа" теренот до таа мера што денешната етапа беше запрена по 100 километри поради загриженост за безбедноста.
Австралиецот Сандерс од GasGas Factory Racing финишираше на врвот и со тоа надомести 5 минути и 35 секунди од својот тимски колега и лидер на трката Сем Сандерленд, а втор е Матијас Вокнер од Red Bull KTM Factory Racing.
Даниел Сандерс: "Имаше неколку возачи кои се жалеа и сакаа да ја прекинат трката бидејќи беше премногу опасна. Не се согласував со тоа, но беше донесена одлука да се прекине."
Сем Сандерленд: "Бевме малку загрижени пред почетокот. Мешавината од сиот дожд што падна и автомобилите и камионите што минуваа низ трасата, ја направија како минско поле."
Матијас Вокнер: "Беше многу техничко и физичко возење и многу уживав во ова. Беше опасно, така што секогаш требаше се биде внимателен. Се чувствувам здрав и мотивиран и убаво е што утре го имаме денот за одмор."
Американскиот тинејџер Сет Кинтеро од Ред Бул Офроуд Јуниорскиот Тим ја освои својата петта Т3 победа во шест дена и тој сега цели на рекордот за етапни победи на Дакар кој го држи Пјер Лартиг, кој освои 10 во 1994 година.
Но, Чилеанецот Чалеко Лопез го одржува своето водство во генералниот пласман пред денот за одмор. Кристина Гутиерез стигна до место на победничкиот подиум, со кое се надева дека ќе ја одбрани честа на тимот на Ред Бул Офроуд Јуниор.
Сет Кинтеро: "Денес го имав едно од најстрашните возења во мојата тркачка историја. Неколку километри по полнењето гориво ги загубивме сопирачките. Така, последните 180 километри ги поминавме без апсолутно никакви сопирачки. Некако успеавме да стигнеме и до победата, тоа е лудо!"
Кристина Гутиерез: "Денот беше добар, возењето и навигацијата беа совршени. Нашиот единствен проблем беше дупната гума во бизина на нфинишот. Ден без проблеми, како овој, помага да се врати малку енергија за она што допрва следи."
Чалеко Лопез: "Требаше да ја контролирам брзината блиску до крајот за да избегнам големи проблеми. Во вториот дел од релито треба да го браниме водството во генералниот пласман."
Повторно 1-2-3 пласман на екипажите на Камаз Мастер кои ја заврши неверојатната недела за руските камионџии со Андреј Каргинов како победик на денот, а Димитри Сотников го зголеми своето водство во генереланиот пласман на 10 минути и 29 секунди.
Димитриј Сотников: "Денес имаше многу груба земја, камења и прашина. Се обидовме да се грижиме за нашите гуми и да направиме добра работа со навигацијата. Се надеваме дека ќе имаме среќа во втората недела."
Како што напоменавме утре нема да има трки бидејќи натпреварувачите ќе уживаат во заслужениот ден за одмор, а потоа има уште 2.000 км што треба да се минат во втората недела од најтешкиот тест на издржливост во мотоспортот.
Топ три вкупни резултати во секоја категорија:
АВТОМОБИЛИ
1. Насер Ал-Атија (201)
Toyota Gazoo Racing
20ч37:24
2. Јазид Ал-Раџи (205)
Overdrive Toyota
+ 48:54
3. Себастијан Леб (211)
Bahrain Raid Xtreme
+ 50:25
МОТОЦИКЛИ
1. Сем Сандерленд (3)
Gas Gas Factory Racing
19ч55:59
2. Матијас Вокнер(52)
Red Bull KTM Factory Racing
+ 02:39
3. Даниел Сандерс (4)
Gas Gas Factory Racing
+ 05:35
КАМИОНИ
1. Димитриј Сотников (500)
Kamaz Master
22ч25:45
2. Едуард Николаев (505)
Kamaz Master
+ 10:29
3. Антон Шибалов(501)
Kamaz Master
+ 38:17
ЛЕСНИ ВОЗИЛА Т3
1. Франциско Лопез Контардо (305)
EKS - South Racing
24ч19:17
2. Себастијан Ериксон (306)
EKS - South Racing
+ 23:09
3. Кристина Гутиерез Хереро (301)
Red Bull off-road Team
+ 2ч20:16
ЛИДЕРИТЕ СИГУРНИ, КРИСТИНА ГУТИЕРЕЗ СО МЕСТО НА ПОДИУМОТ
1/07/2022 08:26:00 PM
0
Share to other apps
