Сезоната 2021 траеше 259 дена, од 28 Март до 12 Декември. По шести пат во историјата на Формула 1 имавме трка што се одржа во месец декември. Втора година по ред се одржаа две трки, ГН на Саудиска Арабија и ГН на Абу Даби. Петте претходни случаи се: 1959 година во САД, во 1962 и 1963 година во Јужна Африка, во 2019 година во Абу Даби, во 2020 година во Бахреин и Абу Даби.
Изминатата сезона беше рекордна по бројот на одржани трки, 22. Вкупното растојание на сите трки беше 1297 круга или 6409 километри. Во 2021 година, на стартот имавме 21 возач. На трката за ГН на Холандија и на Италијанското ГП, Роберт Кубица го замени Кими Раиконен, кој беше позитивен на Ковид-19. Никита Мазепин ја пропушти трката во Абу Даби поради Ковид-19, никој не го замени, бидејќи позитивниот резултат од тестот стана познат неколку часа пред почетокот на истата.
Од сите возачи што стартуваа трка, тројца не можеа да забележат бодови, Мик Шумахер, Роберт Кубица и Никита Мазепин. На петочните тренинг сесии зад воланот седнаа пет возачи како замена. Роберт Кубица, покрај учеството на трките во Зандворт и Монца, седна зад воланот на Алфа Ромео на тренинг во Шпанија, Штаерска и Унгарија.
Зад воланот на Вилијамс, Рој Нисани ги заврши петочните тренинзи на трките во Шпанија, Франција и Австрија. Калум Илот го возеше болидот на Алфа Ромео двапати, во Португалија и Австрија. Гуанју Џоу го возеше болидот на Алпин на првиот тренинг за ГН на Австрија, додека Џек Ајткен ја заврши сесијата во Абу Даби зад воланот на Вилијамс.
На трките сите возачи комплетираа вкупно 23.688 кругови или 117.197 километри. Во текот на сезоната, возачите комплетираа 59.121 кругови или 296.086 километри за време на тренинг сесиите, квалификациите и трките.
Рекордер по поминато растојание беше Карлос Саинц Јр., кој во текот на сезоната со болидот на Ферари помина 3.201 круга или 16.015 километри. Најмалото растојание меѓу возачите кои стартуваа на трките, очекувано, измина Роберт Кубица, 289 круга или 1.420 километри. Од возачите кои беа на стартот на сите трки, Мик Шумахер имаше најмало растојание, 2.755 кругови или 13.755 километри.
Единаесет возачи беа во водство на трките, Макс Ферстапен 652 круга т.е 2.988 километри, Луис Хамилтон, 297/1.582, Валтери Ботас, 79/396, Естебан Окон, 66/291, Чарлс Леклер, 60/348, Даниел Рикиардо, 48/278, Серџо Перез, 46/242, Ландо Норис, 31/181, Карлос Саинц Јр., 12/70, Себастијан Ветел, 4/24 и Фернандо Алонсо, 2/9.
Најмногу победи забележа Макс Ферстапен, 10. Покрај него, Луис Хамилтон победи на 8 трки, Серџо Перез, Естебан Окон, Даниел Рикардо и Валтери Ботас на една трка. Формално, најбрзата победа му припаѓа на Макс Ферстапен, на фамозното Белгиско ГП со комплетирани 6.880 метри растојание. Ова е најкратката трка во историјата на Формула 1, а на Ферстапен му беа потребни 0ч03:27.071 за да го помине растојанието.
Тринаесет возачи се искачија на подиумот во 2021 година: Макс Ферстапен, 18 пати, Луис Хамилтон, 17, Валтери Ботас, 11, Серџо Перез, 5, Ландо Норис, 4, Карлос Саинц Јр., 4, Себастијан Ветел, Пјер Гасли, Чарлс Леклер, Естебан Окон, Џорџ Расел, Даниел Рикиардо и Фернандо Алонсо по еднаш.
Пет возачи ја освоија Пол позицијата: Макс Ферстапен, 10 пати, Луис Хамилтон, 5, Валтери Ботас, 4, Чарлс Леклер, 2, Ландо Норис, 1. Седум возачи го имаа најбрзиот круг во трката, Макс Ферстапен и Луис Хамилтон по 6 пати, Валтери Ботас, 4, Серџо Перез, 2, Пјер Гасли, Даниел Рикиардо, Ландо Норис по еднаш.
Во 2021 година, тимовите изведоа 653 пит-стопа. Повеќето од нив беа на Големата Награда на Емилија-Ромања, 56, а најмалку, ако не се земе предвид ГН на Белгија, каде што немаше пит-стопови, имаше на Големата Награда на Монако, 19.
Во 2021 година, пет возачи не добија казнени поени, и тоа Карлос Саинц Јр., Чарлс Леклер, Даниел Рикиардо, Мик Шумахер и Роберт Кубица. Најмногу казнени поени на крајот од сезоната заработи Јуки Цунода, 8.
СЕЗОНА 2021 НИЗ БРОЈКИ
1/09/2022 01:08:00 PM
0
Tags
Share to other apps