Французинот Себастиен Леб доби повеќе од пет минути од лидерот во категоријата на автомобили, Насер Ал-Атија со победата на 7-та етапа на релито Дакар, додека тинејџерот Сет Кинтеро ја задржа својата неверојатна форма со уште една етапна победа.
Французинот ја забележа втората етапна победа која се возеше до базниот камп во Ал Давадими, а со тоа се искачи на второто место во генералниот пласман. Обезбедувајќи ја својата 16-та етапна победа на Дакар, Леб е единствениот натпреварувач кој се чини дека е подготвен да биде достоен ривал на лидерот на трката Ал-Атија. Сепак, Катарецот сè уште води пред Леб со предност од 45 минути.
Почетокот на вториот дел од Дакар релито, се покажа многу поуспешен за трите автомобили на Ауди RS Q e-tron, при што Карлос Саинц го забележа третото најбрзо време на денот, а тимскиот колега Стефан Петерхансел беше веднаш зад него. Матијас Екстром, исто така, се врати во Топ 10, пласирајќи се на осмото место.
Во категоријата лесни автомобили, Т3, тинејџерот Сет Кинтеро, може да забележи историски настап, одржувајќи ја својата импресивна победничка серија. 19-годишниот возач на Red Bull Off-Road Junior тимот досега има забележано седум етапни победи на овој Дакар. Рекордот на победи на Дакар релито изнесува 10 и тој беше забележан кога Дакар се состоеше од 17 етапи.
Сепак, Американецот нема шанси да се радува на вкупна победа, каде својата предност стрпливо ја одржува и изгледа на пат да биде победник во категоријата Т3 Чилеанецот Франциско Лопез. Многу поинтересна станува битката за второто место, бидејќи третопласираната Кристина Гутиерез успеа да надомести еден час во однос на второпласираниот Себастијан Ериксон.
Во категоријата на мотоцикли, втората недела на Дакар релито заврши пред да започне за возачот на GasGas Factory, Даниел Сандерс. Најдобро пласираниот дебитант од минатата година беше трет во генералниот пласман, но тој не успеа да стигне до стартната линија на седмата етапа. Сандерс имаше пад на патот до стартот и го скрши левиот лакт и зглоб, со што неговиот Дакар прерано заврши.
Тимскиот колега, Сем Сандерленд, исто така немаше среќа на оваа етапа бидејќи победникот на Дакар од 2017 година го загуби водството во генералниот пласман и сега е четврти во поредокот. Матијас Вокнер од Red Bull KTM Factory Racing го задржа второто место, додека тимскиот колега и актуелен шампион Кевин Бенавидес се катапултираше на третото место во генералниот пласман.
Чилеанскиот возач Хозе Игнасио Флоримо со Хонда беше најдобриот возач на мотоцикли, но во водство го презеде Французинот Адриен ван Беверен од Јамаха.
Во трката со камиони, работите се затегнаа со тројцата водечки возачи на Камаз Мастер и сите се зближија на врвот на рангирањето. Победникот на етапата Антон Шибалов е сè уште трет во генералниот пласман, но поблиску до првото место отколку што беше на Денот за одмор. Второто место го држи Едуард Николаев, сега само пет минути зад лидерот на трката и тимски колега Димитриј Сотников.
Понеделничката 8-ма етапа ќе биде специјална етапа долга 394 километри, при што повеќе од половина од тоа растојание ќе се возат преку песочни дини.
Топ три вкупни резултати во секоја категорија:
АВТОМОБИЛИ
1. Насер Ал-Атија (201)
Toyota Gazoo Racing
23ч52:22
2. Себастиен Леб (211)
Bahrain Raid Xtreme
+ 44:59
3. Јазид Ал-Раџи (205)
Overdrive Toyota
+ 53:31
МОТОЦИКЛИ
1. Адриен Ван Беверен (42)
Monster Energy Yamaha Rally Team
23ч45:02
2. Матијас Вокнер(52)
Red Bull KTM Factory Racing
+ 05:12
3. Кевин Бенавидес(1)
Red Bull KTM Factory Racing
+ 05:23
КАМИОНИ
1. Димитриј Сотников (500)
Kamaz Master
26ч05:54
2. Едуард Николаев (505)
Kamaz Master
+ 05:14
3. Антон Шибалов(501)
Kamaz Master
+ 31:25
ЛЕСНИ ВОЗИЛА Т3
1. Франциско Лопез Контардо (305)
EKS - South Racing
28ч17:24
2. Себастијан Ериксон (306)
EKS - South Racing
+ 1ч24:05
3. Кристина Гутиерез Хереро (301)
Red Bull off-road Team
+ 2ч14:40
СЕБАСТИЕН ЛЕБ НАЈБРЗ КАЈ АВТОМОБИЛИТЕ, ДАНИЕЛ САНДЕРС СКРШИ РАКА
1/09/2022 09:37:00 PM
0
Share to other apps