Tимот на Хас Ф1 го презентираше нивното брендирање за 2022 година, кое претставува еволуција на минатогодишната верзија, во која доминираат боите на руското знаме.
Ова не беше официјално претставување на новиот болид, туку тимот објави дигитални рендери од VF-22, болидот со кој Никита Мазепин и Мик Шумахер ќе се натпреваруваат во 2022 Формула 1 шампионатот, кој ќе биде рекорден со 23 трки.
Рендерираните компјутерски фотографии го претставуваат дизајнот на VF-22 од почетната фаза на развој, па сите нови детали и надградби ќе бидат видливи на физичката презентација на 2022 болидот која би требало да се одржи на 23 Февруари, првиот тест ден на патеката Каталуња, Барселона.
Хас VF-22 е првиот болид на тимот изграден во новиот оддел на тимот кој е сместен во Маранело и е под раководство на Симоне Реста.
Болидот е опремен со погонската единица на Ферари 066/7, прилагодена за употреба на E10 биогориво.
VF-22 дава идеја за тоа како ќе изгледаат болидите во 2022 година, дизајнирани според новите технички прописи.
Џин Хас, основачот на Хас Автоматика и Претседател на Хас Ф1 коментираше: "Ова е тој период од годината каде што природно сите сме оптимисти дека напорната работа на сите во тимот ќе резултира со конкурентен настап во претстојната сезона."
"Уште во 2020 година донесовме одлука дека сите наши ресурси ќе ги насочиме во VF-22, отфрлајќи се што е поврзано со патеката за 2021 година, нешто што не беше лесно за гледање. Се надеваме дека таа одлука вроди со плод и ќе се вратиме на предизвикот за освојување бодови ."
Гинтер Штајнер, тимски шеф: "Возбудливо е што дојдовме до моментот кога што знаеме дека VF-22 наскоро ќе биде на патеката. Сите знаеме за што е способен тимот, тоа го докажавме во минатото, и со овој нов болид, роден од сосема нов сет на прописи со помош на нашиот нов дизајнерски тим, убеден сум дека можеме да се натпреваруваме за време на викендите."
"Беше потребен огромен напор од сите инволвирани страни и сега доаѓа забавниот дел, носењето на новиот болид на патеката и вклопување на сите елементи. Минатата сезона беше долга, но убеден сум дека во 2022 година ќе се вратиме во игра со VF-22."
Симоне Реста, технички директор: "Ова е веројатно најкомплексниот проект на Ф1 тимот на Хас. Имаме сосема нов сет на прописи и оваа сезона доведовме нов тим за да управува со создавањето на VF-22."
"Не се сите нови, но добар дел луѓе се приклучија во ревидирана структура на тимот. Ова го сметам за голем успех во процесот."
"Сè уште сме рано во проектот, поминавме низ преодна сезона на заедничка работа на болидот, но ако погледнеме наназад од каде што почнавме, овој тим е веќе успешен."
Сите 10 Ф1 тимови без присутво на јавноста ќе ги тестираат своите нови болиди на патеката Каталуња во Шпанија од 23 до 25 февруари.
Потоа предсезонските тестирања се префрлаат во Бахреин од 10-12 март. 2022 Формула 1 шампионатот започнува со трката за Големата Награда на Бахреин на 20 Март.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.