Во последните години, во Формула 1, стјуардите во одредени случаи не ги казнуваа возачите, туку се ограничија на доделување на опомени.
Правилата велеа дека доколку еден возач добие три опомени во една сезона, во зависност од моментот на доделување ќе изгубеше 10 стартни позиции во тековниот или наредниот викенд.
Во 2022 година, овој член на прописите е модифициран, па сега не три опомени, туку пет, ќе доведат до губење на стартни места, со важна фуснота, дека минимум четири од пет опомени ќе треба да се добиени за прекршување на правилата за возење.
ФИА не сака да се најде во незгодна ситуација, како што имавме на последната трка во Абу Даби, кога еден од претендентите за титулата може да загуби стартни позиции поради добиени опомени.
Луис Хамилтон пристигна во Абу Даби со две опомени, а за време на тренинг сесиите, дуелот со Мазепин, му беше простена третата за да не стартува со казна од 10 позиции на трката. Бидејќи минатата година никој не доби три опомени во 22 трки, малку е веројатно дека некој ќе може да добие пет во 23 трки.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.