Формула 1 Шампионот од 1978 година, Марио Андрети, објави дека неговиот син Мајкл поднел апликација до ФИА да создаде свој тим во Формула 1.
Во 2018 година, Андрети се обиде да го купи тимот на Форс Индија, но Лоренс Строл го претрка. Во октомври 2021 година, тој се обиде да го купи Заубер, но договорот пропадна во последен момент.
Сега тој е подготвен да направи голем депозит и да создаде свој тим.
"Мајкл аплицираше до ФИА за новиот тим да се натпреварува во Формула 1 од 2024 година", напиша Андрети на социјалните мрежи. "Неговата компанија Андрети Глобал ги има сите потребни ресурси и услови. Тој ја чека одлуката на ФИА."
19.02.22 ОБНОВЕНО: Веста дека Мајкл Андрети има намера да создаде свој Формула 1 тим, кој треба да биде подготвен да го започне шампионатот во 2024 година, предизвика голема врева во светот на мотоспортот, но засега краткиот коментар на ФИА е најзначајниот.
"Во однос на Формула 1, ФИА моментално не разгледува никакви апликации добиени од потенцијални нови тимови и не коментира за ничии манифестации на интерес за тоа."
Сепак, неофицјално се потврдува дека Андрети започнал дијалог со ФИА, но, очигледно, работата се уште не стигнала до формалното поднесување на апликацијата.
Во исто време, ниту федерацијата ниту раководството на Формула 1 во моментов не се премногу заинтересирани за нови тимови. Додека ова не се промени, исклучително е малку веројатно дека проектот Андрети ќе се придвижи напред.
НОВ ТИМ ВО ФОРМУЛА 1 ШАМПИОНАТОТ?!?
2/18/2022 11:50:00 PM
0
Share to other apps