Макс Ферстапен, Формула 1 Шампионот, уживаше во својата прва акција за 2022 година. Во спектакуларна увертира за претстојната сезона, Холанѓанецот имаше дуел со поранешниот европски шампион на мраз, Френки Зорн, на патеката GP Ice Race на аеродромот Зел ам Си.
Иако никогаш претходно не возел Ф1 болид на мраз, возачот на Ред Бул брзо се навикна на новата патека од мраз на специјално дизајнираните гуми на Пирели. На овој настан на неговата кацига и болид за прв пат се најде Бр.1 резервиран за шампионот.
"Ова беше мојот прв настап на мраз со Формула 1 болид и со нетрпение го очекував. Беше многу интересно и е прилично лизгаво, па морав да бидам внимателен. Сè е многу ладно, вклучително и сопирачките, а болидите очигледно не се дизајнирани да возат на мраз, што го прави нивното управување уште потешко, но беше многу забавно."
Макс Ферстапен ја освои Ф1 шампионската титула во 2021 година со забележани 10 Победи во 22 трки. Со тоа, тој стана првиот шампионски возач на Ред Бул, откако Себастијан Ветел ја освои својата четврта последователна титула во 2013 година.
Ферстапен, чиј перманентен број во Ф1 е 33, по неговиот успех реши да го избере бројот 1, резервиран за шампионот, и тој за првпат ќе се користи на Ф1 гридот од 2014 година.
"Колку пати добивате можност да ги замените броевите? Единицата е најдобриот број во Формула 1, така што за мене беше многу едноставно да го одберам. Да се надеваме дека бројот 33 нема да се врати следната година.... хехехе..."
По неговите ледени кругови за "загревање", Ферстапен наскоро ќе се соочи со невиден маратон од 23 трки во неговата прва сезона како актуелен шампион во Формула 1.
Сè започнува со претсезонската тест сесија во Барселона, Шпанија на 23-25 февруари, каде тој ќе ги испроба можностите и границите на целосно новиот RB18.
"Изгледа малку поинаку, но сè уште е Формула 1 болид. На тестирањето ќе можеме да направиме многу кругови и да добиеме многу информации, што е важно. Со нетрпение го очекувам стартот на 2022 сезоната."
Ф1 БОЛИД - ЕМ НА МРАЗ, ЕМ НА АВТОМОБИЛСКИ ГУМИ
2/05/2022 08:52:00 PM
0
Tags
Share to other apps