Шампионот над шампионите во 2022 година беше одлучен во дуелот помеѓу Себастиен Леб и Себастијан Ветел, дуел во кој можеше да се претпостави победникот, бидејќи условите на патеката беа многу подобри за легендарниот рели возач.
Тие го имаа своето прво финално возење со Polaris ATV, за време на кое Ветел удри во снежната бариера покрај патеката, дозволувајќи му на Французинот да победи со повеќе од две секунди предност.
Во втората трка, двајцата се натпреваруваа во реликрос автомобили, и повторно, Леб подобро ја владее оваа техника, но Ветел не се откажа, се бореше достоинствено, возеше доста самоуверено, но сепак францускиот рели мајстор беше очигледно посилен.
Во финалето на Трката на Шампионите може да има до четири трки, така што судбината на победникот можеше да се реши во третиот дуел, а овојпат на неговите учесници како "оружје" им беа обезбедени електрични рели автомобили.
Ако успееше Леб да победи ќе беше вкупен победник, но доколку Ветел победеше, ќе имаше уште еден дуел. Ветел ризикуваше до максимум, но повторно се чинеше дека предноста е на страната на Французинот.
Но, следуваше главното изненадување на викендот, Леб не го исконтролира добро својот автомобил, се изврте, па Себ прв ја мина целта.
За деветкратниот шампион во WRC, ова е исклучително ретка грешка, но кога камерите го покажаа Леб во крупен план, на неговото лице се забележа насмевка, по што коментаторите заклучија - Французинот тоа го направи намерно само да вози уште една трка.
Одлучувачката трка повторно се одржа на рели автомобили. Ветел направи се што беше во негова моќ, и го комплетираше првиот круг пред противникот, но во вториот круг Французинот отскокна.
Така, Себастиен Леб по четврти пат во кариерата е севкупен победник на Трката на шампионите и се изедначи со Дидие Ориол по бројот на победи. Себастијан Ветел беше достоен противник, и, секако, заслужува пофалби за својот настап, по вчераниот пораз од СИМ возач.
Оваа година, Леб го освои второто место на Дакар релито, победи на релито Монте Карло и сега победи на Трката на Шампионите, потврдувајќи дека е еден од најдобрите возачи во светот дури и на 47 годишна возраст.
СЕБАСТИЕН ЛЕБ - ШАМПИОН НАД ШАМПИОНИТЕ
2/06/2022 07:38:00 PM
0
Share to other apps