Формула 1 го продолжи договорот со меѓународната патека во Бахреин, па во ова кралство на Блискиот Исток ќе гледаме трки од шампионатот до 2036 година.
Промоторите на Големата Награда на Бахреин неодамна извршија реконструкција на патеката, а исто така усвоија и еколошка програма со која целосната енергија што ќе се користи во претстојната прва трка од новата 2022 сезона ќе се добива од обновливи извори.
Стефано Доменикали, Претседател и извршен директор на Формула 1: "Воодушевен сум што ќе се тркаме во Бахреин до 2036 година. Од 2004 година, патеката во Сахир е домаќин на одлични трки, а сега едвај чекаме да се вратиме таму за да го започнеме 2022 шампионатот, бидејќи започнува нова ера во историјата на нашиот спорт."
"Бахреин беше првата земја на Блискиот Исток што беше домаќин на Формула 1 и оттогаш има посебно место за нас и јас лично сакам да му се заблагодарам на принцот Салман и неговиот тим за нивната посветеност и напорна работа во зајакнувањето на нашето партнерство."
Денес ФИА го објави временските распореди на сите 23 трки, а она што е интересно е дека нема нити еден викенд со спринт квалификации. Тоа е тоа, кога тимовите треба да трошат екстра финансии нема место за забава.
НОВ ДОГОВОР ЗА БАХРЕИН, НЕМА СПРИНТ КВАЛИФИКАЦИИ
2/11/2022 07:40:00 PM
0
Share to other apps