Формула 1 тимот на Алпин и BWT, еден од водечките добавувачи на системи за третман на вода ширум светот, објавија стратешко, долгорочно партнерство. BWT станува главен спонзор на тимот од оваа 2022 сезона, при што тимот сега добива ново официјално име - BWT Alpine F1 Team.
Французите се обврзаа да го користат розовото брендирање на BWT за да ја шират пораката за одржливост и општествена одговорност низ светот, користејќи ги комбинираните глобални платформи на Формула 1 и автомобилската индустрија.
Розовата боја ја симболизира мисијата на BWT - Промени го светот - голтка по голтка, и имплементирање на концептот за слободна зона за шишиња.
За тимот на Алпин ова е голем нов чекор напред бидејќи има за цел да се бори за шампионската титула во рамките на 100 трки во оваа нова ера на регулативи. Откако се придружија на Ф1 шампионатот тимот се обврза да ја користи уникатната платформа на Формула 1 и автомобилската индустрија за да ги донесе истакнатите општествени прашања до израз.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.