Оваа патека е популарна локација за тестирање поради температурите кои обично се умерени во текот на целата година. Дизајнот на истата е предизвик за секој аспект на болидот и гумите.
Позната е теоријата дека ако болидот може да биде брз во Барселона, тогаш може да биде брз на повеќето патеки од календарот. Тоа е она што сите тимови ќе се обидуваат да се воспостави во текот на трите тест дена.
Тимовите треба да бидат исклучително внимателни кога ја планираат својата тест програма, бидејќи ќе биде уште потешко да се надокнади изгубената километража подоцна во тест деновите.
Тест сесијата, треба да ни даде првична слика за распоредот на силите помеѓу тимовите. Најдобрите од нив, вообичаено, не ги откриваат сите карти, тие не работат во квалификациски режим со минимална количина на гориво во резервоарите и не ја вклучуваат целосната моќност на погонските единици.
За секој тим на овие тестови многу е важно секој круг да се користи со максимална ефикасност и да се комплетираат што е можно повеќе од нив без поголеми проблеми. Едно нешто што не може да се скрие, а тоа е издржливоста на ПЕ, ако некој има многу проблеми, така ќе биде и во текот на целата сезона.
Обично, прва сесија се користи да се проверат сите системи на болидите и да се работи на балансот на шасијата. Возачите ќе сакаат што подобро да ги разберат карактеристиките на новите болиди и нивната корелација со гумите на Пирели, кои станаа значајна компонента за успешни резултати. И да го имате најбрзиот болид на гридот, ако не ги разберете гумите, нема да имате резултати.
Една од најрелевантните карактеристики на Формула 1 во 2022 година ќе бидат новите 18-инчни гуми на Пирели, вградени во новите болиди. Се менува големината на бандажите, додавајќи пет инчи на дијаметарот што се одржуваше од 1960-тите, со компактни, високо профилни пневматици, кои што се во употреба повеќе од половина век.
Сега е време за помодерен пристап. Со поголем акцент на технолошката близина со пневматиците за патничките автомобили, како и естетиката. Новите пневматици ќе ја има истата ширина на шарата како досега, 305 милиметри напред и 405 милиметри позади, но малку поголем дијаметар, кој расте од 660 милиметри на 720 милиметри.
Најзначајната промена е намалувањето на страничниот ѕид, па сега ќе наликуваат на нископрофилните гуми на Пирели, кои со години се претпочитаа како најдобар избор за водечките марки на спортски автомобили.
Намалениот профил значи дека гумите ќе се деформираат помалку, што значи дека нивното влијание врз целокупната аеродинамика на болидите ќе биде помало. Сето тоа треба да фаворизира блиски трки.
Смешите за 18-инчните гуми исто така ќе бидат целосно нови, за да се обезбеди максимална конзистентност и помалку прегревање. Ќе бидат достапни 5 смеши за Ф1 шампионатот за 2022 година, од кои три ќе бидат номинирани за секој тркачки викенд, исто како што е случај во моментов.
Резултатите се секогаш релативни, но тимовите внимателно ќе се следат еден со друг. Како и секогаш, никој нема да знае кој има колку гориво во резервоарите и какви модови на ПЕ се користат, но, денес инженерите се опремени со многу алатки за работа и прибирање на информации, што најверојатно ќе им овозможи да го проценат соодносот на силите на гридот. Дали тоа ќе го споделат со јавноста е друго прашање.
Оваа година, имаме шест тест дена, а тоа значи дека тимовите мора да работат што е можно поефикасно и што е многу поважно да соберат квалитетни информации за целосно новите 2022 болиди.
Тестовите се важни и за возачите кои ги променија тимовите, тие ќе треба што побрзо да се прилагодат на тимот и сите оперативни процедури. Сепак, за да добиеме јасна претстава за рамнотежата на силите, ќе мора да почекаме на првата трка.
РАСПОРЕД НА ВОЗАЧИ ЗА ПРВАТА ТЕСТ СЕСИЈА | |||
ТИМ | СРЕДА, 23/2/2022 | ЧЕТВРТОК, 24/2/2022 | ПЕТОК, 25/2/2022 |
Мерцедес АМГ | Расел/Хамилтон | Хамилтон/Расел | Расел/Хамилтон |
Ферари | Леклерк/Саинц Јр. | Саинц Јр./Леклерк | Леклерк/Саинц Јр. |
Ред Бул | Макс Ферстапен | Серџо Перез | Ферстапен/Перез |
Мекларен | Ландо Норис | Даниел Рикиардо | Норис/Рикиардо |
Алпин | Фернандо Алонсо | Естебан Окон | Окон/Алонсо |
АлфаТаури | Јуки Цунода | Пјер Гасли | Гасли/Цунода |
Астон Мартин | Ветел/Строл | Строл/Ветел | Ветел/Строл |
Алфа Ромео | Кубица/Ботас | Ботас/Џоу | Џоу/Ботас |
Хас | Мазепин/Шумахер | Шумахер/Мазепин | Мазепин/Шумахер |
Вилијамс | Латифи/Албон | Албон/Латифи | Латифи/Албон |
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
Работниот ден ќе започнува во 09:00 и ќе трае до 18:00 часот со пауза за ручек од 13:00-14:00. Од првата тест сесија на патеката Каталуња нема да има пренос во живо, ќе нема тајминг во живо, нити публика на патеката, туку само ќе се објавува резиме на најдобрите времиња на крајот од секој ден.
По Барселона Ф1 карванот ќе се упати на Блискиот Исток за уште три тест дена во Бахреин од 10-12 Март, пред отворањето на сезоната на истата патека Сахир на 20 Март. За разлика од Шпанија, во Бахреин патеката ќе биде отворена за Ф1 фановите, а ќе има и пренос и тајминг во живо.