На патеката Каталуња започна првата претсезонска тест сесија, една од најважните во шампионатот во последните децении, бидејќи спортот прави голем скок во непознатото со своите целосно нови 2022 болиди.
Колку им се важни тест сесиите на тимовите се покажа и по тоа што неполни пет минути по зеленото светло за старт на сесијата, речиси сите болидите беа на патеката.
Само во тимот на Алфа Ромео зад воланот на новиот C42 седна резервниот возач, Роберт Кубица, додека во останатите тимови работеа главните возачи. Воедно тимот на Алфа Ромео беше единствениот тим кој се уште го нема официјалниот "дрес" за 2022 година, а тој ќе биде претставен во недела, 27 Февруари.
Многумина беа сигурни дека болидите изградени според строгите прописи за 2022 година ќе испаднат многу слични еден на друг и на концептот претставен минатата година, но во пракса болидите се покажаа различни, и ќе се променат уште повеќе на следните тестови.
Адријан Њуи уште еднаш успеа да најде оригинално решение за Ред Бул RB18, па првично сите разговараа за неговиот дизајн на страничните делови на болидот и подот.
По инсталациската серија на кругови, тимовите се фокусираа на аеродинамичко тестирање, возење со различни додатоци, специјална flowiz боја, со фиксна брзина. За сите ќе биде важно добиените податоци да се во корелација со податоците од симулаторите и воздушните тунели.
Утринската сесија помина без проблеми, без инциденти и црвени знамиња. Единствено Ферстапен излета во чакалот покрај патеката, но без последици по болдиот.
Болидите на Хас, поради неправилна работа на пумпата за гориво, и на Алфа Ромео, кој мораше да биде речиси целосно демонтиран, во своите гаражи останаа подолго време. Еден час загуби и Фернандо Алонсо поради проблеми со болидот.
Првото место му припадна на Чарлс Леклер, но сега времињата по круг и не се толку важни. Леклер и Ферстапен комплетираа најмногу кргови. По еден час пауза за ручек, ќе започне попладневната сесија, при што повеќето тимови ќе ги променат своите возачи.
ФЕРАРИ ТРАДИЦИОНАЛНО НАЈБРЗ НА ТЕСТ СЕСИИТЕ
2/23/2022 01:53:00 PM
0
Share to other apps