Во 9 часот, според закажаниот распоред, на патеката во предградието на Барселона започна вториот ден од претсезонската тест сесија, како загревање за 2022 Формула 1 шампионатот.
Во Барселона е топло и сончево, во текот на денот воздухот се загрева до + 17 степени целзиусови. Метеоролозите не најавуваат врнежи, па затоа утре во претпладневната сесија асфалтот ќе биде вештачки наводенет, како би се испробале новите 18" гуми на Пирели за дождливо време.
Како и претходниот ден, утринската тест сесија во Барселона помина без поголеми инциденти. Тимовите го започнаа денот со аеродинамички тестови, возејќи со сензори за притисок во низа кругови со фиксна брзина, а потоа продолжија да собираат информации за перформансите на болидите на патеката.
Тројца возачи, Серџо Перез, Даниел Рикиардо и Естебан Окон денеска за прв пат ги тестираа новите болиди на своите тимови, а Гуанју Џоу ќе дебитира по паузата за ручек. Новите болиди се без многу проблеми, многумина извозеа долго растојание, освен Алфа Ромео. C42 веќе долго време поминува во својата гаража, па Валтери Ботас сè уште заостанува по бројот на комплетирани кругови.
Вилијамс исто така загуби четириесет минути поради промената на поставките на болидот. Имавме еден период со црвени знамиња, кога Серџо Перез, поради проблеми со менувачот, застана на излезот од 13-тиот свиок. РБ18 мораше да се отстрани од патеката.
Даниел Рикиардо продолжи каде што застана неговиот тимски колега, поставувајќи го најбрзото време на утринската сесија, кој извозе круг од 1:20.355. По еден час пауза, тестовите ќе продолжат.
МЕКЛАРЕН ОСТАНУВА НА ВРВОТ, ДАНИЕЛ РИКИАРДО НАЈБРЗ
2/24/2022 01:29:00 PM
0
Share to other apps