Сезоната 2022 ветува дека ќе биде исклучително интересна, првенствено затоа што во Формула 1 се случуваат големи промени во правилата, кои се составени да ја направат битката на тркачките патеки многу поинтензивна и поинтересна. Токму за ова зборуваат возачите на Ферари, Чарлс Леклер и Карлос Саинц Јр..
- Дали сте подготвени да започнете нова ера во историјата на Формула 1?
Карлос Саинц: "Подготвен!"
Чарлс Леклер: "Повеќе од подготвен!"
- Која беше главната цел на сите овие реформи?
Чарлс Леклер: "Првенствена цел е да имаме многу поинтересна битка на патеките, т.е. беше неопходно да се осигура дека возачот што е во напад, да може да се доближи многу поблиску до болидот напред.
- Дали во овој случај ќе има помала загуба на потисна сила?
Чарлс Леклер: "Мислам дека минатата година нашиот болид во таква ситуација губеше до 47% од потисната сила, а тоа е многу, а возачот може јасно го почувствува тоа."
"Оваа година задачата е следна: губењето на потисната сила во процесот на бркање на противникот да се намали на 18%. Ова значително ќе ја зголеми забавата на трките."
- Што се смени во аеродинамиката на болидите?
Карлос Саинц Јр.: "Во суштина сè. Целосно е ревидирана целата аеродинамика на болидите. Мислам дека тие ќе изгледаат многу поинаку. Се враќа ground effect, а оваа одлука е во насока на подобрување на квалитетот на трките. Веруваме дека ова ќе го олесни бркањето на противниците."
- Што е со тежината на болидите?
Чарлс Леклер: "Зголемувањето на тежината на болидот значително ќе влијае на управувањето. Ако лани болидот тежеше 752 кг, сега тежи 795. Предвидувам дека ќе биде интересно."
- Однесувањето на гумите ќе биде различно...
Карлос Саинц Јр.: "Од 13-инчни гуми Формула 1 преминува на 18-инчни, а тоа исто така треба да го олесни претекнувањето. Тие ќе ви овозможат да напаѓате поагресивно, а ова е и мерка насочена кон зголемување на забавата."
- Променет е и форматот на тркачкиот викенд: што ќе се случува во петок?
Чарлс Леклер: "Во нашиот тим ќе се појави младиот возач Роберт Шварцман, кој на две тренинг сесии ќе треба да го вози новиот болид. Се надевам дека добро ќе се снајде и ќе ни го врати болидот во едно парче! (се смее)
Карлос Саинц Јр.: "Да, Роберт, те молам држи се подалеку од бариерите во болидот со број 55!"
- Формула 1 се обидува да стане поеколошка, какви промени подготвува Шел, кој го снабдува Ферари со гориво?
Карлос Саинц Јр.: "Правилата бараат 10% етанол во горивото, што ќе помогне да се движиме во таа насока, а во иднина Формула 1 ќе станува се повеќе и повеќе еколошки одржлива. Веројатно на почетокот ќе почувствуваме одреден пад на моќта, но да се надеваме дека до крајот на годината или во иднина овие загуби ќе бидат надоместени."
- Оваа сезона ќе се појави нова трка во календарот...
Чарлс Леклер: "Да, Големата Награда на Мајами. Ќе биде многу интересно, генерално ми се допаѓаат Соединетите Држави. Американските трки се придружени со одлична атмосфера и со нетрпение ја очекувам оваа нова трка."
- Сите фанови се прашуваат дали болидите од новата генерација ќе бидат побрзи од минатата година или побавни?
Чарлс Леклер: "Нема да кажуваме многу на оваа тема, за да не им кажеме на противниците премногу информации, но ми се чини дека како што болидите стануваат многу потешки, брзините ќе се намалуваат во однос на минатата година."
Карлос Саинц Јр.: "Да, на почетокот на сезоната болидите ќе бидат побавни од лани, но мораме да запомниме дека болидите од претходната генерација се надградуваа пет-шест години, а сега треба да се справиме со целосно новa машинерија. Но, верувам дека напредокот ќе биде многу брз."
ВОЗАЧИТЕ НА ФЕРАРИ ЗА НОВАТА 2022 Ф1 СЕЗОНА
2/11/2022 01:04:00 AM
0
Share to other apps