Хас Ф1 беше првиот тим што го презентираше својот 2022 болид, дизајниран според новите аеродинамички правила, но преку серија на дигитални рендери.
Два дена пред почетокот на првата претсезонска тест сесија на патеката Каталуња во Барселона, VF-22 денес беше официјално прикажан на оваа шпанска патека. Како што забележувате вистинскиот VF-22 веќе има забележителни разлики од дигиталните рендери.
Прв зад воланот седна Никита Мазепин, а главната задача е да се провери основната работа на системите и да се решат можните проблеми пред почетокот на првата пред сезонска тест сесија. Хас ја изнајми патеката за половина ден, а потоа на сцена ќе стапи болидот на Мекларен, MCL36.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.