Како и за изминатата сезона, повеќето од нив, на прво место го ставаат тимот на Ред Бул како апсолутен фаворит за Пол позицијата и Победата на трката за Големата Награда на Бахреин, која е закажана за следниот викенд.
1. РЕД БУЛ
Очигледно, Ред Бул е во одлична форма, и по најновите аеро надградби на последниот тест ден ги презеде ловориките пред Ферари. Но, за разлика од минатите години, новата Ф1 сезона ни носи порадикални измените во прописите, така што за 2022 болидите ќе има забрзан развој во текот на целата година, а моменталните прогнози ќе важат за првите неколку трки, ако не и помалку.
Сите веќе се запознавте со главниот проблем на 2022 болидите, откриен на првиот тест ден во Барселона, и кој сè уште не е решен, вертикалното осцилирање на болидите на правците. Тимовите напорно работат на овој проблем, но засега никој не беше во можност целосно да го избегне.
Најблиску до решението се доближија во тимот на Ред Бул, па можеби со право сметаме дека го имаат најбрзиот болид на гридот. Моментално. Според гласините низ падокот болидот на Ред Бул тежи 20 килограми повеќе од минималната граница и поради тоа ја губеше брзината, но со новите надградби таа беше намалена.
2. ФЕРАРИ, МЕКЛАРЕН
За Ферари, тест сесиите поминаа без поголеми проблеми. Како што велат аналитичарите - Кога имате Ферари на патеката, можете да видите дека тоа е конкурентен болид.
Сепак, во Ферари веруваат дека Мерцедес АМГ и Ред Бул ја кријат брзината и не го покажуваат вистинскиот потенцијал на нивните болиди, но, во исто време, тие не кријат дека се многу задоволни од својот болид и дека имаат ефикасна шасија и моќна погонска едница.
Кога се во прашање ПЕ, нивниот развој ќе се стопира на спецификацијата која ќе биде пријавена пред почетокот на квалификациите во Бахреин. Можеби оваа година Ферари има шанса да се вмеша во борбата за победи, но дали за нешто повеќе времето ќе покаже.
Мекларен во Бахреин имаше два сериозни проблеми, прегревање на предните сопирачки и болеста на Даниел Рикиардо. Австралиецот не одработи ниту еден тест ден на патеката Сакир.
Во Барселона, тој имаше комплетирано повеќе круга од Ландо Норис, но Британецот ќе изгледаше многу поуморно по трите дена, ако не беа постојаните проблеми со сопирачките.
Во првите два дена тој можеше да вози само кратки стинтови, како не би ги прегреал сопирачките, а тимот дури третиот ден ги доби потребните делови за нова конфигурација која побрзо би ги ладела. Сепак, времињата од Барселона и Сакир навестуваат дека болидот има голем потенцијал, секако ако биде во можност да ја заврши трката.
3. МЕРЦЕДЕС АМГ
Доаѓаме до Мерцедес АМГ, дали нивните времиња се реални или резултат на "sandbagging". Според повеќето новинари и аналитичари покрај патеката, на лице место, нивните проблеми се вистински.
W13 e пргав и тешко се контролира, нешто што можевме да го видиме и од ТВ екраните. Е сега дали Мерцедес АМГ ќе ги има истите проблеми откако ќе започне сезоната е друго прашање.
Историски гледано, во изминатите сезони, раководните луѓе во Мерцедес АМГ секогаш имаат тенденција да "замачкуваат" очи на јавноста, но и на своите инженери, тактика која им носи повеќе новитети и подобрувања.
Луис Хамилтон: "Болидот нема да ни дозволи да се бориме за победи на првите трки, но ако го развиеме неговиот потенцијал, тогаш за неколку месеци ќе има шанса. Мислам дека на сите им е јасно дека ние не сме најбрзи. Проблемите што ги имаме не можат да се решат за една недела."
4. АЛФАТАУРИ, АЛПИН
АлфаТаури имаше релативно досадни настапи и се концентрираа кон издржливоста на новиот АТ03 и секако Ред Бул ПЕ (Хонда). Пјер Гасли значително поконстантен од младиот Јапонец, кој блеснуваше во одедени моменти.
Ако погонската единица на РБ18 му носи многу КС, тогаш и нивниот тим-ќерќа ќе има бенефиции од истата.
Тимот на Алпин вообичаено се гледа себеси во среднината на табелата и се резервирани при одговорите на прашањата поврзани со тоа дали би можеле да атакуваат на врвот на табелите.
На тест сесиите тие изгубија доста време поради проблеми со болидот и целосно новата Рено ПЕ. Признаваат дека А522 не е толку ефикасен како што очекувале. На последниот тест ден, Фернандо Алонсо беше веднаш зад Ред Бул и Ферари.
5. АСТОН МАРТИН, ХАС
Новиот болид на Астон Мартин, AMR22, изгледа многу поконкурентен од минатата година. Во однос на комплетираните кругови се меѓу водечките, а не заостануваат ни во брзина како пред една година.
Себастијан Ветел: "Се соочивме со истите проблеми како и ривалите. Посебно сакам да ги истакнам осцилациите на болидот на правците, кои се обидовме да ги намалиме што е можно повеќе."
"Новиот болид е многу потежок, а тоа го покажува и по однесувањето на патеката, има поголема инерција, и мора да се навикнете. Се надеваме дека ќе бидеме во тимовите кои ќе се борат за средната на табелата. Јас сум оптимист."
Кевин Магнусен беше вратен во тимот на Хас и без никакви подготовки за напорната сезона ќе мора повторно да се навикнува на големите сили во кокпитот. По првиот ден, тој се пожали на силна болка во вратот. Негов тимски колега е Мик Шумахер, кој при првото излегување на патеката успеа да го изврти својот болид.
VF-22 кога немаше механички проблеми имаше задоволителни резултати, а со користење на патеката во идеални услови, кога сите веќе го завршуваа тест денот забележуваше и одлични резултати. Ако ја има истата Ферари ПЕ како во тимот на Ферари, тоа би требало да ги крене неколку места на табелите.
6. АЛФА РОМЕО, ВИЛИЈАМС
Минатата година, Алфа Ромео беше меѓу лидерите на тест сесијата во Бахреин, но со новиот болид, статистиката се покажа многу полоша. Дури на четвртиот тест ден, од вкупно шест, Валтери Ботас призна дека тоа е првиот корисен ден без сериозни проблеми, но тие веќе следниот ден повторно се појавија. Во тимот на Алфа Ромео го имаме единствениот дебитант за 2022 сезоната, Гуанју Џоу.
Сепак, C42, премногу пати застануваше на патеката поради разноразни проблеми, најчесто поврзани со менувачот. Од оваа сезона тимот користи самостојно модифициран менувач на Ферари, кој треба да одговори на самостојно развиената задна амортизација.
Тимот на Вилијамс е внимателен оптимист за постигнатиот напредок, но засега немаме чувство дека може да се одвојат од групата аутсајдери.
Ретко кој може точно да ги дешифрира вистинските перформанси на секој од тимовите, особено што дури и Пирели, со комплетната телеметрија од сите болиди, не беше во можност да ја каже разликата помеѓу нивните смеши. Вистинскиот поредок на тимовите ќе го знаеме за една недела, на истата оваа патека, на која ќе се отвори 2022 сезоната со трката за Големата Награда на Бахреин.
Во вторник, техничкиот комитет на ФИА ќе зборуваме за необичното монтирање на ретровизори на болидите на Мерцедес АМГ. Повеќе тимови веруваат дека тие се користат како дополнителен аеро елемент, иако формално склопот како целина не ги прекршува правилата.
Мерцедес АМГ се консултирал со ФИА кога ги развивале ретровизорите и добиле одобрение. Останува да видиме какви и дали ќе бидат донесени одлуки, но малку е веројатно дека ќе бидат преземени какви било активности пред Големата Награда на Бахреин. Ландо Норис извозе најмногу кругови на тест сесијата во Бахреин, но разликата изминатата километража е минимална во топ 5 поредокот. Болидите на Мерцедес АМГ и АлфаТаури имаат завидна издржливост, а Мекларен, каде само Ландо Норис работеше на тестовите, го зазеде последното место во однос изминатата километража.