Секогаш очекуваме многу од последните тест денови, обично тимовите ги "отклучуваат" преформансите на нивните болиди што ни дозволува да дебатираме за можниот поредок на првите трки, но секако не и за текот на 2022 сезоната.
За разлика од минатите години, новата Ф1 сезона ни носи порадикални измените во прописите, така што за 2022 болидите ќе има забрзан развој во текот на целата година.
Главниот проблем, откриен на првиот тест ден во Барселона, и кој сè уште не е решен, е вертикалното осцилирање на болидите на правците. Тимовите напорно работат на овој проблем, но засега никој не беше во можност целосно да го избегне тој ефект.
Најблиску до решението се доближија во тимот на Ред Бул, и со новите денешни надградби РБ18 го направија доста конкурентен, ако не и најбрз болид на гридот.
Покрај тоа, новите болиди се потешки за возење, а новите гуми повеќе склони кон блокирање. Дури и на последниот ден од тестирањето, возачите беа претпазливи и не напаѓаа со полна сила во свиоците на патеката Сакир.
Добро е што првата трка од 2022 сезоната се вози на истата патека која простува вакви грешки, но само една недела подоцна е трката во Џеда, каде што бариерите се многу поблиску, а тимовите немаат многу резервни делови на располагање.
Новите правила беа донесени за да се олесни претекнувањето, а возачите потврдуваат дека тоа е навистина олеснето, но не до толкава мера како што се очекуваше.
Ниту еден од тимовите не успеа да избегне проблеми, а за некои, тие се покажаа посериозни и доведоа до одложувања на планираната тест програма.
Луис Хамилтон по завршување на сесијата рече: "Болидот нема да ни дозволи да се бориме за победи на првите трки, но ако го развиеме неговиот потенцијал, тогаш за неколку месеци ќе има шанса."
"Мислам дека на сите им е јасно дека ние не сме најбрзи. Побрзи се болидите на Ферари, потоа Ред Бул, па ние или Мекларен, не знам. Проблемите што ги имаме не можат да се решат за една недела."
Но, веќе попладнево Ред Бул направи пресврт и се стави како најсериозен конкурент за врвот. Мерцедес АМГ според комплетираните кругови е далеку пред сите.
Според гласините низ падокот болидот на Ред Бул тежи 20 килограми повеќе од минималната граница и поради тоа ја губи брзината. Денес изгледа успеаа да намалат доста од нив со новите надградби.
Хелмут Марко, консултантот на Ред Бул, изјави дека буквално секој дел треба да се намали во тежина, но овој процес е скап и бавен. И да, пит-стоповите со новите гуми се побавни.
За Ферари, тест сесиите поминаа без поголеми проблеми. Како што велат аналитичарите - Кога имате Ферари на патеката, можете да видите дека тоа е конкурентен болид.
Сепак, во Ферари веруваат дека Мерцедес АМГ и Ред Бул ја кријат брзината и не го покажуваат вистинскиот потенцијал на нивните болиди, кој ќе биде прикажан за една недела, на квалификациите за Големата Награда на Бахреин.
Но, во исто време, тие не кријат дека се многу задоволни од својот болид и дека имаат ефикасна шасија и моќна погонска едница.
Кога се во прашање ПЕ, нивниот развој ќе се стопира на спецификацијата која ќе биде пријавена пред почетокот на квалификациите во Бахреин. Можеби оваа година Ферари има шанса да се вмеша во борбата за победи.
Мекларен во Бахреин имаше два сериозни проблеми, прегревање на предните сопирачки и болеста на Даниел Рикиардо. Австралиецот не одработи ниту еден тест ден на патеката Сакир.
Во Барселона, тој имаше комплетирано повеќе круга од Ландо Норис, но Британецот ќе изгледаше многу поуморно по трите дена, ако не беа постојаните проблеми со сопирачките.
Во првите два дена тој можеше да вози само кратки стинтови, како не би ги прегреал сопирачките, а тимот дури денес ги доби потребните делови за нова конфигурација која побрзо би ги ладела.
Тимот на Алпин вообичаено се гледа себеси во среднината на табелата и се резервирани при одговорите на прашањата поврзани со тоа дали би можеле да атакуваат на врвот на табелите. На тест сесиите тие изгубија доста време поради проблеми со болидот и целосно новата Рено ПЕ.
Признаваат дека А522 не е толку ефикасен како што очекувале, но како што напредува сезоната се надеваат дека ќе го отклучат неговиот потенцијал. Но, и противниците нема да застанат во место. На последниот тест ден, Фернандо Алонсо беше трет зад Ред Бул и Ферари.
Новиот болид на Астон Мартин, AMR22, изгледа многу поконкурентен од минатата година. Во однос на комплетираните кругови се меѓу водечките, а не заостануваат ни во брзина како пред една година.
Себастијан Ветел: "Се соочивме со истите проблеми како и ривалите. Посебно сакам да ги истакнам осцилациите на болидот на правците, кои се обидовме да ги намалиме што е можно повеќе."
"Новиот болид е многу потежок, а тоа го покажува и по однесувањето на патеката, има поголема инерција, и мора да се навикнете. Се надеваме дека ќе бидеме во тимовите кои ќе се борат за средната на табелата. Јас сум оптимист."
АлфаТаури испроба нов под во обид да се ослободи од оцилирањето на болидот, но тоа само се влоши. Пресметките не се остварија, но и покрај тоа Пјер Гасли го забележа најдоброто свое време.
По пожарот на болидот на Латифи на вториот тест, тимот на Вилијамс го изгуби речиси целиот ден, но, за денес проблемот беше решен. Тимот е внимателен оптимист за постигнатиот напредок, но засега нема чувство дека односот на силите во групата аутсајдери сериозно ќе се промени.
Кевин Магнусен беше вратен во Хас, без никакви подготовки за напорната сезона и ќе мора повторно да се навикнува на големите сили во кокпитот. По првиот ден, тој се пожали на силна болка во вратот, но денес имаше дополнителен час возење даден на тимот за да им се надомести изгубеното време поради логистика.
По само 38 комплетирани круга мораше да го запре болидот, поради проблеми со истекување на течности. На попладневниот дел од сесијата зад воланот на VF-22 седна Мик Шумахер, и при првото излегување на патеката успеа да го изврти својот болид, што доведе до развејување на црвените знамиња.
Подоцна тој се врати на патеката со многу подобра внимателност што доведе и до подобри резултати. По завршување на тест сесијата, Германецот работеше уште два дополнителни часа, при тоа забележувајќи го второ најбрзо време во Бахреин.
Минатата година, Алфа Ромео беше меѓу лидерите на тест сесијата во Бахреин, но со новиот болид, статистиката се покажа многу полоша. Дури на четвртиот тест ден, од вкупно шест, Валтери Ботас призна дека тоа е првиот корисен ден без сериозни проблеми, но тие веќе следниот ден повторно се појавија.
На последниот тест ден претпладнето зад воланот на C42, седна единствениот дебитант во сезоната, Гуанју Џоу, кој комплетираше речиси две цели трки. Валтери Ботас, кој го замени по ручекот, застана на патеката на поради проблеми со менувачот, предизвикувајќи појава на црвените знамиња.
Макс Ферстапен го предводеше поредокот на последниот тест ден во болидот со шампионската единица, возејќи го апсолутно најбрзиот круг - 1:31.720.
Вистинскиот поредок на тимовите ќе го знаеме за една недела, на истата оваа патека, на која ќе се отвори 2022 сезоната со трката за Големата Наградана Бахреин.
МАКС ФЕРСТАПЕН УБЕДЛИВО НАЈБРЗ ВО БАХРЕИН
3/12/2022 08:19:00 PM
0
Share to other apps