Пред почетокот на тркачкиот викенд во Саудиска Арабија, тимот на Алпин одржа демо возење низ улиците на историскиот град Дирија. Зад воланот на Е20, обоен во тековните бои на тимот, седнаа Асел Ал Хамад, која ја претставува Саудиска Арабија во Женската комисија на ФИА, и натпреварувачкаа од Формула Ж, Аби Пулинг.
Тие станаа првите жени кои возеле Формула 1 болид во Саудиска Арабија. Дополнително, логото Visit Saudi ќе се појави на болидите на Фернандо Алонсо и Естебан Окон за време на претстојниот тркачки викенд.
Лоран Роси, извршен директор на Алпин: "Фактот што две жени возеа Формула 1 болид низ срцето на историскиот главен град на Саудиска Арабија докажува дека секој со доволно желба може да ги оствари своите мотоспорт соништа."
"Примерот на Асел покажува дека жените од различно потекло се добредојдени во мотоспортот, додека примерот на Аби покажува дека жените во мотоспортот можат да изградат вистинска кариера."
"Се надеваме дека овој настан ќе ги инспирира младите девојки и ќе им покаже дека се е можно."
Асел Ал Хамад: "Беше убаво уште еднаш да го возам болидот на Алпин, а уште поспецијално што тоа беше во мојата земја Саудиска Арабија и мојот роден град Ријад."
"Се надевам дека ова ќе инспирира повеќе генерации да се заљубат во Формула 1 и повеќе жени да го сметаат мотоспортот како идна кариера. Бев многу среќна што ја запознав Аби, прекрасна девојка со многу амбиции и неверојатна страст за тркање."
"Таа докажува дека со доволно возење, девојките можат да станат професионални возачи во трки. Важно е со овие примери да им покажеме на помладата генерација дека тоа може да биде нивна иднина, не е важен вашиот пол, треба да го покажете својот талент."
Аби Пулинг: "Го имав моето прво искуство со Ф1 болид и тоа беше се што очекував, и многу повеќе. Почнав да се тркам кога имав само осум години, секогаш со цел да стигнам до Формула 1, и многу сум задоволна што се приближив малку."
"Многу е важно мотоспорт заедницата да ги охрабри и поддржи младите девојки да ги постигнат своите амбиции. Овие програми, демо настапи со жени возачи, покажуваат дека тимовите имаат можност и структура да го направат тоа."
"Ми беше задоволство да се сретнам со Асел и да слушнам за сите нејзини иницијативи за поддршка на младите возачи. Тоа е супер охрабрувачки за мене и за следната генерација."
ДВЕ ЖЕНИ ВО Ф1 БОЛИД НИЗ РИЈАД
3/24/2022 01:42:00 PM
0
Share to other apps