Петтото место на Кевин Магнусен во Бахреин беше најдобриот резултат на Хас од Големата Награда на Австралија во 2019 година, кога Магнусен заврши шести.
Данскиот возач е уверен дека оваа година, под одредени околности, т.е. хаотични трки, ако брзината на болидот остане на нивото од Бахреин, тие имаат шанса за Топ 3 пласман.
Кевин Магнусен: "Ако сме зад најбрзите три тима, Мерцедес АМГ, Ферари или Ред Бул, тогаш сте први на листата на претенденти за подиумот доколку нешто им се случи на лидерите. Не мислам дека во блиска иднина ќе ја зголемиме брзината што ќе ни овозможи да се натпреваруваме за пласман на подиумот, но ќе настојуваме да ја покажуваме истата форма како во Бахреин, т.е. да бидеме лидери на средината. Тоа е нашата цел."
"Ваквите позиции ни го отвораат патот до подиумот доколку лидерите имаат проблеми, а среќата биде на наша страна. Сонувам за тоа, но не очекувам дека ќе се случи пласман на подиумот, бидејќи моментално нашето темпо не ни дозволува да сметаме на место во првите три. Сепак, сонувам за подиумот."
Гинтер Штајнер, тимскиот шеф на Хас дели слично мислење: "Се надевам дека еден ден ќе бидеме на вистинското место во вистинско време, но не знам дали ќе ја имаме таа среќа! Во изминатите две години неколку помали тимови завршија во Топ 3 пласман, на изненадување на сите. Ако добиеме шанса, можеби ќе ја искористиме. Тоа би било одлично."
ХАС СОНУВА ЗА ПЛАСМАН НА ПОДИУМОТ
3/24/2022 08:13:00 PM
0
Share to other apps