Најбрзото време на првиот тренинг за Големата Награда на Саудиска Арабија го забележа Чарлс Леклер со најмеката смеша, т.е црвените гуми на Пирели, а веднаш зад него со минимално заостанување од десетинка беше Макс Ферстапен, но, неговото време беше забележано рано во сесијата и на белите гуми.
Како што беше највено, во Џеда не беше премногу топло, но дуваше умерен ветер, со оглед дека патеката е на самото крајбрежје. Претпладневниот тренинг во Формула 2 заврши пред предвиденото поради два посериозни инциденти, но во Формула 1 се помина во ред.
Сесијата беше прекината со црвени знамиња во 17-тата минута, поради тоа што беше неопходно да се отстранат фрагментите од стиропорната плоча со ознака 50, која беше прегазена од Ландо Норис. Паузата траеше десет минути.
Пред тоа, Кевин Магнусен мораше во својата гаража поради проблеми со хидрауликата, по што го предаде болидот на своите механичари и повеќе не излезе назад на асфалтот.
Повеќе возачи ги блокираа предните тркала, некои дури и имаа блиски средби со заштитните бариери, но ништо посериозно по нивните болиди.
Истото што важеше за Бахреин, во игра е и на оваа патека, резултатите од Т1 и T3 не се премногу релевантни, најважен е Т2 за откривање на вистинскиот потенцијал на тимовите. Вториот тренинг започнува од 18:00 часот по македонско време.
Непотврдена вест:
За време на првиот тренинг, Макс Ферстапен преку тимското радио пријави дека мириса на изгорено. Се дознава дека проектил паднал врз штабот на Арамко на неколку километри од патеката Џеда.
ЧАРЛС ЛЕКЛЕР НАЈБРЗ ВО ЏЕДА
3/25/2022 04:51:00 PM
0
Share to other apps